Топ-100
Back

ⓘ Правило во монетарната политика. Правило за монетарната политика претставува алгебарски, бројчен или графички опис на начинот според кој се носат одлуките за пр ..




                                     

ⓘ Правило во монетарната политика

Правило за монетарната политика претставува алгебарски, бројчен или графички опис на начинот според кој се носат одлуките за промена на инструментите на монетарната политика како одговор на промената на економскитe променливи

                                     

1. Дефиниција на правилата

Џон Тејлор John Taylor го дефинира правилото како опис - изразен алгебарски, бројчено или графички - за тоа како инструментите на политиката монетарната база или каматните стапки се менуваат како одговор на економските променливи.

Дефиницијата на Алан Мелцер за правилата е "систематски процес на одлучување кој ги употребува информациите на доследен и предвидлив начин. Според Бенет МекКалум Bennett T. McCallum, правилото е тековна имплементација на некоја формула, која е избрана така што е применлива за бесконечно голем број на периоди на одлучување. Може да се заклучи дека правилото е формула која инструментот на монетарната политика го насочува кон одржување на таргетираната променлива блиску до нејзината посакувана вредност. Во општа смисла, правилото е претставено преку формулата:

r t = r t − 1 + x t − 1 ∗ − x t − 1 {\displaystyle r_{t}=r_{t-1}+x_{t-1}^{*}-x_{t-1}}

каде r е инструментот на монетарната политика, додека x е таргетираната променлива.

Во основа, правилата се делат на количински и ценовни: првите се однесуваат на некој монетарен агрегат, а вторите на некоја цена како:девизниот курс, златото, општото ниво на цените или каматните стапки. Свенсон ги дели правилата во две широки класи:

  • правила на инструментитeinstrument rules
  • и правила на таргетирање targeting rules.

Првите се правила кај кои инструментот на монетарната политика на пример, кусорочните каматни стапки или примарните пари реагира на одредени променливи, т.е. инструментот на монетарната политика се менува механички според промена на некоја од променливите. Вторите правила значат дека монетарната политика реагира на отстапувањето на некоја крајна цел или интермедијарен таргет intermediary target од нивната таргетирана вредност. Иако, оваа поделба инсистира на терминолошка прецизност, сепак таа не е пошироко прифатена, така што под поимот правило се подразбира она кое се однесува на начинот на реагирање на инструментот на политиката.

Карактеристики на доброто правило се:

  • Прецизност - правилото да биде јасно поставено, т.е. квантифицирано, а не да биде воопштено со зборови како "да се обезбеди стабилност на цените на долг рок";
  • Ефикасност - доброто правило треба да обезбеди минимална варијабилност на цените и производството при различни претпоставени макроекономски модели,
  • Одговорност - правилото да овозможува оценка на перформансите на централната банка, т.е. да може лесно да се утврди, дали таа се придржува кон него или го прекршува.
  • Едноставност -во изразувањето на правилото, кое треба да биде лесно разбирливо;
                                     

2. Улогата на правилата во монетарната политика

За надминување на ограничувањата на монетарната политика клучно е поставување прецизни и строги правила според кои би се водела монетарната политика. Притоа, постојат економски и политички аргументи за прифаќање на правилата во водењето на монетарната политика. Економските аргументи произлегуваат од анализата на временската неконзистентност, додека политичките аргументи се состојат во заштитата на монетарната политика од злоупотреба од страна на политичарите. Но, наспроти големата популарност што ја уживаат правилата во монетарната теорија, во реалниот живот не постои случај на водење на монетарната политика според однапред пропишано квантитативно правило.

Иако дебатата "за и против правилата" е доста стара, сепак таа доби остар пресврт со анализата на проблемот на временската неконзистентност на дискреционата политика. Анализата на Кидланд Finn E. Kydland и на Прескот Edward C. Prescott директно сугерира дека економската политика треба да се води според конституционални правила, кои нема да се менуваат, освен во исклучителни состојби. Движејќи се во истата рамка, и Баро Robert J. Barro и Гордон David B. Gordon покажуваат дека правилата водат кон подобри економски перформанси во споредба со дискреционата политика, дури и кога монетарната политика е добронамерна, т.е. настојува да ја максимизира благосостојбата на општеството. Тие го потврдуваат правилото е супериорно во однос на дискрецијата, но тие покажуваат дека идеалното правило за нулта инфлација не е применливо заради искушението да се прекрши правилото и придобивките кои произлегуваат од тоа. Според нив, применливите правила подразбираат некоја позитивна стапка на инфлација.

                                     

3. Конкретни правила во монетарната политика

Најпознатото правило, кое побудува голем интерес не само во теоријата, туку и во практичното водење на монетарната политика, е Тејлоровото правило Taylor rule, кое е претставено во следнава општа форма:

R = π ¯ + g y + h t − ∗ + r ¯ {\displaystyle R={\bar {\pi }}+gy+ht-*+{\bar {r}}}

каде што R го претставува инструментот на монетарната политика, т.е. номиналната каматна стапка на централната банка; π е посакуваната стапка на инфлација на долг рок; y е разликата помеѓу тековниот и потенцијалниот производ т.н. јаз во производството- output gap; i t и i* се тековната и таргетираната инфлација, содветно; и r е рамнотежната каматна стапка. Tеоретските модели и историските симулации покажуваат дека h > 1 е потребен услов за водење на стабилизационата политика, т.е. при отстапување на тековната инфлација од таргетот, централната банка треба да реагира со натпропорционално зголемување на номиналнитe каматни стапки, што пак имплицира пораст на ex post реалните каматни стапки.

