Топ-100
Back

ⓘ Северен Проток или Северен Канал, порано: Ирски Проток - проток помеѓу североисточна Ирска и југозападна Шкотска. Протокот е дел од морската област официјално н ..




Северен Проток
                                     

ⓘ Северен Проток

Северен Проток или Северен Канал, порано: Ирски Проток - проток помеѓу североисточна Ирска и југозападна Шкотска. Протокот е дел од морската област официјално наречена "Внатрешни мориња кај западното крајбрежје на Шкотска" од страна на Меѓународната хидрографска организација.

Најдлабокото место во протокот е наречено Бофорова Бразда Beauforts Dyke. Протокот го поврзува Ирското Море со Атлантскиот Океан и, како таков, бил привлечно место за гусарите, кои ги ограбувале британските трговски бродови што обезбедувале залихи во војните сè до XIX век. Во 1778, за време на Американската војна за независност во протокот се одиграла поморска битка помеѓу бродот "Рејнџер" на американскиот капетан Џон Пол Џонс и бродот "Дрејк" на британската морнарица. Денес преку протокот сообраќаат голем број на траекти.

Во 2007 е доставен план за изграба на 34-километарски железнички мост или тунел преку протокот, кој ќе ја поврзува Северна Ирска со остатокот од Велика Британија на трошок од 3.5 милијарди фунти.

Поранешно име на протокот е "Ирски Канал" Irish Channel.