Топ-100
Back

ⓘ Исак Сион - учесник во НОБ од Штип, делегат на Првото заседание на АСНОМ и носител на Партизанска споменица 1941. ..




                                     

ⓘ Исак Сион

Исак Сион - учесник во НОБ од Штип, делегат на Првото заседание на АСНОМ и носител на Партизанска споменица 1941.

                                     

1. Животопис

Во 1920 г. со семејството се преселил во Штип. Ја завршил Државната трговска академија во Скопје, студирал на Високата економско-комерцијална школа во Загреб, а потоа од 1936 бил службеник во филијалата на Државната хипотекарна банка во Љубљана. Бил активист на СБОТИЧ. Во 1939 година учествува во акциите на напредните банкарски службеници во Љубљана, а во 1940 година станува член на КПЈ.

По Априлската војна во 1941 година се враќа во Штип и веднаш се вклучил во НОД. Бил во составот на Месниот комитет во Битола во 1942 година. На 11 март 1943 година, кога ги депортираат Евреите од Штип за Скопје, единствено Исак Сион, член на МК КПЈ, успева да побегне од колоната и да се засолни кај Фируз Демир. На 19 мај Сион му се приклучува на Вториот плачковички одред Гоце Делчев, а од 16 септември 1943 година се приклучува на Шарпланинскиот партизански одред. На 10 ноември се приклучува на одредот на Христијан Тодоровски Карпош во баталјонот "Орце Николов", па во Третата македонска ударна бригада. Како заменик политички комесар во Третиот баталјон на Третата македонска ударна бригада од февруари 1944, Исак Сион учествувал и во борбите при Пролетната офанзива, која траеше од април до јуни 1944 година. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, а потоа е упатен за член на Обласниот комитет на КПМ во Штип од август 1944 и бил секретар на Окружниот комитет на КПМ во Струмица.

По Ослободувањето бил член на ЦК на КПМ, генерален секретар на претседателот на Владата на НРМ, одговорен уредник на органот на ЦК на КПМ "Партиски живот", вицегувернер на Народната банка на ФНРЈ во Белград, претставник на Сојузната стопанска комора во Лондон и др. Автор е на повеќе трудови од областа на монетарниот систем.

                                     
  • При формирањето на Третата НОУБ, баталјонот влегол во нејзиниот состав. Исак Сион Христијан Тодоровски - Карпош, командир на првиот кумановски баталјон
  • е роден во Штип. Тој бил во вклучен во партиската ќелија што ја водел Исак Сион Групата броела пет членови, кои и сите требало да излезат во првиот ПО
  • Гевгелија Илија Божиновски, чиновник, Ресен Илија Илијески, адвокат, Битола Исак Сион приватен чиновник, Штип Јанко Шопов, техничар, Гевгелија Јован Георгиев
  • преведувач. 12 мај - Круме Наумовски, македонски првоборец. 28 мај - Исак Сион македонски борец. 13 август - Симеон Гугуловски, македонски оперски пејач

Users also searched:

...