Во литературата се сретнуваат бројни модификации на Тејлоровото правило. Лоренс Бол Laurence Ball го предлага следново правило за водење на монетарната политика во отворена економија:

w r + 1 − w e = a y + b + e − 1 {\displaystyle wr+1-we=ay+b+e_{-1}}

според кое, инструментот на монетарната политика комбинација на каматната стапка и девизниот курс реагира на јазот во производството и комбинацијата на тековната инфлација и девизниот курс во минатиот период, а тоа е долгорочната инфлација која е исчистена од ефектите на транзиторните промени на девизниот курс.

На оваа линија е и правилото на Хендерсон и Мек Кибин:

i t = i ∗ + 2,\;\beta > 1}

каде што монетарната политика реагира на отстапувањето на очекуваната инфлација од таргетираната и на очекуваното отстапување на реалниот производ од потенцијалниот. МекКалум и Нелсон го применуваат истото правило, само со номиналниот доход наместо очекуваната инфлација.

Поради бројните правила споредувањето на одделните правила и изборот на најдоброто помеѓу нив се врши преку симулации во рамките на некој теоретски модел и споредба на добиените резултати со емпириските. Овие симулации даваат различни резултати во поглед на изборот на најдоброто правило.



                                     

4. Дебатата за и против правилата

Стенли Фишер Stanley Fischer, смета дека во теоријата правилата го намалуваат задоцнувањето при одлучувањето во монетарната политика, која не губи време, туку реагира автоматски, а исто така, со нив се спречува политиката да реагира премногу или предоцна. Според Вилијам Пул William Poole правилата обезбедуваат одговорност и транспарентност на политиката, како и историски запис за да може да се оценува, зошто во минатото политиката правела грешки и, врз таа основа, во иднина да се поправа правилото. За Роберт Лукас Robert E. Lucas, примената на правила во монетарната политика обезбедува стабилност и безболно реструктурирање на параметрите на однесувањето на економскиот систем.

Постојат сериозни забелешки за примената на правилата во монетарната теорија. На теоретски план, се аргументира дека предностите на правилата произлегуваат од теоретските модели кои засноваат врз премногу упростени и нереални претпоставки. Така, придржувањето кон некое правило може да биде контрапродуктивно во зависност од конвенциите кои ги координираат очекувањата и акциите на економските агенти, како и при големи шокови кои ја погаѓаат економијата и во услови на голема неизвесност. Според Баро, недостатокот на правилото е тоа што централната банка добива мотив за лажење, т.е. одвреме-навреме да го прекрши правилото, со што таа создава привремен економски бум. Понатаму, правилата оневозможуваат да се вградат новите сознанија во монетарната политика. Правилата бараат реориентација на целокупниот процес на планирање на политиката, што е тешко изводливо. Исто така, емпириските врски помеѓу економските променливи можат да се променат со тек на време, понекогаш дури и непредвидливо, со што правилото престанува да функционира.

Најголемата слабост на правилата е тоа што не може однапред да се предвидат сите можни состојби во кои ќе западне економијата и соодветно, за секоја состојба да се пропише посебно правило. Се смета дека правилата ја оневозможуваат флексибилноста на монетарната политика, која не е во состојба да ги неутрализира ефектите од неповолните шокови кои ја погаѓаат економијата. Како одговор на овие критики се предлага поставувањето на лепеза на правила contingency rules, кои би се активирале во секоја посебна ситуација во која запаѓа економијата. На тој начин, правилото не ја исклучува активистичката политика. Но, овој пристап на Дорнбуш Rudiger Dornbusch и Фишер, и МекКалум е применлив ако бројот на можните ситуации во кои може да западне економијата е мал, но во реалноста има голем број такви комбинации, што би водело кон специфицирање многу комплексни правила, кои се тешко применливи. Исто така, овие правила се тешки за верификација, т.е. создаваат поттик за лажење и оправдување на постапките на централната банка со некои објективни околности. Како последица на недостатоците на правилата, во реалниот свет не постои случај на препуштање на монетарната политика на некоја однапред специфицирана формула. Уште повеќе, како што забележува МекКалум, правилата воопшто не се неопходни бидејќи компетентната централна банка може самата да избере да не се однесува инфлаторно без помош на никакви правила. Во тој поглед се наведува примерот на ФЕД во последниве дваесет години, кој исклучително добро ја води монетарната политика без употреба на никакви правила.

                                     
  • Монетарната политика англиски: monetary policy претставува дел од макроекономската политика на една земја. Со нејзините мерки и инструменти, во комбинација
  • и Ана Шварц во делото со наслов Монетарна историја на САД 1867 - 1960 извршиле преглед на историската анализа на монетарната политика во САД за период
  • Инструментите на монетарната политика англиски: monetary policy instruments се средства или активности кои централните банки со голема прецизност ги
  • Фридмановото правило - правило на монетарната политика воведено од страна на Милтон Фридман, според кое номиналната каматна стапка треба да биде одредена
  • на овој концепт произлегува од долгите временски задоцнувања на монетарната политика поради кои централната банка мора да биде превентивна, односно да
  • рационалните очекувања врз монетарната политика англиски: The effects of rational expectations on monetary policy се многу силни во поглед на ефикасноста
  • англиски: nominal income targeting претставува стратегија во која монетарната политика настојува директно да го одржува нивото или растежот на номиналниот
  • посветувале на проучување на прашањата од областа на монетарната теорија и монетарната политика Главни претставници на монетаризмот се: Милтон Фридман
  • Bank, ECB со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е централна банка на Еврозоната, која е надлежна за монетарната политика на членките на Европската
  • дерегулацијата, монетарната политика и даночната политика ги промениле економските состојби во светот, и воопшто, ги промениле сфаќањата на економијата во целина
  • на монетарната и фискалната политика по правило нема посебна смисла. За нив е значајна агрегатната понуда и стимулирањето на потенцијалниот БДП. Во овој

Users also searched:

...
...
...