Топ-100
Back

ⓘ Кенигс Вустерхаузен е најголемиот град во округот Даме-Шпревалд. Со општинската реформа во 2003 кон градот се припоиле седум општини меѓу кои: Цезен, Каблов, Ди ..




Кенигс Вустерхаузен
                                     

ⓘ Кенигс Вустерхаузен

Кенигс Вустерхаузен е најголемиот град во округот Даме-Шпревалд. Со општинската реформа во 2003 кон градот се припоиле седум општини меѓу кои: Цезен, Каблов, Дипензе, Нидерлеме, Зенциг, Вернсдорф и Цернсдорф, со што површината на градот шесткратно се зголемила, а неговото население се дуплирало.

                                     

1. Историја

Во 1320 првпат бил споменат замокот во градот, како и околината. Од 1400 биле поседи на благородничко семејство од Шлибен.

На 14 октомври 1669, Фридрих фон Јена го добил замокот и селото Вендиш Вустерхаузен. На почетокот на јули 1683, Фридрих кој подоцна станал изборен кнез и крал на Прусија, го добил замокот и селото. Во 1698, Фридрих Вилхелм го добил замокот како подарок од неговиот татко. Во 1707, крунисаниот принц и подоцна крал, Фридрих Вилхелм I ја основал неговата компанија. Помеѓу 1713 и 1718, замокот бил претворен во ловечка куќа. Во 1718, градот со името Вустерхаузен, го добил моменталното име Кенигс Вустерхаузен.

Во 1862, романописецот и поетот Теодор Фонтане го посетил Кенигс Вустерхаузен кога го пишувал својот патопис.

Од 1901, Кенигс Вустерхаузен е дом на бранденбуршкото школо за слепи и слеповидни, финансирано од хамбуршкиот трговец Херман Шмит.

Во 1920 бил пуштен првиот радиски предавател во Германија во близина на градот, а во 1935, Кенигс Вустерхаузен го добил статусот на град. Во 1937 била изградена и осветена католичката црква Св. Елизабета.

Во 1938 била отворена обиколницата околу Берлин, сега автопат 10, кога ги опслужувала градовите околу Берлин. Во 1944 бил изграден концентрационен камп во близина на железничката товарна станица.

По Втората светска војна Кенигс Вустерхаузен се наоѓал во Источна Германија.

Во 1972 паднала централната кула, висока 243 метри, дел од радиските предаватели. Истата година во близина на градот се срушил Иљушин Ил-62 во кој загинале 156 луѓе.

                                     
  • помине низ градот Кенигс Вустерхаузен Цернсдорфер Ланкензе се влева во Крипелското Езеро како десна притока. Кај Кенигс Вустерхаузен реката Ноте се влева
  • Хенигсдорф г Хоен Нојендорф г Даме - Шпревалд: Ајхвалде, Бестензе, Вилдау, Кенигс Вустерхаузен г Митенвалде г Хајдезе, Цојтен, Шенефелд, Шулцендорф. Меркиш - Одерланд:
  • покраината Бранденбург во 1990 биле основани окрузите Либен, Лукау и Кенигс Вустерхаузен но во 1993 овие три окрузи биле споени. Реката Шпре влегува во округот
  • граничи со Ајхвалде на север, Шулцендорф и Шенефелд на запад, Вилдау и Кенигс Вустерхаузен на југ, како и округот на Берлин Трептов - Кепеник на источниот брег

Users also searched:

...