Топ-100

ⓘ Free online encyclopedia. Did you know? page 99




                                               

Клетовник (Десово)

Клетовник - археолошко наоѓалиште во прилепското село Десово. Претставува некропола од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на околу 4.5 км североисточно од селото, на превојот под врвот Дервен, покрај патот за селото Габровник. Со ерозијата ...

                                               

Клешан (Подареш)

Клешан - археолошко наоѓалиште во радовишкото село Подареш. Наоѓалиштето претставува населба -викус од римско време. На 1.5 км источно од селото се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал.

                                               

Клисе Баир (Градец)

Клисе Баир - археолошко наоѓалиште во виничкото село Градец. Наоѓалиштето претставува некропола од римско време. Се наоѓа на североисточниот крај од селото, во непосредна близина на училиштето, каде што се откриени две могили. Едната е со пречник ...

                                               

Клисекајси (Бучим)

Клисекајси - археолошко наоѓалиште во радовишкото село Бучим. Наоѓалиштето претставува средновековна некропола. На 100 метри северозападно од селото се наоѓаат аморфни камени плочи што прилегаат на камени конструкции.

                                               

Кметица (Беровци)

Кметица - археолошко наоѓалиште во прилепското село Беровци. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и е од непознат тип. Во 1951-1957 г. македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека источно од селото ...

                                               

Ковачево (Витолиште)

Ковачево - археолошко наоѓалиште во прилепското село Витолиште. Претставува населба од доцноантичко време. На една пространа падина што се наоѓа на 3 км источно од селото се забележуваат траги од рударска населба (покривни ќерамиди, фрагменти од ...

                                               

Ковче (Речица)

Ковче или Падина - археолошко наоѓалиште во охридското село Речица. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. На околу 5 км западно од селото и 1.5 км десно од реката Грдејца, на просторот обрснат со дрвја се забележуваат остатоци ...

                                               

Ковчези (Долно Ѓуѓанци)

Ковчези - светилиште и некропола од доцноантичко време кај селото Долно Ѓуѓанци, Светиниколско. На околу 3 км источно од селото се наоѓа високо плато со надморска височина од 601 м, со површина од 200 × 100 м, опкружено со стрмни падини. На најви ...

                                               

Козјак (археолошко наоѓалиште)

Козјак - археолошко наоѓалиште во преспанското село Козјак. Претставува осамен наод од римско време. Наодот претставува вотивна мермерна плоча која се чува кај човек во Ресен, а била донесена од селото Козјак, од непознато наоѓалиште. На плочата ...

                                               

Колева Чешма (Крушица)

Колева Чешма - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Крушица. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. На 1 км јужно од селото се распознаваат темели градени од камен и варов малтер, а се среќаваат и грамади од кршен камен.

                                               

Колиба Баир (Аџиматово)

Колиба Баир - населба и некропола од доцноантичко време во светиниколското село Аџиматово. На 2 км северозападно од селото, на една височинка се наоѓаат остатоци од темели на повеќе објекти, фрагменти од керамички садови, тегули и друг градежен м ...

                                               

Колиби (Клиново)

Колиби - археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Клиново. Наоѓалиштето претставува утврдување од среден век. Преку реката Сушица, на ридот Стојанова Дупка, кој е на 7 км западно од селото, се среќаваат грамади од кршен камен и фрагменти од по ...

                                               

Комплекс "Попарница" (Охрид)

Комплекс "Попарница" - археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Наоѓалиштето претставува осамени наоди од римско време. Осамени наоди од римско време, старохристијански и раносредновековни сакрални објекти. Го зафаќа седлестиот простор меѓу двата р ...

                                               

Комплекс "Св. Климент" (Охрид)

"Комплекс "Св. Климент" - археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Наоѓалиштето претставува објекти и црква од старохристијанско време. Се наоѓа на западниот дел од зарамнетото плато на источниот рид во стариот дел на Охрид. Го зафаќа просторот од ...

                                               

Комплекс "Св. Софија" (Охрид)

Комплекс "Св. Софија" - археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Наоѓалиштето претставува црква, гробови утврдување од римско време, доцноантичко време ран среден век. Се наоѓа на јужниот простор меѓу двата рида, близу до езерото, меѓу денешните зн ...

                                               

Комплекс "Св. Спас" (Охрид)

Комплекс "Св. Спас" - археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Наоѓалиштето претставува осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола. Се наоѓа во стариот дел на градот, на просторот на јужната падина на пониск ...

