Топ-100
Back

ⓘ Демо снимка или скратено демо е фонограмски запис наменет за потребите на студиски сесии отколку за широка продажба. Демото е начин за музичарите да ги претстав ..




Демо снимка
                                     

ⓘ Демо снимка

Демо снимка или скратено демо е фонограмски запис наменет за потребите на студиски сесии отколку за широка продажба. Демото е начин за музичарите да ги претстават своите идеи и замисли на диск или друг носач на звук, како подоцна би ги доставиле до издавачките музички куќи. Музичарите често го користат демото за споделување на нивните идеи со нивните колеги или пак со други нивни соработници. Постојат случаи кога музичките артисти ги испраќаат демо касетите до потенцијалните издавачки продукции, со намера да бидат потпишани.

Сѐ уште непознатите пејачи го користат овој начин за да се претстават кај менаџерите на големите музички продукции, како со нив би потпишале професионален договор би добиле дозвола да снимат цел студиски албум. Сепак, поради големиот број вакви снимки кои секојдневно пристигнуваат во продукциите, во најголемиот број случаи тие и воопшто не се преслушуваат.

Демо касетите се снимени со мал инструментален придонес најчесто користени иструменти се гитара или пијано и задолжително е присуството на вокална изведба. Музичарите како Елтон Џон и Металика добиле договори со богатите издавачи откако тие ги преслушале нивните демо записи.

Многу бендови или соло артисти прво снимаат демо, па потоа ги започнуваат сесиите за студиски албум. Ползата од ваквиот начин на работа е тоа што музичарите можат да испробаат повеќе варијанти на една песна, или да одлучат во кој правец/стил сакаат да ја развиваат нивната композиција. Ваквите демо најчесто содржат една до две песни, а ретки се случаите со повеќе од три нумери.

Касетите обично се снимаат со помош на "бум бокс" касетофон или на компјутери со посебни софтвери, и целокупната изведба треба да биде снимена одеднаш. Доколку биде напревена грешка во текот на снимањето, целиот перформанс треба одново да биде повторен.

Во одредени некомерцијални жанрови како блек метал, хардкор панк или рап, демо снимките ги продаваат самите бендови по многу ниски цени. Денес се чести случаите на самиот студиски албум да се поставуваат демо верзии од постојните песни како бонус нумери.

                                     
  • следниве песни: Славјани демо снимка 1988 Дожд по дождот демо снимка 1988 Дожд во живо, 1990 Градот е нем демо снимка 1988 Албумот го снимил
  • потемна под влијание на Depeche Mode. Оваа е многу мелодична. Првата демо снимка била направена во Лос Анџелес во студиата на Џејмс Мајкл и Desmond Child
  • инструменталната песна позната под името Dollar Short и била вклучена на демо - снимка со надеж дека ќе се најде пејач за нејзина изведба. Вокалистот Еди Ведер
  • Гиновски Гино Ex: Архангел и Ѓоко Мишковски Ex: Хаос ин Лаос Првата демо снимка ја направија на Теодорова Сабота, Март 2012 година со Борис Ставров
  • со Миси Елиот. По неговото елиминирање од шоуто, тој ја издал својата демо снимка Pissn in a Barrel of Beez во 2005 г. Истата година го издадал својот
  • издадена е специјална едиција на албумот која содржи аудио интервјуа, демо снимка и наградената песна од страна на Греми Someone in the Dark Албумот
  • 80 ти. Но неговиот престој во Егзодус завршил со само една направена демо снимка Металика Во 1983 година Хамет добил покана да се придружи на Металика
  • Бендот исто така снимил и други неименувани демо снимки во период од три месеци во 1989 година. Оваа снимка може да се најде на слободен шверц како Sweet
  • издале демо снимката Demo Tape на аудио касета преку издавачката куќа Take It Or Leave It Records. Демото имало седум нумери, од кои едната е снимка од настап
  • на демо снимки и целосен албум на кој тој работел под името Sketches for My Sweetheart the Drunk. Исто така бил издадена претходно необјавена снимка на

Users also searched:

...