Топ-100

ⓘ Free online encyclopedia. Did you know? page 60




                                               

Сврзно ткиво

Сврзното ткиво е животинско ткиво чијашто основна улога е потпора и заштита на органите. Тоа исто така ги поврзува останатите клетки и ткива во организмот. Сврзното ткиво е составено од три компоненти: Основна супстанција матрица Сврзни влакна и ...

                                               

Целулит

Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода. Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничињ ...

                                               

Јадрена обвивка

Јадрената обвивка ја одделува содржината на клеточното јадро од цитоплазмата и дава структурна поддршка на јадрото. Јадрената обвивка делува како препрека за проток на молекули меѓу јадрото и цитоплазмата, што го прави истото посебен биохемиски о ...

                                               

Јадренце

Во клеточна биологија, јадренцето е топчесто телце, изградено од протеини и РНК. Бројот на јадренца во клетките е различен, но најчесто се едно до две. Во јадренцето се синтетизира рибозомалната РНК. Јадренцето е често со сферен облик, окружено с ...

                                               

Јајце клетка

Јајце клетката е женската гамета. Се среќава кај животните и кај семените растенија. Кај дефинитивно оформената јајце клетка се разликуваат: јадро кое сега се нарекува Vesicula germinata, клеточна мембрана која се нарекува Zona pellucida и јадрен ...

                                               

Кариогамија

Кариогамијата е фаза од половото размножување во која има спојување на родителските јадра. Општо земено тоа се хаплоидните јадра од сперматозоидот и јајце клетката, по што следи образување на диплоидното јадро на зиготот. Овој процес не се одвива ...

                                               

Клетка

Клетка - основна структурна и функционална единица на сите живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го употребил англискиот научник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и тоа едноклеточните од една, а мн ...

                                               

Клеточна мембрана

Клеточната мембрана или плазмалема ги обвива клетките ги одделува од околната средина. Таа е многу тенка и се забележува само под микроскоп. На електронски микроскоп клеточната мембрана покажува трислојна градба, бидејќи е изградена од два темни ...

                                               

Леукопласт

Леукопластите се пластиди кои не содржат пигменти, односно тие се безбојни. Според димензиите, тие се најмалите пластиди, а по форма најчесто се округли, односно леќовидни, поретко се издолжени вретеновидни или јајцевидни, додека во состојба на а ...

                                               

Протоплазма

Протоплазмата е живата содржина на клетката. Нејзиното име е изведено од грчкиот збор protos, што значи прв. Протоплазмата е специјална материја која не се содржи во неживата природа. Неа ја сочинуваат многубројни органски и неоргански материи. О ...

                                               

Хромопласт

Хромопластите се пластиди кои имаат само каротеноидни пигменти. Се нарекуваат и каротеноидопласти. Во согласност со нивниот состав, тие се жолти или портокалово - црвено обоени пластиди. Тие ја даваат бојата на венечните листови кај многу цветови ...

                                               

Цитоплазма

Цитоплазмата ја претставува основната маса на протоплазмата, односно под цитоплазма се подразбира целиот жив материјал на една клетка, но без јадрото. Набљудувана под светлински микроскоп со помало зголемување, таа изгледа како еднородна хомогена ...

                                               

Список на планетарни системи

Ова е список на 53-те планетарни системи, вклучувајќи го Сончевиот Систем, подредени по оддалеченост од матичната ѕвезда. Табелата содржи информации за координатите, спектралните и физичките својства и бројот на потврдени планети. Двете најважни ...

                                               

Виши габи

Dikarya е потцарство на габи кое ги вклучува типовите на торбести и столпчести габи, чии претставници произведуваат дикариони и можат да бидат филаментозни или едноклеточни, но се секогаш без камшичиња. Габите од Dikarya се најмногу од т.н. виши ...

                                               

Волчји вргањ

Волчји вргањ, не е јадлив и е вргањ од родот. Првично опишан од Елиас Магнус Фрис во 1838 година како вид на Вргањ, тој бил пренесен во 2015 година, род ограничен за да биде домаќин на други сојузнички црвено-обоени, со сини-дамки видови вргањи к ...

                                               

Гломеромикоти

Гломеромикотите составуваат еден од седумте моментално признати типови на габи со приближно 230 видови. Членовите на овој тип образуваат арбускуларна микориза со корењата или талусите на сувоземните растенија. Geosiphon pyriformis образува ендоци ...

                                               

Дикарион

Дикарион - парни зближени хаплоидни јадра во клетките кај некои живи организми, и тоа првенствено кај габите од потцарството Dikarya. Дикарионските структури се плезиоморфна карактеристика на потцарството Dikarya, кое ги вклучува торбестите и сто ...

