Топ-100
Back

ⓘ Цветко Узуновски - Абас - македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОБ и истакнат функционер по ослободувањето. Носител е на Партизанска с ..




Цветко Узуновски
                                     

ⓘ Цветко Узуновски

Цветко Узуновски - Абас - македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОБ и истакнат функционер по ослободувањето. Носител е на Партизанска споменица 1941. Тој беше последниот преживеан шпански борец од Македонија.

                                     

1. Пред војната

Уште на 12 години заминува да учи занает во Белград. Како занаетчиски работник, во 1934 година се приклучува на синдикалното движење, а во 1937 година станува член на КПЈ. Во 1934 година е уапсен од полицијата и е осуден на две и пол години затвор, кои ги одлежува во Пожаревац. По излегувањето од затвор, полицијата го протерува во Царев Двор. Таму тој не останува долго време и се враќа во Белград. Во Белград се задржува неколку месеци, по што заминува за Шпанија. Во Шпанија пристигнува во јуни 1937 година и до 1939 година учествува во Шпанската граѓанска војна како припадник на Интернационалните бригади. По падот на Шпанската република, Узуновски е во концентрационен логор во Франција до 1941 година. Заедно со други југословенски логораши во 1941 година заминува на работа во нацистичка Германија, каде е одреден да работи во Еспенхајм во близина на Лајпциг.

                                     

2. НОВ

Во септември 1941 година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на КПЈ за Македонија. При формирањето на Комунистичката партија на Македонија во март 1943 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Од пролетта 1943 година е политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Избран е за делегат е на Второто заседание на АВНОЈ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избран за член на неговиот Президиум.

Узуновски се смета за народбодавател на две убиства на партизанки: Лена Стојчевска во 1944 година и Панде Чесноска во 1945 година.

                                     

3. По ослободувањето

По ослободувањето, од 1944 до 1946 година, Узуновски беше прв началник на ОЗН за Македонија, на 11 февруари 1946 година е избран за министер за внатрешни работи на НР Македонија. На оваа функција останува до 1953 година, кога е деградиран. Причините за деградирањето се, покрај аферата со крадење злато и градењето луксузна вила во Отешево, и информациите дека Узуновски соработувал со Гестапо во Загреб во летото 1941 година.

Испратен е на работа во сојузните органи. Од август 1953 година е началник на Управата за цивилна заштита во Државниот секретаријат за внатрешни работи на Југославија, а од 1963 година е началник на Управата за народна одбрана во Државниот секретаријат за народна одбрана на Југославија. Пензиониран е како генерал полковник на ЈНА.

                                     
  • Михајло Апостолски - Дончо, Мирче Ацев - Стојче, Страшо Пинџур - Jосиф, Цветко Узуновски - Абас, Трајко Бошкоски - Тарцан, Перо Ивановски - Тиквар, Кузман Јосифовски - Питу
  • Отешево. Учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски - Питу, Цветко Узуновски - Абас, Страхил Гигов - Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија
  • Вода, Караорман планина. Манифестот е потпишан од политичкиот комесар Цветко Узуновски од командантот Михаило Апостолски и од членовите на штабот: Методија
  • Методија Андонов - Ченто претседател Страхил Гигов секретар Цветко Узуновски Венко Марковски и Михаило Апостолски. Во својата работа ИО тесно соработува
  • Мојсов, Наум Наумовски, Благој Попов, Елисие Поповски, Кемал Сејфула, Цветко Узуновски Крсте Црвенковски, Лилјана Чаловска и Реис Шакири. секретар: Мито
  • Павел Шатев Александар Мартулков Крсте Гермов - Шакир Мара Нацева Цветко Узуновски Хасан Шукри Јован Гелев Вукашин Попадиќ Милош Јаковлевиќ Димитар Несторов
  • составот на владата излегува Страхил Гигов, а нови министри стануваат Цветко Узуновски и Даре Џамбаз. Промените до кои дојде се следните: Љупчо Арсов ја задржува
  • дејноста во Македонија бил тогашниот началинк на ОЗНА во Македонија, Цветко Узуновски - Абаз. Командант на бригадата бил Тодор Настевски - Бодо, политички
  • Арсов втор потпретседател: Неџат Аголи министер на внатрешни работи: Цветко Узуновски министер на финансии: Даре Џамбаз министер на индустрија и рударство:
  • Колишевски политички секретар Мара Нацева организациски секретар Цветко Узуновски Кузман Јосифовски - Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев. Првиот конгрес