Топ-100
Back

ⓘ Фулански јазик. Фуланскиот е нигер-конгоански јазик кој се зборува во Западна Африка. Јазикот е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, во која група се наоѓа ..




Фулански јазик
                                     

ⓘ Фулански јазик

Фуланскиот е нигер-конгоански јазик кој се зборува во Западна Африка. Јазикот е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, во која група се наоѓаат и серерскиот и волофскиот јазик. Јазикот е мајчин јазик на Фуланите, кои ја населуваат територијата од Сенегамбија до Судан. Јазикот е еден од најзборуваните јазици во Западна Африка, каде има голем број на луѓе кои го зборуваат како втор јазик.

                                     

1. Терминологија

Најчесто користено име за јазикот е "фулански" "фула". Фуланите го именуваат јазикот како Pulaar или Pular во западните дијалекти или Fulfulde во централните и источните дијалекти. Името "фулани" кај нас навлезено најверојатно преку англискиот јазик потекнува од мандинчкиот мандинка. Во францускиот јазик овој јазик е познат како Peul и ова име потекнува од волофскиот јазик.

                                     

2. Писмо

Латиница

Најчесто фуланскиот јазик се запишува со латиница. Латиничната азбука за фуланскиот јазик има специјални букви со мали куки, и тие се: Ɓ/ɓ, Ɗ/ɗ, Ŋ/ŋ, Ñ/ñ, Ƴ/ƴ, њ, ејективна ’y’). Апострофот се користи за грлениот глас. Во Нигерија y ја заменува ƴ, а во Сенегал ñ се користи за ɲ. Азбуката е:

a, aa, b, mb, ɓ, c, d, nd, ɗ, e, ee, f, g, ng, h, i, ii, j, nj, k, l, m, n, ŋ, ny или ñ или ɲ, o, oo, p, r, s, t, u, uu, w, y, ƴ

Арабица

Понекогаш фуланскиот користи и арапско писмо. Писмото се користело пред колонизацијата на Африка, кога била воведена латиницата.

                                     
  • P p Q q R r S s T t U u W w X x Y y Портал: Јазик Нигер - конгоански јазици Фулански јазик Серерски јазик Falola, Toyin Salm, Steven J. Urbanization and
  • на овој јазик пред 2006. Денес нема луѓе кои го зборуваат овој јазик Се верува дека говорниците на зумајански почнале да зборуваат на фулански Blench
  • Најзборувани јазици во Азавад се туарешки јазик арапски јазик фулански јазик и сонгајски јазик Бамбарскиот јазик се зборува во поголемите градови. Повеќето
  • на уште поголема територија, односно на териоријата на Сахел. Најголем јазик од оваа група е волофскиот, а потоа следуваат фуланскиот и серерскиот. David
  • главен град на Републиката. Над 90 од населението се Муслимани, а службен јазик е францускиот. Нигер се смета за земја во развој, и постојано се рангира
  • јазик е францускиот. Најголем јазик во државата е мосискиот јазик кој се зборува од околу 40 од вкупното население на Буркина Фасо. Мосискиот јазик