Топ-100
Back

ⓘ Пинк Пантер 2 е американски шпионска комедија– филм од 2009 год. Филмот својата премиера ја имаше на 6 февруари 2009 и забележа успех во киноблагајните. После о ..




Пинк Пантер 2
                                     

ⓘ Пинк Пантер 2

Пинк Пантер 2 е американски шпионска комедија– филм од 2009 год. Филмот својата премиера ја имаше на 6 февруари 2009 и забележа успех во киноблагајните.

После оригиналот од 1963. година со Питер Селерс во улога на глупавиот инспектор Клусо, Пинк Пантер набргу стекна статус како еден од култните филмови на 20 век. Од тогаш поминаа многу години, но изгледа дека забавната приказна во потрага по фамозните дијаманти и понатаму му е интересна на филмаџиите и публиката. Но, еден од најтешките задачи на продуцентскиот тим им беше да пронајдат достојна замена за легендарниот Селерс. Изборот падна на познатиот комичар, Стив Мартин, кој својот талент за хумор го докажал безброј пати. Но сепак и покрај неверојатниата смисла за хумор на Стив Мартин, сите потврдуваат дека никој не може да го замени хуморот на Питер Селерс.

Можеби всушност и во тоа лежи тајната на неуспехот на Пинк Пантер од 2006. година и за овој негов постар брат. Во вториот дел на актерската екипа се наоѓаат и Енди Гарсија, Жан Рено и Џереми Ајронс. Режисерката работа ја одради холандскиот режисер Харалд Цварт.

                                     

1. Синопсис

Инспекторот Жак Клусо Стив Мартин е легендарен француски детектив на кој ниту еден случај не му е претежок. Убиства, грабежи и разноразни уцени за него не претставуваат никаква препрека, но сепак, неговиот талент’ најмногу доаѓа до израз кога станува збор за кражби на скапоцени уметности. Спрема тоа, воошто не чуди што нашиот Клусо пред шест месец, без ничија помош го пронајде украдениот дијамант – непроценливиот Пинк Пантер – и со тоа го реши случајот. Сосема е небитен фактот дека при тоа направи штета во вредност од неколку милиони долари, но можеби впрочем овде лежи одговорот на прашањето бидејќи од тогаш работи како обичен уличен полицаец. На таа позиција го смести неговиот надреден, шеф на полицијата Дрејфус кој не го поднесува Клусо и сака да биде што подалеку од себе.

На сите им е кристално јасно дека овде се работи за чисто глупирање наспрема одличниот полициски талент, но тоа нема да трае долго. Набргу непроценливи богатства почнуваат да исчезнуваат низ цел свет. Се чини дека така никој нема да биде поштеден од мистериозниот крадец кој подеднакво ги напаѓа и музеите, како и приватните збирки. Наскоро се дознава дека одговор за тоа е лукавиот крадец Торнадо и поради тоа се формира тим од детективи од цел свет. Се работи за најдобрите од најдобрите, но сепак им недостасува една клучна карика – Клусо. Недолго после основувањето на овој тим од соништата’ Дрејфус добива испорака дека и инспекторот Клусо мора под итно да му се приклучи на другите во тимот Торнадо. Тоа и се случува, за тоа време Торнадо го кради и Пинк Пантер.

                                     

2. Филмски критики

Коментарите на интернет страницата Rotten Tomatoes се откриваат дека се работи за многу нестабилно и лизгаво земјиште’. Оцената од 13% говори и сама за себе, на кој тоа не му е доволно, тука е и концензус критиката која гласи отприлика вака – филмот изгледа како еден од големите низа лоши шали па со своето катастрофално сценарио и режија успеал да поткупи и големи актерски таленти. Со таквото мислење се сложуваат повеќето критичари, меѓу кои го издвојуваме коментарот од Rolling Stone списанието: Зар не беше доволно лошо првиот пат?’

                                     
  • Ангели: Полн гас како танцуваат на темата на Пинк Пантер Исто така учествуваат на музичкиот спот на Пинк за песната Trouble Во 2002г. групата беше
  • Марс, Транспортер, Транспортер 2 Транспортер 3, Адреналин, Адреналин 2 Хаос, Смртоносна трка, Војна, Платеници, Платеници 2 Безбедни. Џејсон Стејтам е
  • политички изрази како што се слобода за Хјуи анг. Free Huey за Црниот Пантер Леопард Хјуи Њутн за момент станаа популарни како графити во ограничени
  • поделба, Универзал располага со заштита на правата за филмот Враќањето на Пинк Пантер Универзал исто така располага со правата на Хана Барбера Продукција
  • 1 април 2 април 3 април 4 април 5 април 6 април 7 април 8 април 9 април 10 април 11 април 12 април 13 април 14 април 15 април 16 април 17 април 18 април

Users also searched:

...