Топ-100
Back

ⓘ Алба е автохтоното име на Шкотска. Ова име е сродно со ирската верзија Алба, манската Налбин, корнската и велшката верзија Албан. Од сите келтски јазици, само б ..




Алба
                                     

ⓘ Алба

Алба е автохтоното име на Шкотска. Ова име е сродно со ирската верзија "Алба"), манската "Налбин", корнската и велшката верзија "Албан". Од сите келтски јазици, само бретонскиот јазик го користи името "Бро-Скос" што значи земја на Шкотите. Во минатото сите овие имиња биле користени за именување на Велика Британија.

                                     

1. Потекло на поимот

Името првпат се појавува во класичните текстови како Ἀλβίων Albíon или Ἀλουΐων Alouíon во записите на Птоломеј, а подоцна како Albion во латинските документи. Историски, името се користело за Британија во целост и етимолошкото потекло на зборот е од индоевропскиот збор за "бело".