Топ-100

ⓘ Free online encyclopedia. Did you know? page 571




                                               

Брлево

Селото било планинско, сместено североисточно од Гевгелија, меѓу селата Серменин и Кованец, крај устието на Брлевска со Кованска Река. Денес местото се наоѓа во североисточниот дел на атарот на Серменин, близу атарската граница со Кованец.

                                               

Букри

Букри - историско село, сместено во Пелагонија, југоисточно од Битола, на реката Црна меѓу Долно Егри и Брод. Селото било раселено и на негово место биле создадени водните акумилации "Букри 1" и "Букри 2". Атарот на ова село денес се води под сел ...

                                               

Вардар Чифлик

Во XIX век Вардар Чифлик ѝ припаѓал на Штипска каза. Според статистиката на Васил К’нчов "Македонија. Етнографија и статистика" во 1900 г. селото имало 90 жители, сите Македонци. Населението потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. В ...

                                               

Вишово

Вишово било сместено северозападно од Охрид, во планината на патот за Струга, во атарот на селото Оровник кон оној на Долно Лакочереј, над месноста Кулиште. Денес мештаните местото го нарекуваат Вишо од Вишево > Вишово > Вишоо > Вишо.

                                               

Влахчани

Во 1859 г. Јордан Хаџи Константинов-Џинот напишал дека Влахчани е село со 10 куќи, сите Турци. Според "Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника" во 1873 г. Влахчани Vlahtchani е наведено како село со 6 домаќинства и 12 жители Мак ...

                                               

Влашци

Во 1468 г. селото било мулк имот на извесен Мурат. Заведени се жителите Никола, син на Мано; Радоја, син на Боѓол; поп Петре; Томко или Думко, зет на Васил; Јован, син на Томко; Дујко, сиромав; Димитри Приезда; Миле, син на Стале; Радан, сиромав; ...

                                               

Габавци

Селото се наоѓало северозападно од Охрид, на Габавскиот Рид, на патот кон Струга, денес во атарот на Долно Лакочереј. Месноста и денес да се нарекува Габавци.

                                               

Глобица

Селото било сместено во Осогово, на десниот брег на Злетовска Река, меѓу селата Ратавица од север и Трипатанци од југ. Денес месноста е популарно одморалишно место.

                                               

Големо Мраморани

Селото се наоѓало на околу 10 км северозападно од Прилеп и околу 3 км северно од селото Мажучиште, во подножјето на планината Негре. Пред распадот на Отоманското Царство тоа било напуштено, жителите иселени, главно во селото Бело Поле, но и во се ...

                                               

Градиште (Кавадаречко)

Градиште - историско село во Кавадаречко, чиј атар денес потпаѓа на селото Конопиште во состав на Општина Кавадарци. Во XIX век, Градиште е дел од Рожденската нахија на Тиквешка каза на Османлиската империи. Според Васил К’нчов во 1900 Градишта и ...

                                               

Добромирово

Добромирово се наоѓало во областа Железник, во источните пазуви на Илиница дел од Бигла, западно над селото Слепче и северно над Слепченскиот манастир. На ова место денес е манастирот Добромирово со црквата "Пресв. Богородица Балаклија", наречена ...

                                               

Драгомирово

Селото се наоѓало во Струмичкото Поле на патот Струмица - Берово, меѓу селата Дабиље и Петралинци. Низ местото поминува реката Турија, околу 1.5 км од нејзината растока со р. Азмак. Пподрачјето на некогашното село денес е во атарот на с. Босилово.

                                               

Завојско

Селото се наоѓало во областа Горна Река, источно од Тануше. Лежело крај Завојскиот Поток, на свиокот на патот кон Жировница. Оттука веројатно му доаѓало името.

                                               

Ивање

Ивање - планински и топографски предел во Македонија, во кањонот Матка на реката Треска, недалеку од Скопје. Името потекнува од некогашното истоимено село, кое се сретнува во средновековните извори како село во посед на манастирот Свети Андреја.

                                               

Јазирци

Јазирци - историско село, сместено високо на планинскиот масив на Скопска Црна Гора. Селото Јазирци се наоѓало на планината Скопска Црна Гора северно и над селата Раштак, Љуботен и Љубанци. Денес низ месноста тече Јазирска Река, а атарот е поделе ...

