Топ-100

ⓘ Free online encyclopedia. Did you know? page 119




                                               

Гробница за Борис Давидович

Гробница за Борис Давидович - збирка раскази на српскиот писател Данило Киш од 1976 година. Книгата содржи седум раскази со поднаслов "Седум поглавја на една заедничка повест".

                                               

Леворака жена

Леворака жена - кус роман од германскиот писател Петер Хандке. Романот бил напишан во Париз, во текот на зимата и пролетта 1976 година, а првото издание било објавено од страна на издавачката куќа "Suhrkamp Verlag" од Франкфурт на Мајна во 1976 г ...

                                               

Проштален валцер

Проштален валцер - роман на чешкиот писател Милан Кундера. Романот бил завршен во 1972 година, во времето кога Кундера сè уште бил во Чехословачка, но првпат бил објавен дури во 1976 година, во превод на француски јазик.

                                               

Употреба на човекот

Употреба на човекот - роман на српскиот писател Александар Тишма, првобитно објавен во 1976 година. За овој роман, во 1977 година, авторот ја добил НИН-овата награда за роман на годината.

                                               

Дванаесет годови

Дванаесет годови - збирка раскази на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ. Расказите најпрвин биле објавени како додаток на списанието "Књижевна реч" бр. 33 од јануари 1975 година, под насловот "Девет годови", а во 1977 година биле објавени как ...

                                               

Демократијата во дефицит

Демократијата во дефицит: Политичкото наследство на лордот Кејнз - книга на американските економисти Џејмс Бјукенен и Ричард Е. Вагнер од 1977 година.

                                               

Смртта на господинот Голужа

Централно место во збирката зазема истоимениот расказ: На патот до морето, господинот Голужа случајно застанува во непознат мал град, каде веднаш го привлекува вниманието на жителите. Еден ден, тие го испитуваат за причината на неговиот престој в ...

                                               

Вест Ауст

Дејството на романот се одвива на еден мал остров со име Филип Ајланд во земјата под екваторот, прикриена со кратенката "Вест Ауст". Островот е сопственост на Македонецот Димитар Ангелов алијас Џими Змијата и неговата жена Ана Миладинова, двајцат ...

                                               

Жени (роман на Буковски)

Романот се состои од 104 поглавја. Глава 1 - 29: Хенри Хенк Кинаски е маж на околу 50 години, релативно познат поет и алкохоличар, кој веќе четири години немал сексуални односи со жена. За време на едно поетско читање, тој ја запознава привлечнат ...

                                               

Сокол ми лета високо (книга)

Сокол ми лета високо - книга на Ѓорѓи Доневски со револуционерна и лирска народна поезија од Егејска Македонијаскиот крај. Книгата е објавена во 1978 година од Културно-уметничкото друштво "Гоце Делчев".

                                               

Ако една зимска ноќ некој патник

Романот се состои од следниве делови: VIII: Во оваа глава се дадени извадоци од дневникот на прославениот писател Сајлас Фланери во кој го опишува незадоволството од својот начин на пишување и желбата да се оддели од своето Јас и да напише сосема ...

                                               

Бавно враќање дома

Романот се состои од три дела: Закон: Најпрвин, Зоргер оди во едно мало место во Карпестите Планини, со намера да го посети својот другар, но таму дознава дека тој штотуку починал. Зоргер оди во мртовечницата, а потоа се качува на планината, каде ...

                                               

Книга за смеата и за заборавот

Книга на смеата и заборавот е роман на чешкиот писател Милан Кундера, пишуван од 1976 до 1978 година, а првпат објавена во 1979 година, на француски јазик. Овој роман е првата книга на Кундера по неговата емиграција.

                                               

Центурија (роман)

Центурија, сто мали романи-река - роман на италијанскиот писател Џорџо Манганели, составен од 100 кратки раскази, означени со природните броеви од еден до сто. За првпат, романот бил објавен во 1979 година од издавачката куќа "Рицоли". Истата год ...

                                               

Името на розата

Шестиот ден: За време на една богослужба, Малахија паѓа мртов, а Вилијам утврдува дека и тој има црн јазик. Од стакларот Никола, Вилијам дознава за сплетките што се случувале во манастирот во минатото, за незадоволството на италијанските калуѓери ...

                                               

Пиреј (роман)

За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување. Пиреј - македонски роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски, првобитно издаден во 1980 година. За кратко време, тој станал еден од најчитаните македонски романи во поноват ...

                                               

Пристапни обреди (роман)

Во 1980 година, романот ја освоил "Букеровата награда", најпрестижната британска книжевна награда. Со својата повеќезначност, сложена структура и преку спојувањето на митот и реалноста, книгата ја истражува врската меѓу човекот и заедницата. Смес ...

                                               

Стојна ситноода

Стојна ситноода: Лирски народни песни од Охридско - книга на Блаже Тренески со лирска народна поезија од охридскиот крај. Книгата е објавена во 1981 година од издавачката куќа НИО "Студентски збор" од Скопје, а во рамките на библиотеката "Културн ...

