Топ-100
Back

ⓘ Агилноста се дефинира како способност на еден систем брзо да одговори на промена преку приспособување на неговата почетна стабилна конфигурација”. Во овој случа ..




Агилност
                                     

ⓘ Агилност

Агилноста се дефинира како "способност на еден систем брзо да одговори на промена преку приспособување на неговата почетна стабилна конфигурација”.

Во овој случај, агилноста претставува способност ефикасно да се промени положбата на телото, коешто наложува примена на изолирани движечки вештини во комбинација со рамнотежа, со координација, со брзина, со рефлекси, со сила и со издржливост. Агилноста претставува способност да се промени насоката на телото на еден ефикасен и ефективен начин, за да се постигне ова, потребна е комбинација на: баланс – способноста да се одржи рамнотежа при статична положба или при движење на пр. да не паднете преку координираните дејства на нашите сетилни функции очи, уши и проприоцептивните органи во начите зглобови; статична рамнотежа – способноста да се одржи центарот на масата над основата врз којашто се стои во статична положба; динамична рамнотежа – способноста да се одржи рамнотежа со движење на телото; брзина – способноста брзо да се движат сите делови или само еден дел од телото; сила – способноста на еден мускул или на мускулна група да надмине одреден отпор; и последно, координација – способноста да се контролира движењето на телото во соработка со сетилните функции на телото на пр. фаќање топка.

Во спортовите, агилноста честопати се дефинира во однос на определен спорт, како резултат на тоа што таа претставува збир од многу компоненти од коишто секоја се користи на различен начин специфичен за сите видови на различни спортови. Шепарт и Јанг 2006 година ја дефинирале агилноста како "брзо движење на целото тело со промена на брзина или на насока како одговор на еден стимул.” Во бизнис светот и во развојот на софтвери, агилност значи способност за брзо и за ефикасно приспособување на промените. Неодамна, агилноста се применува на пр. во контекст на агилен развој на софтвери и во контекст на агилно претпријатие.

                                     
  • ацелерација, стартување, запирање, вртење со еден збор манифестирање агилност Во светот на нектонот доминира инерцијата. Нектонски организми се рибите
  • познат како вешт дефанзивец со добри вештини за додавање, брзо темпо, агилност и силен шут. FIFA Club World Cup Morocco 2013: List of Players PDF
  • надгледува разните активности на кучиња, вклучувајќи емисии со кучиња, агилност на кучиња и работни испитувања. Исто така, работи со националниот регистар
  • опишан како јуначко пиле Нивната агилност и точност во забележувањето на пленот е поим за острина и агилност на видот, поради што се вели дека некој
  • ред или како лево крило.Тој е познат по неговото забрзување, дриблинг, агилност креативност, разновидност, техничка вештина и способност за играње. Марин
  • за пловидба по водите на Атлантскиот Океан.Каравелата со својата брзина, агилност и издржливост ги оправдувала средствата за нејзина изработка и ја правело
  • глодари како и помали птици. Овие птици се потпираат на нивната брзина и агилност при ловот. Ловат летајќи брзо и ниско над земјата на висина помала од
  • ситуации либерото вообичаено се менува со некој од блокерите. Исклучителна агилност и координација рамнотежа, осет за простор длабина и ширина, брза реакција
  • Пастиња беше брилијантен Капуерист чија игра беше окарактеризирана со агилност брзина и интелигенција. Пастиња скаше неговите ученици да го разберат