                                               

Зигомикоти

Зигомикотите се тип на габи. Името доаѓа од зигоспорангиите во кои се образуваат отпорни сферични спори за време на половото размножување. Познати се приближно 1060 видови. Тие се најчесто сувоземни организми, живеејќи во почва или на растителна ...

                                               

Јајчарка

Јајчарка е вид на печурка. Јајчарката е печурка која се конзумира и може да се пронајде во јужна Европа и Северна Африка. Иако научно била опишана во 1772 година од Џовани Антонио Скополи, печурката била познат деликатес меѓу водечката елита на Р ...

                                               

Квасец

Квасците се еукариотски, едноклекточни микроорганизми класифицирани како членови на царството габи. Првите квасци се појавиле пред милиони години, и моментално се идентификувани 1.500 видови. Се смета дека сочинуваат 1% од сите опишани видови на ...

                                               

Печурка

Печурка е животна форма на габата чиешто плодоносно тело расте над земјата и се состои од дршка и шешир, мицелијум се наоѓа во подлогата. Доколку меснатиот шешир со порите, тогаш говорејќи за вргањите, а доколку расатат по дрвата, тогаш се рупича ...

                                               

Столпчести габи

Столпчестите габи или базидиомицети образуваат тип или оддел на габи кој содржи околу 30 000 опишани видови, што е 37% од опишаните видови на прави габи. Најпознати столпчести габи се тие кои произведуваат печурки, кои се репродуктивни структури. ...

                                               

Торбести габи

Торбестите габи или Ascomycota се монофилетски габи кои сочинуваат околу 75% од сите опишани габи. Во оваа група се вклучени повеќето од габите кои се комбинираат со алгите за да формираат лишаи, како и оние кај кои нема морфолошки докази за поло ...

                                               

Азиски лав

Азиски лав е подвид на лав, вид на цицач од редот на ѕеверови и семејството на мачки. Азискиот лав е една од петте големи мачки кои ја населуваат Индија, а другите се Бенгалскиот тигар, индискиот леопардот, снежниот леопард и облачен леопард. Ази ...

                                               

Азиски слон

Азиски слон или индиски слон е единствениот вид во родот и еден од трите современи видови слонови. Тој е малку помал од африканскиот и има различни животни навики.

                                               

Апенинска кафеава мечка

Апенинската кафеава мечка наречена и Марсиканска мечка, е под-вид на кафеавата мечка, кој живее само во еден регион - Националниот парк Абруѕи. Популацијата се проценува на околу 30 единки, со можност да има уште неколку во Трентино. Во минатото ...

                                               

Африкански грмушест слон

Африканскиот грмушест слон, исто така познат како африкански савански слон, ― најголемото живо копнено животно, чии мажјаци достигнуваат висина на рамото до 3.96 м и телесна маса до 10.4 тони. Распространет е низ 37 африкански земји и живее во шу ...

                                               

Африканско диво куче

Африканско диво куче познато и како Африканско ловечко куче, Африканско насликано куче, или насликан волк, е куче што живее во Супсахарска Африкаa. Најголемо е од семејството кучиња во Африка, и единствено од видот Lycaon. Моменталната популација ...

                                               

Бело какаду

Бело какаду - средно голем бел папагал од родот какаду ендемски тропските дождовни шуми на островите на Индонезија. Кога е изненаден, папагалот ја крева големата печатлива цуцулка, која има полукружен облик како чадор. Крилјата и опашката здола м ...

                                               

Белоглава патка

Овој вид патка се среќава во ограничени области на Европа, најмногу е застапена во Шпанија и северна Африка, западна и Средна Азија. Зимува на Балканскиот Полуостров и тогаш доаѓа во Македонија, но поголемиот број зимуваат во југозападна Азија.

                                               

Белокрила црнка

Оваа патка гнезди во северните делови на Европа, Азија и Северна Америка. Зимува на Балканскиот Полуостров вклучително и Македонија, Велика Британија и јужните делови на Северна Америка. Мали, изолирани популации се среќаваат во источна Турција.

                                               

Белорак гибон

Белорак гибон или лар - примат од семејството на гибоните. Ова е еден од попознатите видови гибони, кој често се среќава во зоолошките градини, меѓу кои и онаа во Скопје.

                                               

Белуџистанска црна мечка

Белуџистанската црна мечка е под-вид на азиската црна мечка. Некои веруваат дека ова е единствениот "вистински" под-вид на азиската мечка.

                                               

Бенгалски тигар

Бенгалскиот тигар познат и како Кралски бенгалски тигар, е подвид на тигар кој главно живее во Индија и Бангладеш. Го среќаваме и во делови на Непал, Бутан, Мјанмар и јужен Тибет. Бенгалскиот тигар е еден од најголемите и најбројните подвидови на ...

