Топ-100
Back

ⓘ Јазици во Океанија е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат на територијата на Океанија. Важно е да се напомене дека поимот океански јазици не се ..




Јазици во Океанија
                                     

ⓘ Јазици во Океанија

Јазици во Океанија е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат на територијата на Океанија. Важно е да се напомене дека поимот "океански јазици" не се однесува за сите јазици во Океанија, туку само за една подгрупа од австронезиските јазици. Општо гледано, автохтоните јазици во Океанија се дел од едно од трите јазични семејства: австронезиски јазици, абориџински јазици и папуански јазици. Покрај нив, во Океанија се зборуваат и други јазици, кои дошле во Океанија со колонизацијата. Како резултат на колонизацијата, во Океанија се создале и неколку креолски јазици.

                                     

1.1. Автохтони јазици Австронезиски јазици

Австронезиските јазици се јазично семејство на териториите на островска Југоисточна Азија и на островите во Тихиот Океан или Океанија, но има неколку јазици кои се зборуваат и во континентална Азија и Мадагаскар. Заедно со банту-јазиците, индоевропските јазици, афроазиските јазици и уралските јазици, австронезиските јазици се едни од најразвиените стари јазични семејства во светот. Прв јазичар кој ги проучил јазиците е германецот Ото Демпволф кој ги проучил јазиците преку споредбен метод. Зборот "австронезиски" е создаден од германскиот научник Вилхелм Шмит, кој пак потекнува од латинскиот збор auster "јужен ветер" и старогрчкиот збор nêsos што значи "остров". Овој термин е поддржан и со фактот што најголем дел од јазиците се зборуваат на острови, со мали исклучоци на јазици кои се зборуваат на континентите. Добар дел од австронезиските јазици се мали, со мал број на говорници, но сепак има и јазици кои се зборуваат од десетици милиони жители. Австронезиските јазици се едни од најраспространетите јазици во светот бидејќи овие јазици се зборуваат од Мадагаскар па сè до Божиќниот Остров.

                                     

1.2. Автохтони јазици Папуански јазици

Папуанските јазици се група јазици кои се зборуваат во западниот дел на Океанија, и кои не се ниту австронезиски ниту абориџински јазици. Овој поим, или оваа група, не е создадена како резултат на генетската поврзаност на јазиците, туку нивната географска положба. Концептот за посебни папуански народи бил воведен од Сидни Херберт Реј во 1892 година, како посебни народи од австронезиските.

                                     

1.3. Автохтони јазици Абориџински јазици

Абориџиснките јазици, или австралиско-абориџински, се група на 27 јазични семејства и јазични изолати кои се зборуваат во Австралија од Абориџините. Овие се староседелски јазици во Австралија. Тасманија често не е вклучена во оваа група, како и јазиците на островите во Торескиот проток. Сродноста меѓу овие јазици не е јасна, иако во минатото се направил поголем прогрес кон овој поглед.

                                     

2. Колонијални јазици

Како резултат на колонизацијата, во Океанија се зборуваат јазици кои не потекнуваат од овој регион. Некои од колонијалните јазици се и денес официјални во океанските држави. Најголем неокеански јазик е англискиот, а потоа следуваат францускиот, португалскиот, јапонскиот и шпанскиот. Францускиот е службен во Нова Каледонија и Француска Полинезија, шпанскиот на Велигденскиот Остров и останатите острови кои се дел од јужноамериканските држави, португалскиот е службен во Источен Тимор и јапонскиот е службен во една од сојузните држави во Палау.

                                     

3. Креолски јазици

Како резултат на контактот меѓу староседелските народи и новодојденците, на територијата на Океанија се создале и креолски јазици, односно мешани јазици. Такви јазици се на пример ток писин, бислама, чавакански, различни малајски трговски и креолски јазици, хавајски пиџин, норфук и питкернски јазик. Некои од овие креолски јазици се и службени јазици, како на пример ток писин во Папуа Нова Гвинеја или бислама во Вануату.

                                     

4. Имиграциски јазици

Појавата на доселување на население од останатите континенти на територијата на Океанија довело до појава и на останати помали јазици. Така на пример во Океанија се зборуваат и италијански, македонски, српскохрватски, грчки и други европски јазици. Овие јазици воглавно се зборуваат во Австралија и Нов Зеланд. Во Фиџи се доселиле Индијци и така таму се зборува фиџиски хинди, кој е еден од службените јазици во државата.

                                     
  • мртви јазици во Океанија јазици кои скоро или од поодамна исчезнале. Минкински јазик Јолнгуски јазици Пама - марички јазици Нјавајгички јазици Вака - кабиски
  • разговор уреди Океанија Јазици во Океанија Држави во Океанија а: Во Папуа Нова Гвинеја има над 860 јазици или 10 од вкупниот број на јазици во светот. б: Меланезискиот
  • Список на мртви јазици во Европа Список на мртви јазици во Јужна Америка Список на мртви јазици во Океанија Список на мртви јазици во Северна Америка
  • исто со јазици во Океанија Океанските јазици сочинуваат подгрупа на малајско - полинезиските јазици од семејството на австронезиски јазици Оваа група
  • зборуваат во Западна, Северна и Централна Европа, како и во Америка и Океанија Источногермански јазици готски јазик Западни германски јазици стар високогермански
  • Австронезиските јазици се јазично семејство на териториите на островска Југоисточна Азија и на островите во Тихиот Океан или Океанија но има неколку јазици кои се
  • во Јужна Америка Список на мртви јазици во Океанија Список на мртви јазици во Северна Америка Список на мртви јазици во Средна Америка и Карибите Lenore
  • територијата. Главен град е Кингстон и службени јазици се англискиот и норфолшкиот јазик. Австралија Океанија Anderson, Atholl J., The Prehistoric Archaeology
  • Ова е статија за државата во Океанија За останати значења на поимот Гвинеја видете ја страницата за појаснување. Папуа Нова Гвинеја англиски: Papua
  • Национални олимписки комитети на Океанија или НОКО англ. Oceania National Olympic Committees, ONOC е меѓународна организација во која членуваат 17 национални

Users also searched:

...