Топ-100
Back

ⓘ Часовни појаси ..




                                               

Атлантски часовен појас

Атлантски часовен појас - географски појас во кој се следи атлантското стандардно време, четири часа поназад од координираното универзално време ; дел од годината некои делови преоѓаат на летно сметање на времето, и тогаш се три часа поназад. Часовничкото време во појасот се води по средното сончево време на 60° ЗГД. Во Канада, покраините Њу Бранзвик, Нова Шкотска и Островот Принц Едвард го водат времето изречно како четиричасовно отстапување од средново време по Гринич GMT-4. Мали делови од Квебек источниот Северен Брег и Магдаленските Острови исто така се водат по атлантското стандардно ...

                                               

Средно време по Гринич

Средното време по Гринич е поим што првично го означувал средно сончево време на Кралската опсерваторија во Гринич, Лондон. Може да се рече дека ова време е истоветно на координираното универзално време и кога се смета за часовен појас, името "средно време по Гринич" наоѓа особена примена во организациите поврзани со Велика Британија како што се Светската служба на Би-Би-Си, Кралската морнарица, Метеролошката служба на Британија и други. Пред воведувањето на UTC на 1 јануари 1972, средното време по Гринич наречено и "зулу-време" било исто со универзалното време UT, што претставува стандард ...

                                               

Западноафриканско време

Западноафриканско време или WAT е часовен појас што се користи во западнио-централниот дел на Африка. Појасот е еден час понапред од координираното универзално време, што значи исто како средноевропското време. Тука не спаѓаат највеќето земји во регионот Западна Африка, бидејќи тие користат UTC. Бидејќи најголемиот дел на појасот лежи во екваторското подрачје, разликите во траењето на денот во текот на годината се занемарливи, па затоа не се практикува летно сметање на времето. Исклучок од ова се Либија и Намибија, кои практикуваат западноафриканско летно време WAST, UTC+02 во летните месе ...

                                               

Западноевропско време

Западноевропското време - часовен појас што опфаќа делови од западна и северозападна Европа. Појасот го користат следниве земји и региони: Исланд, од 1968 г. Канарски Острови, од 1922 г. остатокот од Шпанија користи CET, т.е. UTC+1 Фарски Острови, од 1908 г. Североисточен Гренланд Данмарксхавн и околината Португалија, од 1911 г, со извесни паузи освен Азорите, UTC-1 Обединето Кралство и териториите Каналски Острови и Ман, каде правно се нарекува Средно време по Гринич GMT и служи како стандардно време во Англија, Шкотска и Велс уште од 1847 г, и во Северна Ирска од 1916 г. Ирска, од 1916 г ...

                                               

Источен часовен појас

Источен часовен појас - часовен појас на западната полутопка кој го покрива источниот брег на Северна Америка и западниот брег на Јужна Америка. Времето е пет часа назад од UTC во стандардното време и четири часа во летното време. Времето за овој појас се добива од средното сончево време од меридијанот 75° западно од Гриничката опсерваторија. Во САД и Канада, овој часовен појас обично се нарекува "источно време" Eastern Time, ET. Поточно, во однос на стандардното време преку зима е "источно стандардно време" Eastern Standard Time, EST, а преку лето е "источно летно време" Eastern Daylight ...

                                               

Источноафриканско време

Источноафриканското време е часовен појас во употреба во источниот дел на Африка. Појасот има отстапување од три часа од UTC, исто како московското време и источноевропското летно време. Бидејќи појасот претежно му припаѓа на екваторијалното подрачје, во текот на годината нема значителни промени во траењето на денот. Од таа причина земјите во регионот не практикуваат летно сметање на времето. Источноафриканското време се користи во следниве земји: Комори Танзанија Еритреја Кенија Сомалија Етиопија Судан Уганда Мадагаскар Џибути

                                     

