Топ-100
Back

ⓘ Атанас Забазноски. Атанас Прокопиев Забазноски - Руски - македонски комунист, учесник во НОВ. Одликуван бил со орденот Народен херој и носител на признанието Па ..




Атанас Забазноски
                                     

ⓘ Атанас Забазноски

Атанас Прокопиев Забазноски - Руски - македонски комунист, учесник во НОВ. Одликуван бил со орденот "Народен херој" и носител на признанието "Партизанска споменица 1941".

                                     

1. Животопис

Забазноски е роден на 7 јануари 1926 година во Прилеп, во сиромашно семејство. Во 1941 година станал член на СКОЈ. Во октомври 1943 година се приклучил на Првата македонско-косовска ударна бригада. Прекарот "Руски" го добил по тоа што неговиот татко имал руско потекло. Завршил курс за скоевски раководители, што го раководел Крсте Црвенковски, а потоа станал секретар на СКОЈ за 41 македонска дивизија. Учествувал во Февруарскиот поход, како и во борбата кај село Ноти над Фуштани, кога бил и ранет во рамото.

Во 1945 година заминал на Сремски фронт како секретар на СКОЈ на 42 дивизија. За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.

По војната, Забазноски работел во КОС, на Четвртиот пленум на СКЈ во 1966 година, по смената на Александар Ранковиќ, ја напуштил службата. До пензионирање работел во Државниот секретаријат на Министерството за внатрешни работи. Во 1975 година бил исклучен од Сојузот на комунистите на Македонија.

Бил близок пријател со македонскиот писател Венко Марковски. Впрочем, тој го придружувал Венко по патот за Голи Оток.

Во разговор со новинарот Виктор Цветаноски, тој проговорил за спомените од војната:

Прво, јас бев многу издржлив и јак човек. Можев да носам митралез полн со куршуми, барабан и плус уште реденици со 350 куршуми и по неколку стотици километри, а во борбите никогаш непотребно не сум се повлекувал, ниту, пак, ме фаќала паника во тешки ситуации.

- Утрински Весник, 2006 г.

Кога нашите борци го зазедоа Витачево, дојдоа кај мене двајца прилепчани и ме извлекоа од долот. Бев во кома. Подоцна разбрав дека околу мене имало расправија. Се двоумеле што да прават со мене, дали да ме убијат за да не им бидам на товар во понатамошните борби или да ме носат и да ме лекуваат. За среќа, имаше една медицинска сестра, која им рекла дека можеби ќе биде добро да ме испратат во Грција додека заздравам. Ме качија на коњ, ме однесоа во Грција и таму ме излекуваа.

- Утрински Весник, 2006 г.

                                     
  • Димитријевски - Шипе, македонски глумец. Бранко Ѓорчев, македонски глумец. Атанас Забазноски македонски комунист. Петар Илиевски, македонски научник. Трајанка

Users also searched:

...