                                               

Јасеново

Селото е сместено во северните падини на планината Бабуна, на 2 километри источно од патот Прилеп-Велес, јужно од селото Владиловци и денес лежи во неговиот атар. Во некогашниот атар на историското село Јасеново, работи истоимената специјална бол ...

                                               

Калин Камен

За други значења на поимот Калин Камен, видете на појаснителната страница Овци на езерце, на местото на некогашното село Калин Камен - историско влашко село на планината Осогово, североисточна Македонија. Се наоѓало на територијата на Општина Кри ...

                                               

Клекоперци

Клекоперци или Кракоперци - историско, одамна напуштено село на два километри североисточно од денешното село Шелеверци, сместено во долот кон местото Комарчани.

                                               

Крагуево

Крагуево се наоѓало во областа Долни Железник, меѓу селата Мургашево денес дел од Д. Хисар на североисток и Стругово на југозапад, Кутретино на исток и Загориче на југ. Низ селото поминувала река која била притока на Црна

                                               

Крњевци

Селото било сместено на 3 км североисточно од с. Судик, во јужното подножје на планината Манговица. Денес местото се допира со атарот на Трооло, Општина Пробиштип.

                                               

Кукуричани

Кукуричани - месност и железничка станица на меѓународната железничка пруга Скопје - Гевгелија - Солун и историско село сместено во средното Повардарие, на десниот брег на реката Вардар. Според кажувањата на жителите на околните села, селото Куку ...

                                               

Липјан

Познато е дека селото постоело уште од средниот век, и сè до неговото иселување било населено со Македонци. Во турските документи од 1467-68 г. се спомнува како село со 12 семејства, под надлежност на молк лице со воени заслуги. Во 1795 г. е спом ...

                                               

Мелница (Прилепско)

За други значења на поимот Мелница видете на појаснителната страница Мелница - поранешно село на територијата на Општина Прилеп, Македонија, денес во атарот на с. Полчиште.

                                               

Метимирци

Метимирци се наоѓало во областа Железник, на десниот брег на Црна Река, спроти селото Света, во место обраснато со лескова шума, наречено Леска, Широка Леска, Тумбица или Тумба Бакре.

                                               

Мишино

Во септември 1910 година, селото настрадало во разоружувачка акција на младотурците и 96 жители на Мишино и Долги Дол пребегале во Бугарија. Во Првата балканска војна, 1 лице од селото било доброволец во Македонско-одринските добороволни чети.По ...

                                               

Млаки

Млаки - историско село на територијата на Општина Брвеница. Местото се наоѓа на атарската граница меѓу селата Милетино и Челопек, во месноста денес наречена Млака.

                                               

Моклиште (село)

Моклиште - историско село во Кавадаречко, на 6 км југоисточно од Кавадарци, во непосредна близина на селото Ваташа, на десниот брег на реката Луда Мара.

                                               

Мрамор (село)

Селото се наоѓало во областа Раец, десниот брег на реката Раец, западно од с. Раец. Денес е сместено на планинска падина во северниот дел на атарот на Голем Радобил, Општина Прилеп.

                                               

Мушанци

Мушанци се наоѓало на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Градско на исток од него. Денес местото му припаѓа на атарот на с. Џидимирци чиј атар е делумно во Општина Градско, но претежно во Општина Неготино.

                                               

Наово

Наово - историско село во атарот на с. Идризово територијата на денешна Општина Гази Баба, во југоисточниот дел на Скопскиот Регион. Денес местото се наоѓа близу границите на општините Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром. На местото на селото денес ...

                                               

Нов Чифлик (Кумановско)

Селото било сместено во котлината Блатија на десниот брег на реката Пчиња, недалеку од Костурник и неколку километри северно од Горно Коњаре, чиј атар денес го опфаќа неговото подрачје.

                                               

Ново Село (штипска населба)

Ова е статија за населбата до градот Штип. Да не се меша со истоименото село во јужниот дел на Општина Штип. Ново Село - населба во градот Штип и многу познато некогашно село.

                                               

Оризари (Скопје)

Оризари во постарата литература познато како Сарајско Оризаре - историско село и современа скопска населба на територијата на Општина Ѓорче Петров. Името го добила по бројните оризови полиња во селото. Населбата се наоѓа помеѓу населбите Ѓорче Пе ...

