Топ-100
Back

ⓘ Швиц, кантон. Швиц е еден од кантоните во Швајцарија. Швиц се наоѓа во централна Швајцарија и името потекнува од градот Швиц, кој е и главен град на кантонот. Ш ..




Швиц (кантон)
                                     

ⓘ Швиц (кантон)

Швиц е еден од кантоните во Швајцарија. Швиц се наоѓа во централна Швајцарија и името потекнува од градот Швиц, кој е и главен град на кантонот. Швиц е еден од основачите на Швајцарската Конфедерација и по него е добиено името на Швајцарија. Покрај тоа, грбот на кантонот е извор за знамето и грбот на Швајцарија.

                                     

1. Географија

Вкупната површина на Швиц е 908.2 километри квадратни. Околу 41% од вкупната површина на кантонот е обработлива, 33.7% е прекриена со шума, 5.4% е населена и 20% е непродуктивна.

Кантонот се наоѓа во централна Швајцарија. Низ кантонот течат реките Шил и Муота. Во рамките на кантонот се и делови од Циришкото Езеро, Езерото Цуг и Езерото Луцерн, а целосно во кантонот се езерата Лауерц и Шил.

                                     

2. Демографија

Швиц има население од 146.730 жители според податоците од 2008 година. Околу 15.6% од населението се странци. Најголем дел од населението зборува германски, односно 115.688 жители 89.9%. Втор најзборуван јазик е српскохрватскиот со 2.667 жители или 2.1% и трет е албанскиот со 2.477 жители или 1.9%.