                                               

Хроника на една најавена смрт

Во книгата, раскажувачот авторот ги опишува околностите кои довеле до убиството на Сантјаго Насар, богато момче на возраст од 21 година. Убиството се случило во едно село на Карибите, а нему му претходела свадбената прослава на Бајардо Сан Роман ...

                                               

Опис на смртта

Збирката се состои од три циклуси раскази: "Прво лице", "Трето лице" и "Без лица". "Прво лице" 1974 "Големиот бунт во нацистичкиот логор во Штулн" "Кино" "Мама" "Евангелие по мојот татко" "Влага" "Есеи" "Недовршен ракопис" "Прошетки крај реката" ...

                                               

Плескање на слугинката

Плескање на слугинката е кус роман на американскиот писател Роберт Кувер од 1982 година. Романот е објавен на македонски јазик во 2007 година, во превод на Ирена Цветковиќ, а во издание на "Темплум".

                                               

Споменка (книга)

Споменка - роман на македонскиот писател Горјан Петревски. Книгата била напишана во селото Мренога, во периодот од 1972 до 1974 година, а првпат била објавена во 1982 година.

                                               

Шунка на ржан леб

Шунка на ржан леб или Сендвич со шунка - роман на американскиот писател Чарлс Буковски од 1982 година. Романот ги опишува детството и младоста на измислениот лик Хенри Кинаски, а дејствието се случува во Лос Анџелес, во текот на 1920-тите и 1930- ...

                                               

Енциклопедија на мртвите

Збирката се состои од девет раскази: "Книга на кралевите и будалите" Књига краљева и будала "Црвени марки со ликот на Ленин" Црвене марке с ликом Лењина "Славно е да се умре за татковината" Славно је за отаџбину мрет "Енциклопедија на мртвите" Ен ...

                                               

Лекции за шаховската стратегија

Лекции за шаховската стратегија е шаховска книга од советскиот шахист и шаховски учител, Александар Кобленц. Делото е шаховски учебник, составен од шаховски лекции за различни елементи од шаховската игра, кои се објаснети не само преку анализа на ...

                                               

Пијанистка (роман)

"Пијанистка" е најпознатото дело на Јелинек во кое таа дава портрет на една жена распната меѓу репресивното општество и нејзините најдлабоки желби. Во оваа бескомпромисна книга се испреплетуваат насилството и сексуалноста, а описите се богати, на ...

                                               

Зора зад аголот (роман)

"Зора зад аголот" - роман од македонскиот писател Димитар Солев. Првото печатено издание било објавено во 1984 година. Жанровски погледнато, ова романескно остварување припаѓа на т.н. "модернистичка струја" во современата македонска книжевност. С ...

                                               

Меѓата на светот

Меѓата на светот - збирка со куси раскази на македонскиот писател Митко Маџунков. Првобитно, книгата била објавена на српски јазик, во 1984 година, од издавачката куќа "Просвета" од Белград, во рамките на библиотеката "Современа проза", а следнат ...

                                               

Белата тврдина (роман)

Романот се состои од пролог и 11 глави. Во прологот, потпишан од Фарук Дарвиноглу, е опишано наоѓањето на еден стар ракопис во градот Гебзе, во 1982 година. Притоа, авторот во ракописот се раскажува за заедничкиот живот на еден венецијански роб и ...

                                               

Како да се стане велемајстор

Како да се стане велемајстор е шаховска книга, дело на познатиот советски шахист Александар Котов. Книгата е издадена посмртно во 1985. Ова дело е едно од првите, кое се насочува кон испитување на методите на решавање на проблемите на шаховската ...

                                               

Куфер (роман)

Романот се состои од предговор и осум раскази: Кошула од пуплин: На денот на изборите, во станот на авторот дошла млада девојка - Елена со задача да го одведе на гласање. Меѓутоа, тие заминале во ресторан и така двајцата го пропуштиле гласањето, ...

                                               

Фо

Романот се состои од четири дела: Сузан и Петко пристигнуваат во Англија. Таа го запознава писателот Фо кому му раскажува за престојот на островот, барајќи од него да напише книга. Сузан работи како слугинка и се грижи за Петко, кој е мрзелив и н ...

                                               

Сега Маркус

Сега, сега, Маркус или, "Ми треба птица" - роман за деца од австрискиот автор Мартин Ауер, првпат објавен во 1988 година на германски како "Bimbo und sein Vogel". Илустрирана била од германскиот уметник Симоне Клагес. Изворното дело било преведен ...

                                               

Бездомници

Книгата е објавена во 1989 година, во издание на издавачката работна организација "Култура" од Скопје, во библиотеката "Современи македонски автори". Книгата е со обем од 20 сантиметри и има 141 страница. Авторот ја посветил книгата на неговите р ...