                                               

Отушиште

Отушиште се наоѓало во Долен Полог - северниот дел на Полошката Котлина, веднаш од левата страна на патот Тетово - Јажинце, на 10 км северно од Тетово. Селото денес е споено со Теарце, кое е на југозапад.

                                               

Пештерица (село)

Крај Пештерица е откриена ранонеолитска населба. На брегот на денешниот браната е откриена римска вила од III - IV век во која се пронајдени монети од Константин I Велики до Теодосиј I Велики. Селото се споменува во турските пописни дефтери од 14 ...

                                               

Писокал

Писокал - историско село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешната општина Прилеп. Се наоѓа на атарот на селото Кален. Селото било расположено на преминот меѓу Дрен Планина од север и Селечка Планина од југ, меѓу селата Бонче и К ...

                                               

Побрегово

Селото се наоѓало во областа Трнова во Бојмија, на неколку километри североисточно од градот Богданци во правец на Стојаково. Низ месноста тече повремениот водотек Побрешка Река.

                                               

Полошко

Полошко - историско село во Кавадаречко Мариово, чиј атар денес е поделен на селата Бегниште и Праведник. Селото било најпознато по Полошкиот манастир. Селото се наоѓало во источниот дел на Мариово, на десниотбрег на реката Црна. Во дарението од ...

                                               

Ратковица

Ратковица - историско село кое постоело како посебна населба сè до 1920 г. Поради низа зулуми од Турците и партиските поделби од таа година е припоено кон соседното село Шталковица.

                                               

Реч

Реч - историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како "Албанци".

                                               

Сејдилија

Сејдилија - историско село во областа Јуруклак, денес во атарот на селото Оџалија, Општина Карбинци, Македонија. Денес, во месноста има пасишта.

                                               

Смолево

Смолево - историско село, сместено на планината Баба, југозападно од Битола, помеѓу селата Лавци и Буково. Атарот на ова село денес се води под селото Лавци. Со текот на времето ова село се раселило и денес на селскиот атар постојат црква, археол ...

                                               

Стајковце

Стајковце - историско село на територијата на Општина Желино. Местото се наоѓа во источниот крај на атарот на с. Требош, во месноста денес наречена Стојковци.

                                               

Стрезимир

Стрезимир - историско село во областа Горна Река, денес во атарот на селото Бродец, Општина Гостивар. Денес, во месноста се наоѓа караулата на граничната полиција и е почетна точка за планарските друштва за искачување на Кораб. Жителите биле Маке ...

                                               

Трница

Трница - историско село во областа Горна Река, денес во атарот на селото Волковија, Општина Маврово и Ростуше. Денес, во месноста се наоѓа обновениот мотел "Кораб Трница", кој бил препознатлив по својот качамак, и споменикот на паднатите борци од ...

                                               

Тројани

Селото било сместено во планинска местост на Вишовскиот Рид Вишо, источно од с. Оровник, која и денес се нарекува Тројани. По раселувањето на селото, земјиштето му е поделено меѓу атарите на Оровник, Горно Лакочереј и Вапила. Како оставнина од се ...

                                               

Трстеник (Крушевско)

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Битолската каза. Според Стојан Романски, Трстеник бил основан на Власи, преселени од Москополе Албанија и некои села во Епир. Главно занимање на населението било калајџиството. Во "Етнографија на Адријанопол, Мона ...

                                               

Чагор

Селото се наоѓало во областа Пелагонија, на надморска висина од 800 м крај Чагорска Река, лева притока на Шемница. Било оддалечено на 20 северно од Битола и на 2 км северно од Лопатица. Лежело на местото веднаш над регионалниот пат Битола - Демир ...

                                               

Чебрен

Чебрен - историско село во Мариово, чиј атар денес потпаѓа на селото Зовиќ во состав на Општина Новаци. Селото е познато по Чебренскиот манастир и по хидроелектраната во изградба. Според археолошките пронајдоци во селото, се смета дека тука се на ...

                                               

Ченгел (село)

Селото се наоѓало на источната падина на Селечка Планина, источно од Битола, меѓу селата Паралово на северозапад, Ивени на североисток, Гнилеш на југозапад и Полог на југоисток. Денес местото е во атарот на Гнилеш.