Топ-100
Back

ⓘ Протекционизам - збир на економски мерки со кои една држава се обидува да ограничи пласирање на странски производ на домашниот пазар, односно да го ограничи уво ..




Протекционизам
                                     

ⓘ Протекционизам

Протекционизам - збир на економски мерки со кои една држава се обидува да ограничи пласирање на странски производ на домашниот пазар, односно да го ограничи увозот. Тие мерки се наоѓаат во доменот на стратегиските трговски политики и нивната цел е по правило, подобрување на - пласманот на домашните продукти, унапредување и подобрување на развојот на поедините стопански гранки како и стопанството во целина. Такви мерки на стратегиска трговинска политика помагаат во развојот на поедини земји во развој во толкава мерка, па некои од нив веќе прераснале во индустриски сили.

На пример, ако земјоделците од Србија продаваат пченица по пониска цена од македонските земјоделци, Македонците би купувале повеќе пченица од српските земјоделци отколку од македонските земјоделци, и тие не би добиле многу пари. Придобивките од протекционизмот се дека некои луѓе во една земја би заработиле повеќе пари затоа што би можеле да продаваат работи по повисоки цени, но од друга страна, другите луѓе би изгубиле пари затоа што не би можеле да ги купуваат работите од други земји кои ги продаваат поевтино.

                                     

1. Надворешнотрговски протекционизам

Политиката на ограничување на меѓународната трговија се нарекува протекционизам. Протекционизмот вклучува две групи мерки: царини и нецарински ограничувања. Царините претставуваат еден вид данок на увозните производи. Царината ја зголемува цената на увозниот производ и така ја намалува неговата ценовна конкурентност во споредба со домашните производи. Нецаринските ограничувања се појавуваат во разни форми, како што се: увозни и извозни квоти со кои се ограничува максималното количество на увозот или извозот на некој производ; дозволи за увоз и извоз, т.е. посебни одобренија за да може да увезе или извезе некој производ; извозни субвенции со кои на извозниците им се надоместува разликата меѓу производната цена трошоците на производството и цената по која ги извезуваат производите; здравствени, санитарни, технички и еколошки стандарди кои мора да ги исполнуваат увозните производи за да може да се продаваат на домашниот пазар. Во екстремни случаи, протекционизмот се манифестира во вид на трговско ембарго или трговска војна, кога целосно се забранува извозот во некои земји или увозот од нив.

Земјите кои спроведуваат протекционистички мерки наведуваат различни оправданија за своите постапки. Овие аргументи може да се поделат на две групи: економски оправдани и економски неоправдани аргументи.

  • Економски неоправдани аргументи за протекционизмот се: царините кои се резултат на лобирањето од моќните бизнис-групи, царините насочени против конкуренцијата од поевтиниот странски труд, царините како реципрочна мерка одмазда против други земји итн. Често, царините се резултат на лобирањето на моќните стопанственици кои така си ги бранат своите лични интереси, т.е. го штитат својот бизнис под маската дека го бранат националниот интерес. Исто така, и самите политичари често застапуваат популистички политики на зголемување на царините, повторно со паролата дека ги бранат националните интереси, сакајќи да ги придобијат гласачите. Во развиените земји, чести се барањата за воведување царини на производите кои доаѓаат од земјите во кои се ниски платите. Во овој случај, најчесто оправдувањето е дека со царините домашната економија се брани од нелојалната конкуренција. Меѓутоа, вистинската причина е настојувањето на синдикатите да ги заштитат интересите на своите работници. Најпосле, земјите воведуваат царини како одговор на царините што другите земји ги вовеле против нив.
  • Како економски оправдани аргументи се сметаат царините за заштита на младите индустрии и царините за намалување на невработеноста. Во првиот случај, земјите воведуваат царини за заштита на некои индустрии кои штотуку почнале да се развиваат во земјата. Бидејќи се наоѓа во почетната фаза од развојот, во овој случај, домашната индустрија не може да се натпреварува да им конкурира со странските индустрии. Со други зборови, домашните производители се соочуваат со повисоки трошоци од странските фирми, т.е. домашните производи имаат повисоки цени од увозните. Оттука, со царинската заштита им се овозможува на домашните индустрии да се развијат до нивото кое ќе им овозможи да им конкурираат на странските фирми. Ова значи дека заштитата на младите домашни индустрии треба да биде привремена, т.е. до моментот кога тие ќе станат развиени и ефикасни. Во вториот случај, кога домашната економија се наоѓа во рецесија, земјата може привремено да ги зголеми царините со цел да ги заштити домашните фирми и така да го спречи зголемувањето на невработеноста. Сепак, и овде, царинската заштита има оправдание само ако е привремена, т.е. кога економијата ќе излезе од рецесијата, царините треба да се вратат на претходното ниво.

Посебна форма на протекционизам претставува културниот протекционизам како и протекционизмот во спортот. Со таквите мери се штитат поединечни држави или региони од културни влијанија во странство, односно се штити домашниот пазар на спортисти. Во тој контекст се познати поранешните ограничувања на странските играчи во клубови на некои западноевропски земји.

                                     
  • производство и ограничената потрошувачка на заштитените добра. Како форма на протекционизам нецаринските бариери генерираат општи последици, резимирани погоре
  • трошоци. Политиката на ограничување на меѓународната трговија се нарекува протекционизам Протекционизмот вклучува две групи мерки: царини и нецарински ограничувања
  • што се железницата, поштата и енергијата. Во минатото се залагала за протекционизам Партијата го поддржува британскиот унионизам, опирајќи се на обединувањето
  • реакција во насока на примена на правила на трговија за екстремниот протекционизам Тоа значело зголемување на царините и другите трговски бариери до тоа
  • заеднички пазар, иако на ова се противеше Франција поради нејзиниот протекционизам и Жан Моне сметаше дека тоа е премногу голема и тешка задача. На крајот
  • која неговите идеи биле целосно развиени. Според него, Бизмарковиот протекционизам бил заслужен за индустриската концентрација во Германија која, на тој
  • 1929 година, кој бл проследен со отфрлање на златниот стандард. Следел протекционизам и економска депресија. Протекционизмот се вовел со користење различни
  • раѓа и што римските раце го произведуваат Овој етички образложен протекционизам без сомнение бил насочен против Венецијанците. Венецијанскиот увоз не
  • инспирираните политики. Економијата е отежната со обемна регулатива, протекционизам и државна сопственост, што довела до продор на корупцијата и забавен
  • особено оние кои се нарекуваат Црвени Ториевци се залагаат за протекционизам Сепак, во 20 век, либералната партија усвои повеќе елементи од Европслите
  • на капитализмот се наведени подолу: Главни статии: Мерканитилизам и Протекционизам Меркантилизмот е националистичка форма на ран капитализам кој постои
  • некоја причина ова не е возможно, тогаш додавањето на одбрана доза на протекционизам може да ја подобри економската благосостојба на земјата. Двете книги

Users also searched:

...
...
...