Топ-100
Back

ⓘ Петар, име. Петар - машко христијанско име од грчко потекло. Потекнува од грчко име Петрос и значи карпа, камен, поради тоа се смета за симбол за непристрасност ..




Петар (име)
                                     

ⓘ Петар (име)

Петар - машко христијанско име од грчко потекло. Потекнува од грчко име "Петрос" и значи карпа, камен, поради тоа се смета за симбол за непристрасност, одлучност и постојаност. Името Петар е име на еден од дванаесетте Христови апостоли. Римокатолиците свети Петар го сметаат за првиот папа и сметаат дека сите останати папи се негови наследници.

                                     

1. Потекло

Исус Христос зборувал на арамејски јазик, и според Библијата, на својот нов ученик, на рибарот Симон му го дал името Кифа Кефа, што на грчки е преведено како Петрос. Ова значи дека свети Петар под тоа име не постоел, туку тоа име подоцна е дадено во грчкиот превод. Самиот назив Петар како камен, стена, темел се однесува на патер, татко, оној кој се прашувал за сè во патријархалните општества. Таткото бил камен-темелник на семејството.

                                     

2. Именден

Во Македонија именден се слави на 12 јули според јулијанскиот календар.

Во Бугарија и останатите православни цркви кои го прифатиле грегоријанскиот календар именден се слави на 29 јуни.

                                     

3. Популарност

Во сите варијанти ова календарско име е популарно во сите јазици во христијанскиот свет од минатото па сè до ден денес. За популарноста на нашите пошироки простори најголем придонес имаат црквите со името на свети Петар кои биле основани во разни делови на Балканскиот Полуостров. Името доста често во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Во 2009 година оваа име во Македонија беше на деветто, а во 2012 година на седмото место по популарност.

                                     

4. Петар на други јазици

  • италијански - Пјетро, Пјеро забелешка: зборот за камен на италијански е "пјетра"
  • англиски - Питер, Пит
  • француски - Пјер забелешка: зборот за камен на француски е исто така "пјер"
  • српски, хрватски - Петар
  • бугарски - Петр, Камен
  • руски - Пјотр
  • германски - Петер
  • шпански - Педро
  • словенечки - Петер
                                     
  • завет. Апостол Петар е роден во Витсаида, северно од Галилејското Езеро, во семејство на рибарот Јона. Првото име му било Симон. Името Петар Petrus, од
  • Петар I Алексеевич или Петар Велики руски: Пётр I Алексеевич Пётр Великий Москва, 9 јуни 1672 - Санкт Петербург, 8 февруари 1725 според грегоријанскиот
  • Петар II Петровиќ Његош, световно име Раде Томов Петровиќ Његуши, 1 ноември 1813 - Цетиње, 31 октомври 1851 бил владика и владетел на Црна Гора од
  • Свети Петар појаснување Папска базилика Свети Петар латински: Basilica Papale Sancti Petri - соборна црква во Ватикан, посветена на апостол Петар и
  • Гробот на Свети Петар се наоѓа во базиликата Свети Петар во Ватикан. По распнувањето на Исус во текот на 1 век од новата ера, во библиската книга Апостолски
  • Петар Поп Арсов 14 август 1868 - 1 јануари 1941 - македонски национален херој, филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна
  • Петар II Алексеевич 23 октомври 1715 - 29 јануари 1730 руски: Пётр II Алексеевич бил император на Русија во периодот од 1727 до 1730 година. Починал
  • Петар Ангеловски е често македонско име и презиме и може да се однесува на: Петар Ангеловски 1943 - 1999 - македонски биолог и универзитетски професор
  • За сценографот со исто име видете Петар Ангеловски сценограф Петар Ангеловски Луково, Кратовско, 16 септември 1943 Скопје, 1999 - македонски биолог
  • За биологот со исто име видете Петар Ангеловски биолог Петар Ангеловски Битола, 1931 Битола, 2003 - македонски сценограф. Ангеловски е роден во Битола
  • прифати, се прашува кое име ќе го користи како папа. Тогаш врховниот кардинал ѓакон излегува на балконот над плоштадот Свети Петар и објавува: Annuntio vobis