                                               

Улица - врвулица

Улица - врвулица е илустрирана книга од 1989 година, издадена од "Детска радост" како дел од библиотеката "Росица". Илустрациите во книгата ги направил Душан Петричиќ. Сликовницата обработува теми од сообраќајното воспитување на децата и таа била ...

                                               

Кадиш за нероденото дете

За време на престојот во еден хотел, каде се одржува средба на интелектуалци, еден писател и преведувач авторот раскажува во прво лице еднина оди на прошетка во околната шума и го среќава филозофот д-р Облат. Тогаш, филозофот започнува разговор в ...

                                               

Леб и страв

Леб и страв - кус роман на српскиот писател Милисав Савиќ, првобитно објавен во 1991 година. Романот бил награден со НИН-овата награда, но една недела подоцна Савиќ ја вратил наградата, откако во списанието "НИН" се појавил текст во кој биле напа ...

                                               

Лотосова метаморфоза

Книгата е објавена во рамките на библиотеката "Современа македонска поезија". Рецензенти биле Љупчо Димитровски и Санде Стојчевски. Ликовно-графичкото уредување е дело на Никола Симовски, а нацртот на корицата и илустрациите ги направила Сања Тре ...

                                               

Крајот на историјата и последниот човек

Крајот на Историјата и последниот човек е книга од Френсис Фукујама објавена во 1992 година, и претставува дополнување и проширување на неговиот есеј Крајот на историјата?, објавен во The National Interest во 1989 година. Во оваа книга, Фукујама ...

                                               

Метод на подготовка за натпреварувања

Метод на подготовка за натпреварувања е шаховска книга од познатиот советски и руски велемајстор, поранешен светски првак во шах, шаховски учител и автор Михаил Ботвиник. Книгата е напишана во 1992 година и претставува збирка на материјали кои го ...

                                               

Сентиментална историја на Британското царство

Сентиментална историја на Британското царство - книга на српскиот писател Борислав Пекиќ, објавена посмртно во 1992 година. Таа настанала врз основа на серијата предавања што ги одржал Пекиќ на радиото BBC од пролетта 1988 до пролетта 1991 година ...

                                               

Сепак возможно

Книгата е објавена во рамките на библиотеката "Современа македонска поезија". Рецензенти биле Братислав Ташковски и Санде Стојчевски. Ликовно-графичкото уредување е дело на Никола Симовски, а графичкиот дизајн на корицата е дело на Митко Поповски ...

                                               

Социологија на македонската национална свест

Социологија на македонската национална свест - обемно дело на македонскиот социолог Славко Милосавлевски, издадено во два тома и посветно на социолошкиот развиток на националната свест на Македонците. Самото дело од социолошки аспект и дефинирање ...

                                               

Џез (книга)

Романот е страсна приказна за љубовта и опсесијата, проткаена со жестоки емоции. Зимата 1926 година, Џо Трејс, средовечен продавач на козметички производи, ја убива својата млада љубовница. За време на погребот, Виолета, сопругата на Џо, го напаѓ ...

                                               

Пред да кажеш ало

Збирката содржи раскази од повеќе периоди од творештвото на Калвино: Апологии и раскази Apologhi e racconti 1943-1958 Еден убав мартовски ден Љубов далеку од дома Племето што гледа во небото Совест Големи риби, мали риби Генерал во библиотеката В ...

                                               

Судбина и коментари

Судбина и коментари - роман на српскиот писател Радослав Петковиќ од 1993 година. За ова дело, авторот ги освоил НИН-овата награда, наградата "Меша Селимовиќ", наградата на "Борба" и наградата на Радиото Б92 за роман на годината.

                                               

Во потпалубата

Во потпалубата: Cloaca maxima, сапунска опера, книга 1 - роман на српскиот писател Владимир Арсенијевиќ, првобитно објавен од издавачката куќа "Рад" во 1994 година. За ова дело, авторот ја добил НИН-овата награда за роман на годината.

                                               

Насмеани очи

Книгата е објавена од книгоиздателството "Ѕвезда" од Скопје, во рамки на библиотеката "Ѕвездички". Рецензенти на ова издание се: Глигор Стојковски и Мишо Китаноски. Книгата има 80 страници, со димензии од 20 сантиметри. Таа е каталогизирана во На ...

                                               

Зајко Ангстром: Тетралогија

"Зајко Ангстром: Тетралогија" - серијал од четири романи на американскиот писател Џон Апдајк во кој се следи животот на книжевниот лик Хари Ангстром, наречен Зајко. Серијалот бил дефинитивно заклучен со новелата "Сеќавање на Зајко" од 2000 година.

                                               

Францускиот тестамент

Францускиот тестамент – роман на францускиот писател Андреј Макин со автобиографска инспирација, издаден на 6 септември 1995 година во "Меркир де Франс". Истата година, романот ги освоил Гонкуровата награда, Гонкуровата награда за гимназијалци и ...