                                               

Коњско (археолошко наоѓалиште)

Коњско - археолошко наоѓалиште во преспанското село Коњско. Претставува депо на монети од средниот век. Во 1953 година Народниот музеј од Охрид откупил 660 бакарни монети.

                                               

Копачките (Претор)

Копачките - археолошко наоѓалиште во преспанското село Претор. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во нива на локален селанец, каде со археолошкото сондажно истражување во 1965 година биле откриени два гроба, едниот од типот "на ...

                                               

Корболе (Долно Ѓуѓанци)

Корболе - тумули од железното време кај селото Долно Ѓуѓанци, Светиниколско. На околу 600 м северно од местото каде што патот за селото се одвојува од патот Св. Николе-Куманово, на еден гребен се наоѓаат два тумула. Тумулот 1, кај мештаните позна ...

                                               

Корита (Кокре)

Корита - археолошко наоѓалиште во прилепското село Кокре. Претставува средновековна некропола. На 500 м јужно од селото, на една мала височинка има 4 корита вдлабени во карпа. Трите корите се меѓусебно поврзани со кружни отвори. Откриени се гробо ...

                                               

Коритница (Лопатица)

Коритница - археолошко наоѓалиште во битолското село Лопатица. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, каде со орањето на земјата биле откриени гробови од типот "на две води" градени од големи тегули.

                                               

Корито Страна (Мездра)

Корито Страна - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Мездра. Наоѓалиштето претставува водовод од доцноантичкото време. На 1.5 км североисточно од селото, со обработувањето на земјата биле откриени водоводни цевки - тубули.

                                               

Корминиш (Липа)

Корминиш - Црквиче - археолошко наоѓалиште во неготинското село Липа. Наоѓалиштето претставува црква од среден век. На зарамнетото плато на ридот што доминира над околниот терен, оддалечен 1 км северно од селото, има остатоци од мала средновековн ...

                                               

Котелица - Св. Никола (Велгошти)

Котелица или Св. Никола - археолошко наоѓалиште во охридското село Велгошти. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. На седлестиот дел на ридот Олмец, помеѓу високиот рид Кутлишта и источната падина што продолжува кон Петринска ...

                                               

Кофилак (Богородица)

Кофилак – Богородички Даб - населба од железното време кај селото Богородица во општина Гевгелија. Високо над левиот брег на реката Вардар, спроти Гевгелија, над самиот пат за селото Богородица се издига доминантна височина со мало зарамнето плат ...

                                               

Кочкова Населба (Катланово)

Кочкова Населба - археолошко наоѓалиште во скопското Катланово, во истоимената општина. Наоѓалиштето претставува некропола од доцна антика Во дворот на викенд-куќата на Д. Панчиќ од Скопје, во викенд-населбата Кочкова Населба е откриена некропола ...

                                               

Кошари (Горно Дивјаци)

Кошари - археолошко наоѓалиште во крушевското село Горно Дивјаци. Претставува средновековна црква со некропола. Се наоѓа на 2 км јужно од селото, на зарамнето плато обраснато со дабова шума, кое зафаќа простор од околу 200 × 100 м, каде се гледаа ...

                                               

Кошишта (Охрид)

Кошишта - археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Наоѓалиштето претставува некропола од хеленистичко, римско време и раниот среден век. Се протега на падината од охридскиот рид северно и североисточно од тврдината и наоѓалиштето Дебој. При изградб ...

                                               

Краиште (Сопотница)

Краиште - археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Сопотница. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 1.5 км јужно од селото, каде се наоѓа грамада од градежен материјал. Според преданието, овде се наоѓала црква, а во непо ...

                                               

Крајни Ѕид (Кривогаштани)

Крајни Ѕид или Крајни Рид - археолошко наоѓалиште во прилепското село Кривогаштани. Се наоѓа во непосредната близина на селото, во нива на месен жител, каде се пронајдени статуета од бронза со оловен постамент и монети. Наодите се чуваат во Завод ...

                                               

Кралица (Шопско Рударе)

Кралица - градиште од доцноантичкото време кај кратовското село Шопско Рударе. Во атарот на маалото Петковци, на левиот брег на Крива Река. се издига висок рид кој е тешко пристапен, со исклучок на јужната страна. На врвот има зарамнет простор на ...

                                               

Краста (Калишта)

Краста - археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Калишта. Претставува утврдување од римско време. Според кажувањата на мештаните, јужно од селото, на висок рид без вегетација имало остатоци од ѕидови, грамади од кршен камен и фрагменти ...

                                               

Краста (Радово)

Краста - археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Радово. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа во непосредната близина на наоѓалиштето Манастириште, каде се забележуваат контури на гробови градени од големи камени плочи, поставени ...

