Топ-100
Back

ⓘ Вера Ацева - Доста, 24 ноември 1919 - Скопје, 10 ноември 2006 - македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија, прогласена на 29 ноември 195 ..




Вера Ацева
                                     

ⓘ Вера Ацева

Вера Ацева - Доста, 24 ноември 1919 - Скопје, 10 ноември 2006) - македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија, прогласена на 29 ноември 1953 година.

                                     

1. Помеѓу двете светски војни

Поради лошата материјална состојба, Ацева е принудена да го прекине образованието по завршувањето на втор клас гимназија и да се вработи. Работела во тутунската индустрија.

На работничкото движење му пристапува на 16 години. Станува член на КПЈ на почетокот на 1940 година. Во септември истата година, на Покраинската конференција, е избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Од септември 1940 до ноември 1941 година е секретар на Месниот комитет во Прилеп.

                                     

2. НОВ

Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум.

                                     

3. По ослободувањето

По ослободувањето Ацева врши повеќе раководни функции. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје. На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избрана во Централниот комитет на КПЈ.

Во март 1949 година, при реконструкцијата на Владата на НРМ, е избрана за министер за земјоделство. Во Владата од 1951 година е избрана за министер - претседател на Советот за народно здравје и социјални грижи. Избрана е за член на Извршниот совет од февруари 1953 година, од декември 1953 година и од 1958 година. На 27 септември 1960 година е разрешена од должноста претседател на Републичкиот Совет за социјална политика и комунални прашања. Потоа била член на Сојузниот извршен совет. Била пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ.

Во 1960 година Ацева доаѓа во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија, Лазар Колишевски, обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски - Бато ги донесува одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ. На седницата од 18 октомври 1960 од Белград доаѓа Александар Ранковиќ, кој застанува на страната на Колишевски. Ацева е принудена да се повлече и е преместена на работа во Белград.

Во 1991 година ја објавува својата книга "Писмо до Светозар Вукмановиќ – Темпо".



                                     
  • внук на војводата Мирче Ацев, чие име и го носел. Негова внука била и Вера Ацева која исто така учествувала во НОВ. Семејството на Ацевци Симоновци
  • потпретседател: Страхил Гигов членови: Методија Митревски, Александар Грличков, Вера Ацева Ристо Џунов, Мито Хаџивасилев, Благој Попов, Васил Ѓоргов, Трајче Грујоски
  • создаден по препорака на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и на Вера Ацева која била член на комитетот и на оперативното раководство. Одредот тргнува
  • потпретседатели: Љупчо Арсов и Видое Смилевски членови: Димитар Алексиевски, Вера Ацева Страхил Гигов, Киро Георгиевски, Мито Димитриевски, Боге Кузмановски
  • следниот: претседател Љупчо Арсов потпретседател: Крсте Црвенковски членови: Вера Ацева Наум Наумовски, Филип Брајковски, Киро Георгиевски, Ристо Џунов, Злате
  • Шарло од страна на Тито со зборовите стариот Бугарин или обвинувањето на Вера Ацева која го тврди следното: Според Љупчо Георгиевски, не само што тој, туку
  • 1919 - Димитар Богоевски, партизан и народен херој 24 ноември 1919 - Вера Ацева партизанка и народен херој 4 мај 1912 - Пере Тошев, револуционер 10 април
  • одлуката да не се собира оружјето од војската на Кралството Југославија, Вера Ацева тврди: Директивата да не се собира оружје на Месниот комитет на Прилеп
  • 1918 - 1943 Трајко Бошкоски - Тарцан, учесник во НОВ 1919 - 2006 Вера Ацева народен херој на Југославија 1919 - 2001 Борко Темелкоски, народен
  • војвода од времето на османлиското владеење во Македонија. Неговата сестра Вера Ацева исто така учествувала во НОВ и била прогласена за народен херој. По завршувањето
  • Беловски За министер за земјоделство на местото на Ванчо Бурзевски е избрана Вера Ацева за министер и претседател на Комитетот на Универзитетот, високите школи

Users also searched:

...