Топ-100
Back

ⓘ Енергетика - меѓудисциплинска инженерска наука што се занимава со делотворно, безбедно, еколошки безбедно и економски исплатливо добивање, претворање, пренос, с ..




Енергетика
                                     

ⓘ Енергетика

Енергетика - меѓудисциплинска инженерска наука што се занимава со делотворно, безбедно, еколошки безбедно и економски исплатливо добивање, претворање, пренос, складирање и искористување на енергија.

                                     

1. Меѓудисциплински полиња

Како меѓудисциплинска наука, енергетиката опфаќа делови од гплем број научни области.

  • земјоделство и шумарство, за извори на обновлива енергија.
  • електроинженерство
  • рударство, за петрохемиски и фосилни горива.
  • пренос, за најдобар и најефикасен пренос на енергијата.
  • животната средина, за изучување на влијанието и последиците на производството и употребата на енергијата по околината, природата и климатските промени.
  • управување со отпад, за влијанието врз животната околина.
  • географија, за геотермална енергија и испитувањето на наоѓалишта на ресурси.
  • физика, како механика, термодинамика и нуклеарна физика
  • машинско инженерство, за машини како мотори со согорување, турбини, пумпи и компресори.
  • метеорологија, за ветерна и сончева енергија.
  • хемија за гориво, согорување, загадување на воздухот, индустриски издувни гасови, акумулаторска технологија и горивни ќелии.
  • вода и водни патишта, за хидроенергија.
                                     

2. Електроинженерство

Електроинженерството се занимава со производство и употреба на електрична енергија, каде спаѓа и изучувањето и изработката на машини како генератори, електромотори и трансформатори. За таа цел потребна е инфраструктура како трафостаници и претворачи, далноводи и кабли. Делотворноста на системот се подобрува со подобрување на напонот и моќноста на мрежите.

                                     

3. Топлинска и хемиска енергија

Топлинската термална и хемиска енергија преплетени во полиња како хемија и изучувањето на животната средина. Согорувањето е појава кај разните пламеници и хемиски двигатели, индустриски печки, при согорување на отпад.

Енертетиката се справува со проблеми како загадувањето на воздухот со пречистување на издувните гасови по механички, топлински и хемиски пат. Контролата на овие издуви е предмет на работа на процесното и хемиското инженерство. Кај овој вид на енергија од важност се конструкцијата, изработката и употребата на парни котли и турбини се користат и во добивањето на нуклеарна енергија. Сите овие технологии се произлезени од применетата механика и материјалотехниката.

                                     

4. Нуклеарна енергија

Нуклеарната технологија се занимава со производство на нуклеарна енергија од реактори, обработка на нуклеарното гориво и на радиоактивниот отпад. Со неа се занимаваат применетата нуклеарна физика, нуклеарната хемија и изучувањата на зрачењето.

Добивањето на нуклеарна енергија веќе неколку децинии е проблематична тема во повеќе земји од безбедносни причини, но сепак, нуклеарната фисија е од голема важност светската енергетика. Овие проблеми би се решиле со развојот на технологиите за нуклеарна физија и нивно искористување, но истите сè уште се предмет на истражување во областа на нуклеарната физика.

                                     

5. Обновлива енергија

Постојат разни видови на обновлива енергија:

Ветерна енергија

Ветерните турбини ја користат енергијата на атмосферските струења ветришта за претворање на механичката во електрична енергија. За таа цел конструкцијата им е аеродинамична.

Геотермална

Геотермалната енергија ја користи топлината од земјата за загревање и добивање на електрична енергија.

                                     

5.1. Обновлива енергија Сончева енергија

  • фотонапонска енергија - производство на струја со сончеви ќелии на во поединечни плочи или големи строеви со многу единици. Од суштинско значење за овој вид на енергетика се полупроводниците. Тука електричната енергија се добива од сончевото зрачење, а не од топлината.
  • сончев колектор - изложување на сончеви плочи на зрачењето од сонцето, чија топлина служи за загревање на простории и вода.
  • сончевотоплинска хелиотермална енергија - претворање на сончевата топлина во електрична енергија.
                                     

5.2. Обновлива енергија Ветерна енергија

Ветерните турбини ја користат енергијата на атмосферските струења ветришта за претворање на механичката во електрична енергија. За таа цел конструкцијата им е аеродинамична.

                                     

5.3. Обновлива енергија Геотермална

Геотермалната енергија ја користи топлината од земјата за загревање и добивање на електрична енергија.

                                     

5.4. Обновлива енергија Хидроенергија

Хидроенергијата е механичка енергија од реките, морските бранови и плимата и осеката. За нејзино искористување се потребни брани, тунели, водни патишта и уредени брегови. Овој тип на енергетика е во надлежност на градежното инженерство хидроградба и сл., хидрологијата и геологијата. Механичката енергија на водата се претвора во електрична со водна турбина поврзана со генератор.

                                     
  • Чу работел како 12ти министер за енергетика на САД од 2009 до 2013 година. Кога бил избран за Министер за енергетика Чу бил професор по физика и молекуларна
  • Brookhaven National Laboratory, BNL - научна установа на Министерство за енергетика на САД, една од поголем број државни национални лаборатории посветени
  • Енергија од ветер Електрани на Северна Македонија ЕСМ Регистар на електроцентрали за производство на електрична енергија од ОИЕ, Агенција за енергетика
  • статија: Екотехнологија Главна статија: Електроника Главна статија: Енергетика Главна статија: Зоографија Главна статија: Информатика Главна
  • совет за енергија, а од 2012 г. е раководител на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ. Член е на меѓународни и домашни научни совети
  • 19 април 1970 во Софија е бугарски политичар и министер за економија, енергетика и туризам на Бугарија во периодот од 2009 до 2012 година. Трајков своето
  • основни дејности на електротехничкиот факултет биле само двата института за енергетика и за електроника, денес овие дејности ги реализираат единаесет институти
  • АД Електрани на Македонија а во периодот 2015 2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев. Избран е за водач на ВМРО - ДПМНЕ
  • Атина, Грција е грчки политичар и поранешен министер за животна средина, енергетика и климатски промени на Грција, а порано бил министер за финансии. Тој
  • 1993 година дипломирал на електротехнички факултет во Скопје, на насока енергетика По завршувањето се запишал и на магистарски степен на обука. Во 2001
  • која се врши и топло поцинкување и пластифицирање на дел од лентите Енергетика и др. Рудниците во Осломеј и Дамјан, поради лошиот квалитет на железната
  • електрична енергија од обновливи извори на енергија - мали хидроелектроцентрали PDF Регулаторна комисија за енергетика Посетено на 27 ноември 2016.

Users also searched:

транспорт,,

...
...
...