ⓘ Часовни појаси

  • Најголемиот број часовни појаси се разделени со по еден час, и со конвенција го пресметуваат своето време спрема Гринич. Стандарните часовни појаси се дефинираат
  • Многу часовни појаси користат две временски отстапувања: едно за стандардно време, и едно за летно сметање на времето. Список на часовни појаси Служба
  • Нов Зеланд има две часовни појаси Главните острови користат новозеландско стандардно време NZST 12 часа понапред од координираното универзално време
  • Иркутска област Северна Кореја Време во Индонезија Време во Русија Часовни појаси на Русија - Тековни времиња во Русија TimeTemperature.com. Посетено
  • часовниците секогаш го означуваат последното т.н. најнапред време од сите часовни појаси UTC 14: 00 се протега од 30 на исток од 180. меридијан и создава голем
  • користи името ГМТ, иако не е технички исправно. Часовен појас Список на часовни појаси Гринич Bureau International des Poids et Mesures UTC TAI Time Server
  • 05: 45. Часовниот појас се користи во Непал. Таа е една од само трите часовни појаси со 45 - минутно поместување од UTC. Големи градови: Катманду   Непал
  • во Индонезија Време во Русија Време во Тајланд HOVT Hovd Time Asian time zones. Time and Date. Посетено на 14 јули 2012. Часовни појаси во Азија
  • две или неколку часовни појаси но и терминот треба да се користи само за часовници кои покажуваат време за сите поголеми часовни појаси и на Земјината
  • ширум светот како упатно време, независно од местоположбата. Највеќето часовни појаси се изразувале во часови и половини часови понапред од GMT или поназад
                                               

Временско отстапување

Временско отстапување или часовно отстапување е утврдено со меѓународна спогодба како бројот на часови и минути од координираното универзално време. Многу часовни појаси користат две временски отстапувања: едно за стандардно време, и едно за летно сметање на времето.

Бутанско време
                                               

Бутанско време

Бутанско време е часовниот појас на Бутан. Времето во овој појас се смета +6:00 во однос на координираниото универзално време. Во Бутан нема летно сметање на времето.

Екатеринбуршко време
                                               

Екатеринбуршко време

Екатеринбуршко време - часовен појас кој е 5 часа напред од UTC и два часа напред од Московското време. Часовниот појас се однесува на Уралскиот федерален округ и Башкортостан, Оренбуршката Област и Пермскиот крај во Приволшкиот федерален округ.

UTC−09: 00
                                               

UTC−09: 00

САД - алјаски часовен појас Алјаска освен Алеутските Острови западно од −169.5° ЗГД островот Самалга, на 169°12′ ЗГД, во најзападниот дел на Алјаска кој го следи UTC−9, но е доста позападно од теоретската граница на појасот од −142.5° до -127.5° ЗГД. Неговата положба соодветствува на средно сончево време UTC−11:17.

UTC-12: 00
                                               

UTC-12: 00

Бејкер и Хауленд ненаселени острови, територии на САД. UTC−12 е морепловен часовен појас што ги опфаќа морските подрачја помеѓу 180° и 172°30′ ЗГД. Времето во овој појас се добива со одземање на 12 часа од координираното универзално време. Бродовите што го користат ова време се последните што го започнуваат тој календарски ден. Појасот не е населен од луѓе.

UTC+00: 30
                                               

UTC+00: 30

Се користел во Швајцарија Бернско време сè до усвојувањето на средноевропско време во 1894 година. Познато како сандрингемско време, британското кралско домаќинство користело отстапување од 30 минути од GMT, во имотот на Норфолк Сандрингем. Ова било прекинато во 1936 година.

                                               

UTC+01: 24

Времето што одговара на тоа поместување било локалното средно време на варшавскиот меридијан и било познато и како варшавско средно време. Од раниот XIX век, тој обично се користел за мерење на време во земјите на поранешниот Полско-Литванската државна заедница. На 5 август 1915 година, Варшава се префрлила на средноевропско време, а остатокот од Полска набргу го следел примерот.

UTC+01: 30
                                               

UTC+01: 30

Било користено од тогашните влади на Слободната Држава Оранџ, Трансвал и Колонијата Кејп од 1892 до 1903 година во денешна Јужна Африка. Оваа часовен појас кратко ја користела и поранешната Германска Југозападна Африка денешна Намибија.

UTC+02: 30
                                               

UTC+02: 30

За време на доцниот 19 век, московското средно време било воведено во Русија, првично во UTC+02:30. По Октомвриската револуција, часовниот појас бил променет во UTC+03:00.

UTC+03: 30
                                               

UTC+03: 30

UTC+03:30 е временско отстапување од +03:30 од UTC. Според стандардот ISO 8601, времето би се запишало како 2021-03-26UTC08:54:53+03:30. Ова време се користо во:

Users also searched:

...
...
...