Топ-100
Back

ⓘ Регион - мошне чест поим во полиња како географијата, астрофизиката и сл. што означува некоја територија во целост што содржи свои заемноповрзани делови. Поимот ..




                                               

Јужна Африка (појаснување)

Поимот Јужна Африка се однесува на регион во Африка, но често се однесува и на: Јужноафриканска Република - држава во Африка. Јужна Африка - регион во Африка.

                                               

Лиува I

Лиува I ― визиготски крал на Хиспанија и Септиманија. Тој бил поставен за крал во Нарбон по смртта на Атанагилд во 567 година. Роџер Колинс забележал дека ова е првпат некој визиготски крал да се спомене во северо-источниот регион на државата од 531 година, кога бил убиен Амаларик. Тој предложува дека крунисувањето на Лиува во близина на границата со Франките е заради нови закани од тој сосед; под Гунтрам, се знае дека Франките претставувале повеќе закана за Визиготите. Оваа закана би објаснила и зошто во втората година од неговото владеење, Лиува го натерал својот брат Лиувигилд и совладе ...

                                               

Ингеборг Ауер

Ингеборг Оер е австриски климатолог, позната по својата работа на Проектот HISTALP. Оер потекнува од Velden am Wörthersee. Студирала од 1970 до 1975 година на Институтот за метеорологија и геофизика на Универзитетот во Виена, каде докторирала со тезата Zur Chronik und Synoptik in den österreichischen Südalpenländernon Кон хроника и синоптика во австриските јужни Алпи. Од 1975 година, Оер работел во Централната установа за метеорологија и геодинамика. Во 2001 година станала шеф на одделот за климатолошко истражување на земјиштето и хидроклиматологија. Во 2009 година станала шеф на Одделот з ...

                                               

Костуров брег

Костуровиот брег е северниот дел од атлантскиот брег на Намибија, а мал дел од јужниот брег на Ангола. Брегот го опфаќа атлантското крајбрежје од реката Кунене на север до Свакоп на југ. Сепак, често ова име се користи да се именува и целиот крајбрежен регион на пустината Намиб.

Регион
                                     

ⓘ Регион

Регион - мошне чест поим во полиња како географијата, астрофизиката и сл. што означува некоја територија во целост што содржи свои заемноповрзани делови. Поимот може да означува и територијална единица, од административен, статистички или поинаков карактер.

                                     

1. Географски региони

Во географијата, регионите можат да се поделат по нивните физички особености физичка географија, карактеристики според човековото влијание човечка географија и замодејството на човекот со околината околинска географија. Географските региони и подрегиони обично се непрецизно утврдени според извесни својства и напати менливи граници. Исклучок од ова е човечката географија, каде постојат построги законски одредници како државните граници на земјите.

Покрај глобалните континентални региони на светот, постојат и други видови на физички региони како што се хидросферните и атмосферски региони на океаните, и самостојни клими над копнените и водените маси на планетата. Копнените и водените региони се поделени на подрегиони според географските карактеристики што влијаат на екологијата. Такви се: рамниците и степите, шумовитите масиви, пустините и планинските подрачја.

Постојат региони што се однесуваат конкретно на животинскиот и растителниот свет, но и такви со општествена содржина: така, имаме културни, етнографски, јазични, економски, па сè до плански и статистички региони што служат за полесно собирање и обработка на податоци на пр. статистички региони во Македонија.

                                     

2. Административни региони

Самиот збор "регион" е изведен од латинскиот збор regere "владее". Според тоа поимување, голем број на земји во светот имаат региони како административни единици со значење на области во надлежност на извесна управа или самоуправа.

Административните региони се присутни во следниве земји:

  • Гвинеја région
  • Конго région
  • Чиле región
  • Мадагаскар région
  • Италија regione
  • Англија но не и целото Обединето Кралство
  • Бразил região
  • Џибути région
  • Белгија фр. région ; герм. Region ; хол. gewest
  • Данска region
  • Мали région
  • Намибија region
  • Франција région
  • Унгарија régió
  • Того région
  • Тринидад и Тобаго Regional Corporation
  • Гана region
  • Филипини rehiyon
  • Нов Зеланд region
  • Перу región
  • Гвајана region
  • Танзанија
  • Еритреја region
  • Гвинеја-Бисао região
  • Сенегал région
  • Македонија регион, не се наполно административни
  • Брег на Слоновата Коска région
  • Чад région
                                     

3. Региони во Македонија

Република Македонија има статистички региони што служат статистички, економски плански и административни цели. Тие се:

  • Југозападен Регион
  • Источен Регион
  • Североисточен Регион
  • Полошки Регион
  • Пелагониски Регион
  • Вардарски Регион
  • Југоисточен Регион
  • Скопски Регион
                                     

4. Наводи

  • Meinig, D.W. 1986. The Shaping of America: A Geographical Perspective on 500 Years of History, Volume 1: Atlantic America, 1492-1800. New Haven: Yale University Press. ISBN 0-300-03548-9
  • Bailey, Robert G. 1996 Ecosystem Geography. New York: Springer-Verlag. ISBN 0-387-94586-5
                                     
  • Скопски Регион - еден од осумте статистички региони во Република Македонија. Овој регион се наоѓа во северниот дел на Македонија и се граничи со Косово
  • Југоисточен Регион - еден од осумте статистички и плански региони на Македонија. Овој регион граничи со Вардарскиот и Источниот Регион Регионот ги опфаќа
  • Вардарски Регион - еден од осумте региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во централна Македонија и се граничи со следните региони: Пелагонискиот
  • Пелагониски Регион - еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во југозападниот дел на Македонија и се граничи со Грција и
  • Источен Регион - еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во источниот дел на Македонија и граничи со Вардарскиот, Скопскиот
  • Југозападен Регион - еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во западниот дел на земјата и се граничи со Албанија, како
  • Североисточен Регион - еден од осумте статистички региони на Македонија. Тој се наоѓа во североисточниот дел на државата и се граничи со Скопскиот и со
  • Полошки Регион - еден од осумте статистички региони на Република Македонија. Регионот се наоѓа во северозападниот дел од државата и се граничи со Косово
  • Рекански Регион или само Река - регион во Западна Македонија, помеѓу Маврово и Дебар од едната, и помеѓу границата со Албанија и Кичевската Област

Users also searched:

источен регион на македонија, полошки регион, вардарски плански регион,

...
...
...