Топ-100
Back

ⓘ Естонска уметност е уметност на просторот на денешна Република Естонија, создадена и одгена од страна на Естонски Народ почнувајќи од средниот век до денес. ..




Естонска уметност
                                     

ⓘ Естонска уметност

Естонска уметност е уметност на просторот на денешна Република Естонија, создадена и одгена од страна на Естонски Народ почнувајќи од средниот век до денес.

                                     

1. Среден Век

Со појавата на Естонската држава во 13. век Естонците го спојуваат традиционалните народни облици со западните влијанија од просторите на Данската уметност и Германската уметност. Во времето кога естонците ја прифаќаат христијанската религија со почетокот на тринаесеттиот век, се градат цркви со едноставна архитектура со романски а подоцна и со готички стил. Талин во тој период прераснува во значајна трговска средина во кој се градат многу цркви Храмот на Св. Марија, Св. Олав и др. како и многу други јавни објекти и палати. Најстарите скулптури потекнуваат од истиот временски период и воглавно тоа се кипови на црковни лица и распетија. Низ 15. и 16. Век најчести се изработките на резби на олтари со готички стил.

                                     

2. Ренесанса и барок

Од 16. век до 18. век се менува влијанието на холандската ренесанса, данскиот барок и руската уметност. ренесансата најчесто се имплементира на меморијалена и споменичка уметност, а барокот во украсувањето на проповедниците, олтарите и храмовите.

                                     

3. 19. век

Во првата половина на 19. век во архитектурата преовладува неокласицизмот, а во другата хисторицизмот. Почетокот на сликарсатвото во Естонија го започнува утемелувањето на ликовното училиште во Тарт, 1830 година на иницијатива на класицистичките сликари К.А. Сенф и А.М. Хагена. Подоцна сликарите ги следат правците на романтизмот и бидермајер, а помечу најистакнатите сликари од тоа време се Г.А. Хипиус и Г. вон Кигелген.

                                     

4. 20. век

Со почетокот на 20. век почнуваат архитектонски градби во национален стил кој во почетокот го граделе архитекти од Финска но подоцна и домашни архитекти. Сликарите се школувале во европски центри како Антс Лаикма и Кристјан Рауд, а по враќањето работат портрети во романтичарско-национален дух, пејзажи од татковината и историски композиции. Од 1910 до доцните 1930-тите естонските сликари и вајари ги следат современите европски правци: портрети сликаат Н. Трик, К. Маги, слики во духот на Експресионизмот, додека постимпресионалистите сликаат А. Јохани и К. Лиманд.

"Естонскиот музеј на уметноста" е основан на 17 ноември 1919 година, но сè до 1921 се наоѓал во изнајмен простор и тогаш колекцијата на музејот е сместена во палатата Кадриорг од 18, век. Во 1929 палатат му е одземена на музејот за да прерасне во резиденција на естонскиот претседател Константин Патс.

Околу 1920-тите во архитектурата преовладуваат традиционализмам, неокласиционизам и art nouveau, Додека во 1930-тите преовладува функционализмот. По втората светска војна во духот на меѓународниот стил градат архитектите А. Котли и В. Пормеистер. Од 1914 г. делува и "Естонското друштво на уметници" со седиште во Талин, од 1924 година се вика "Естонско Индустриско - уметничко училиште", да после 1944 година стане "Државен институт за применета уметност" и најпосле "Естонска Уметничка Академија" Eesti Kunstiakadeemia.

Во времето окупацијата од страна на советскиот сојуз, во уметноста преовладува соц-реализмот. Со либерализацијата во 1970-тите естонските уметници ги следат модерните авангардни насоки. Т. Реин и П. Јанес како и други ги следат современите архитектонски истакнувања, а во сликарството е сè по присутно свангардниот стремеж на П. Мудист, Ј. Палм, Ј. Аро и други.



                                     
  • образование и наука се: Естонска академија на науките Естонска академија на музиката и театарот Естонска бизнис школа Естонска Поморска академија Инстититут
  • 2000 г - ѓа Брошкина 2002 Ето љубов Тоа е љубов 1978 Театр Али Пугачевој, естонска телевизија 1978 година Жената што пее, Мосфилм 1981 Lyubovyu za Љубов Љубов
  • воденичар у војску - српска народна приказна. Добродушниот војник - естонска народна приказна. Од книгата Црвени листови Дезертер Из књиге Црвени
  • година. Три сестри - драма на рускиот писател Антон Чехов. Инатчика - естонска народна приказна. Злобната жена српски: Зла жена - српска народна приказна
  • ја зголемува површината која ја зафаќа чевелот. Волшебните чевлички - естонска народна приказна. Чевли - суфиска приказна. Човекот и чизмите - кус

Users also searched:

...
...
...