Топ-100
Back

ⓘ Тичино е еден од кантоните во Швајцарија. Тичино е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантон ..




Тичино
                                     

ⓘ Тичино

Тичино е еден од кантоните во Швајцарија. Тичино е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантонот потекнува од реката Тичино. Тичино со граничи со Ури на север, Вале на запад, Граубинден на североисток и со Италија на југ. Во самиот кантон се наоѓа италијанската ексклава Кампионе д’Италиа. Тичино, заедно со делови од Граубинден, ја сочинуваат т.н. Италијанска Швајцарија.

                                     

1. Географија

Тичино се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија и е опколен од Италија од исток, запад и југ. На север се наоѓаат швајцарските кантони Вале, Ури и Гаубинден. Тичино има вкупна површина од 2.812 километри квадратни, од кои 3 четвртини се сметаат за продуктивни. Со шума е зафатена третина од територијата на кантонот. Во кантонот се наоѓаат езерата Маџоре и Лугано. Најголема река во кантонот е реката Тичино.

                                     

2. Административна поделба

Окрузи

Кантонот Тичино е поделен на 8 окрузи:

  • Лугано со главен град Лугано
  • Локарно со главен град Локарно
  • Бленио со главен град Аквароса
  • Мендрисио со главен град Мендрисио
  • Ривиера со главен град Бјаска
  • Левентина со главен град Фајдо
  • Валемаџа со главен град Севио
  • Белинцона со главен град Белинцона.

Општини

Кантонот е составен од 157 општини, според состојбата до 2010 година. Општините се групирани во подокрузи, а подокузите во окрузи.

                                     

3. Демографија

Вкупното население на кантонот, според податоците за 2010 година, е 333.753 жители. Според податоците од 2007 година, во кантонот имало 82.794 странци или 25.2% од вкупното население. Густината на население на кантонот е 114.6 лица на километар квадратен. Во 2000 година, 83.1% од населението зборувале италијански, 8.3% зборувале германски и 1.7% зборувале српскохрватски. Околу 76% од населението се Католици и 7% Протестанти. Единствен службен јазик е италијанскиот.

                                     

4. Култура

Во кантонот се издаваат четири дневни весници на италијански јазик: Corriere del Ticino, laRegione Ticino, Giornale del Popolo и Il Grigione Italiano.

                                     

5. Користена литература

  • Marcello Sorce Keller," Canton Ticino: una identità musicale?”, Cenobio, LII2003, April–June, pp. 171–184; also later published in Bulletin – Schweizerische Gesellschaft für Musikethnologie und Gesellschaft für die Volksmusik in der Schweiz, October 2005, pp. 30–37.