Топ-100
Back

ⓘ Јулски денови. Јулските денови се нереди кои се случиле во периодот од 16 јули до 20 јули 1917 година во Петроград, Русија. На 15 јули 1917 година Кадетите ја н ..




Јулски денови
                                     

ⓘ Јулски денови

Јулските денови се нереди кои се случиле во периодот од 16 јули до 20 јули 1917 година во Петроград, Русија.

На 15 јули 1917 година Кадетите ја напуштиле седницата на Руската привремена влада, заканувајќи се на меншевиците и Социјалистичките револуционери СРС, со распад на владината коалиција. Јулските денови се одржале во Петроград во периодот од 16 до 20 јули, каде група од војници и индустриски работници започнале нереди во градот и истите биле насочени против привремената буржоазиска влада. Во демонстрациите и нередите учество зеле над 500.000 луѓе. За целиот настан, по неговото задушување, биле обвинети Болшевиците. Во текот на нередите, по наредба на владата, офицерските одреди започнале да пукаат кон демонстрантите. водачот на Болшевиците Ленин бил во бегство додека пак голем број од останатите водачи биле уапсени.Во текот на нередите биле убиени повеќе од 700 луѓе.

Како краен резултат од настаните било оставка на кабинетот и создавање на нова влада предводена од страна на Керенски.

По јулските денови престанало двостраното владеење. Власта преминала целосно во рацете на контрареволуционерите, а советите поминале во нелегалност и започнале подготовка за востание познато како Октомвриска револуција.

                                     
  • завод. Но, останав на работа само неколку дена, зашто дојде до познатите јулски демонстрации на петроградскиот пролетаријат против Привремената влада. Излегоа
  • од - 25ºС на север и во централен Казахстан до - 3ºС на југ средните јулски температури соодветно од 19 до 30ºС. Врнежите во државата се просечно до
  • побунетиот народ и владините трупи. Мара бил храбар учесник во славните јулски денови од 1789 година. Првата политичка победа на Мара била неговиот избор

Users also searched:

...