Топ-100
Back

ⓘ Студентов t-тест англиски: Students t-test е најчесто употребуван параметриски тест на значајност за тестирање на нулта хипотеза. Со користи за тестирарање на з ..




Студентов t-тест
                                     

ⓘ Студентов t-тест

Студентов t-тест англиски: Students t-test е најчесто употребуван параметриски тест на значајност за тестирање на нулта хипотеза. Со користи за тестирарање на значајноста на разликите помеѓу две аритметички средини.

                                     

1. Историја

Студентовиот t-распоред прв го дефинирал англискиот статистичар Вилијам Сили Госет, со прекар "Студент" и го објавил под псевдонимот "Student" па така и распоредот го добил својот наслов Студентов распоред. Дипломирал хемија и математика на Оксфордскиот универзитет, а потоа го вработиле во пиварницата "Guinness" како еден од најдобрите дипломирани студенти од "Оксфордскиот" и "Кембричкиот" унвиерзитет избрани со цел да се подобри индустрискиот процес на претпријатието. Госет го осмислил т-тестот t-тестот како економичен начин за вршење надзор на квалитетот на пивото. Го објавил тестот во 1908 година, но бил приморан да не го користи своето лично име.

                                     

2. Примена

За да се примени т-тестот t-тестот двете променливи што се тестираат мора да бидат бројчени и доколку големината на примерокот е помала од 30 единици, распоредот треба да биде нормален или барем симетричен.

За негова реализација потребно е да се познаваат параметрите на статистичката маса: големина на примерокот n {\displaystyle {n}}, стандардна девијација S D {\displaystyle {SD}} и аритметичка средина X ¯ {\displaystyle {\bar {X}}}.

Не е потребно да ја знаеме варијансата на основната маса,па заради тоа овој тест е попрактичен од з-тестот z-тестот, бидејќи тестирањето хипотези за аритметичка средина на основната маса најчесто се одвива во услови кога варијансата на основната маса е непозната. Во такви услови варијансата на основната маса ја проценуваме врз основа на варијансата на примерокот, односно грешката на оценката на аритметичката средина на основната маса ја пресметуваме врз основа на стандардната девијација на примерокот по следнава формула:

S G = S D pr n − 1 {\displaystyle SG={\frac {SD_{\text{pr}}}{\sqrt {n-1}}}} каде n − 1 {\displaystyle {n-1}} се степени на слобода.

Под услов основната маса да има нормален распоред или n > 30 {\displaystyle {n> 30}}, а варијансата на основната маса не е позната, тестирањето на хипотезата се заснова на студентовиот т-тест t-тест и се користи следнава формула:

t = X ¯ pr − X ¯ om S D pr / n − 1 {\displaystyle t={\frac се упростуваат и не бараат примена на таблиците за студентов т-распоред, туку донесувањето на заклучок зависи од нивоата на дозволената гранична грешка.

                                     

3. Типови на т-тест

Постојат 6 типа т-тест:

т-тест на разлики помеѓу аритметичките средини на основната маса и примерокот т-тест на разлики помеѓуаритметичките средини на два мали независни примероци т-тест на разлики помеѓу аритметичките средини на два мали зависни примероци т-тест на разлики помеѓу аритметичките средини на два големи независни примероци т-тест на разлики помеѓу аритметичките средини на два големи зависни примероци т-тест на пропорција
                                     

4. Наводи

  • Biography by Heinz Kohler
  • Ристески Славе, Тевдовски Драган 2010: "Статистика за бизнис и економија", четврто издание, Скопје: Економски факултет - Скопје.
  • Paul Newbold 2007: "Statistics for business and economics".
                                     

5. Надворешни врски

  • Хацевинкел, Михил, уред. 2001, "Student test", Математичка енциклопедија, Шпрингер, ISBN 978-1556080104
  • A conceptual article on the Students t -test
                                     
  • Студентов т - тест англиски: Student s t - test е најчесто употребуван параметриски тест на значајност за тестирање на нулта хипотеза. Со користи за тестирарање
  • аритметичка средина на примерокот µ преку статистиката на z - тестот или студентов т - тестот во зависност на големината на примерокот. На иста постапка се
  • Вилкоксоновиот тест на рангот со знаци и Вилкоксоновиот тест на збир на рангови. Овие тестови се алтернатива на параметарскиот Студентов t - тест Некаде околу
  • хипотези, односно не можеме да ги претставиме како два одделни процеси. Студентов t - тест Еднофакторска анализа на варијанса F Двофакторска анализа на варијанса

Users also searched:

...