                                               

Берберско макаки

Берберско макаки - вид на макаки единствено кое се наоѓа на територија надвор од Азија и има закржлавена опашка. Може да се сретна на падините на планината Атлас во Алжир и Мароко и малубројна популација која била пренесена од Мароко до Гибралтар ...

                                               

Гарска пастрмка

Гарска пастрмка - вид на риба од фамилијата лососи. Живее во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора, како и Македонија. Нејзиното природно живеалиште се реките. Во Македонија живее во Радика и нејзината притока Гарска Река, како и во п ...

                                               

Грбав кит

Благодарение на пријателското однесување, Грбавиот кит е омилен меѓу набљудувачите на китови. Тој има сино црно тело, длабоко врежана опашна перка и исклучително долги предни перки слични на крилја. На опашната и на предните перки често има бели ...

                                               

Гренландски кит

Гренландскиот кит има заоблена долна челуст и најдолги рожни плочки меѓу китовите, долги до 4.5 м. Тој има сиво-црна боја, со светла брада, голема брада наспроти телото и особено дебел слој масти што се добар изолатор во речиси замрзнатата вода. ...

                                               

Египетски мршојадец

Египетскио мршојадец, исто така наречен бел уличен мршојадец или фараонска кокошка, е мал и единствениот член на родот Neophron. Тој е широко распостранет; Египетскиот мршојадец го има во југозападниот дел на Европа и северниот дел на Африка до И ...

                                               

Зелена мантела

Зелена мантела е вид на жаба од семејството на мадагаскарски жаби. Видот е ендемски во Мадагаскар. Нивното живеалиштe е суптропски или тропски суви шуми, реки, повремени реки, и силно деградирани поранешни шуми. На видот му се заканува губење на ...

                                               

Индокинески тигар

Индокинескиот тигар е подвид на тигар кој го среќаваме во Камбоџа, Кина, Лаос, Бурма, Тајланд и Виетнам. Тигрите кои живеат на полуостровот Малаја порано класифицирани како индокинески тигри, неодамна се преместени во посебен подвид – малајски ти ...

                                               

Лажен гавијал

Лажниот гавијал познат и под името Малајски гавијал е влекач кој живее во слатки води. Наликува на крокодил со многу тенка и издолжена муцка слична на гавијалот, одкаде го добива и името.

                                               

Македонска кандилка

Македонска Кандилка - флористички субендемит од семејството Liliaceae, познат за планините Јабланица и Дешат, ја има и во Албанија и Србија. Се наоѓа на светската црвена список на загрозени растенија.

                                               

Малајски тигар

Малајскиот тигар е подвид на тигар кој го среќаваме во јужните и централните делови на Малајскиот полуостров, односно во Тајланд и Малезија. До 2004 година, овие тигри биле класифицирани како индокинески. Новото класифицирање било иницирано по ис ...

                                               

Малоантилска игуана

Малоантилската игуана е еден од двата вида на родот игуана. Ендемски е на Малите Антили и е во големо опаѓање поради уништувањето на животната средина, грабливците, ловот и мешањето со неговиот сестрински вид на зелена игуана. Малоантилската игуа ...

                                               

Мексикански крокодил

Мексиканскиот крокодил познат и под името Морлетов крокодил е релативно мал крокодил кој живее во Мексико. Најчесто расте до 3 метри во должина, и припаѓа во групат на загрозени видови.

                                               

Оморика

Оморика или Панчиќева оморика - вид иглолисно дрво ендемски застапено по средниот тек на реката Дрина кај Вишеград во Република Српска, БиХ и во западна Србија, со вкупен ареал од само 60 хектари, на надморска височина од 800 до 1600 м. Како вид ...

                                               

Персиски леопард

Персискиот леопард познат и како Ирански леопард, е еден од подвидoвите на леопард, кој живее во западна Азија. Овој подвид е критично загрозен на целата негова распространетост низ Блискиот Исток.

                                               

Пигмејски нилски коњ

Пигмејскиот нилски коњ е голем цицач, со природно живеалиште во шумите и мочуриштата на западна Африка. Пигмејскиот нилски коњ е самотно и ноќно животно. Ова животно е еден од двата преживеани видови од фамилијата Hippopotamidae. Другиот преживеа ...

                                               

Пигмејски нилски коњи

Choeropsis е род од фамилијата Hippopotamidae во кој спаѓаат пигмејските нилски коњи. Има 2 познати вида, од кои еден е изумрен вид: Пигмејски нилски коњ - Choeropsis liberiensis Мадагаскарски пигмејски нилски коњ - Choeropsis madagascariensis † ...