                                               

Крастица (Карбуница)

Крастица - археолошко наоѓалиште во кичевското село Карбуница. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на околу 500 метри под чешмата Јасиковец, на патот за селото Кладник, каде во 1976 година Страхил Наумоски открил гробови од камени плочи ...

                                               

Кратово (средновековно археолошко наоѓалиште)

Кратово - археолошко наоѓалиште во градот Кратово. Наоѓалиштето претставува средновековна некропола. Во дворот на еден жител, пред Втората светска војна биле откриени гробови со камени конструкции, во кој се најдени богати прилози од злато и среб ...

                                               

Крес (Штрбово)

Крес - археолошко наоѓалиште во преспанското село Штрбово. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа во темелите на Црквата "Св. Димитриј", која се наоѓа на мало зарамнето плато, високо во подножјето на Баба Планина, оддалечено околу ...

                                               

Криви Дол (Арачиново)

Криви Дол - археолошко наоѓалиште во скопското Арачиново, во истоимената општина. Наоѓалиштето претставува утврдена некропола од римско време Во атарот на селските ниви се пронајдени три цели надгробни плочи и еден фрагмент, сите со латински натп ...

                                               

Криви Дол (Радање)

Криви Дол - некропола од железното време кај селото Радање во општина Карбинци. Се наоѓа на северниот крај на селото, од левата страна на суводолицата Криви Дол, во некогашната нива на М. Иванов, денес населена со новоградби. Во 1942 година Иван ...

                                               

Криви Загони (Мешеишта)

Криви Загони - Лозишта - археолошко наоѓалиште во селото Мешеишта во областа Дебрца. Наоѓалиштето претставува доцноантичка некропола. На околу 400 м западно од селото и од магистралниот пат Охрид-Кичево, на меѓата од нивите на Мицко и Јонче Тупан ...

                                               

Криви Стогови (Црнилиште)

Криви Стогови - археолошко наоѓалиште во прилепското село Црнилиште. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од северната страна, каде се наоѓаат гробиштата на семејството Пироски. На еден од гробовите ...

                                               

Крклино (археолошко наоѓалиште)

Крклино - археолошко наоѓалиште во битолското село Крклино. Претставува осамен наод од железно време. Во 1957 година од претпријатието "Отпад" во Битола бил откупен меч од бронза од типот "Ербенхеин", кој потекнувал од непознато наоѓалиште во ата ...

                                               

Кромидишта (Велестово)

Кромидишта - археолошко наоѓалиште во охридското село Велестово. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. На зарамнета површина што лежи на 100 метри лево од патот Охрид-Св. Наум, на јужната падина од долината се раскопани темели ...

                                               

Крс (Кутлешево)

Крс - археолошко наоѓалиште во прилепското село Кутлешево. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и е од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека северно од селото биле ...

                                               

Крст (Клиново)

Крст - археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Клиново. Наоѓалиштето претставува некропола од доцна антика. На северната периферија на наоѓалиштето Катуништа, на десниот брег на реката Блашница се откриени гробови градени од тули - тип циста.

                                               

Крст (Миокази)

Крст - археолошко наоѓалиште во кичевското село Миокази. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на околу 250 м западно од наоѓалиштето Градиште, на мала височинка, во приватна нива, каде во 1936/37 година сопственикот при орање открил гр ...

                                               

Крст (Слепче)

Крст - археолошко наоѓалиште во прилепското село Слепче. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на границата со атарот на селото Браилово, покрај патот за Браилово, каде се најдени надгробни стели од мермер со релјефни претстави.

                                               

Крст (Уланци)

Крст - археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци. Претставува средновековна црква и некропола. На 2 км северно од селото, на патот кон селото Елешово, близу до селските лозја во месноста Цуцуле се наоѓа наоѓалиштето наречено Крст на кои, спо ...

                                               

Крсто (Црничани)

Крсто - археолошко наоѓалиште во битолското село Црничани. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа на околу 200 м северозападно од црквата "Св. Петка", каде на површината на една блага височинка постои мермерен блок со правоаголна форма ...

                                               

Крстовец (Сопот)

Крстовец - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Сопот. Наоѓалиштето претставува средновековна некропола. Во непосредната близина на селото, на источната страна, зад куќата на еден жител се откриени гробови со конструкции од камени плочи.

                                               

Крстот (Пирава)

Крстот - археолошко наоѓалиште во валандовското село Пирава. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на северозападниот раб на селото, каде се пронајдени гробови од камени плочи - тип циста. Откриена е и гробница со свод од тули, бе ...