Топ-100
Back

ⓘ Вангел Темелковски Темов e роден 1896 година во селото Царев Двор, Ресенско. Доброволец во Шпанската граѓанска војна. Поборник за независна Македонија. Работник ..




                                     

ⓘ Вангел Темелковски

Вангел Темелковски Темов e роден 1896 година во селото Царев Двор, Ресенско. Доброволец во Шпанската граѓанска војна. Поборник за независна Македонија. Работник по занимање. Емигрирал во Канада, а во 1927 година во САД. Во 1933 година станал член на Комунистичката партија. Во Шпанија дошол на 26 февруари 1937 година. Бил ранет во текот на војната. Во март 1939 година повторно заминал, односно пребегнал во САД, а во 1946 година се вратил во Македонија, во Скопје. Стигнал до војничкиот чин Капетан. Умрел на 27 април 1972 година.