Топ-100
Back

ⓘ Рут Асава е американска вајарка од јапонско потекло. Позната во Сан Франциско како дамата со фонтаната, автор е на уметнички дела кои се дел од сериозни уметнич ..




                                     

ⓘ Рут Асава

Рут Асава е американска вајарка од јапонско потекло. Позната во Сан Франциско како "дамата со фонтаната", автор е на уметнички дела кои се дел од сериозни уметнички колекции како Соломон Р. Гугенхајм музејот и Витни музејот во Њујорк. Главен испиратор е зад создавањето на Школата на уметностите во Сан Франциско, преименувана во Рут Асава школа на уметностите во 2010 како омаж кон нејзиниот лик и дело.

                                     

1. Животопис

Ран живот и образование

Асава е родена во 1926 во Норволк, Калифорнија во семејство со седум деца.

По дипломирањето, со намера да стане учител по уметност, го посетува Државниот колеџ во Висконсин, Милвоки. Откако не успева да најде работа за да го положи практичниот дел од завршниот испит на колеџот, - бидејќи со јапонско потекло, дискриминирана е каде и да аплицира - го напушта Висконсин без диплома истата ќе ја добие дури во 1998 година.

Од 1946 до 1949, учи на Black Mountain College со Јозеф Алберс. Токму од него ќе научи да користи обични, секојдневни материјали, а тогаш почнува да експериментира со жица користејќи најразлични техники.

Брак и деца

Асава се венча со архитектот Албер Ленје во јули 1949 година. Имаат шест деца: Ксавиер 1950, Аико 1950, Хадсон 1952, Адам 1956, Еди 1958 и Пол 1959.

Смрт

Асава починува од природна смрт на 5 август 2013 во сопствениот дом во Сан Франциско, Калифорнија, на возраст од 87 години.

                                     

2. Кариера

Во текот на 1950-тите, Асава почнува да експериментира со хеклано жичено вајарство што личи небаре тродимензионален цртеж со линии. Техниките ќе ги научи во Толука, Мексико, каде тамошните селани користеле слични техники за да направат кошници од поцинкована жица:

Ме заинтригира економичноста на линијата, можноста да се создаде нешто во просторот без вистински да се загради. Сепак е проѕирно. Сфатив дека ако сакам да произведам нешто такво, ќе морам да користам само линија зашто само таа може да оди секаде."

Жичените вајари ќе ја направат Асава многу позната во 1950-тите, кога нејзините дела се појавуваат неколкупати во Витни музејот на современа уметност во Њујорк, а во 1955-тата и на уметничкото биенале во Сао Паоло.

Во 1962, Асава почнува да создава посложени жичени композиции со природни, геометриски или апстрактни слики.

Во 1968, Асава го создава своето прво дело за пошироката јавност, фонтана со сирени на плоштадот Џирардели во Сан Франциско. Во текот на наредните години, таа ќе дизајнира уште многу фонтани во градот, поради што ќе стане позната како" дамата со фонтаните.”

Долгогодишен бранител на потребата од уметност во школите, Асава ја ко-основа Школата на уметностите во Сан Франциско, преименувана во Рут Асава школа на уметностите во 2010 како омаж кон нејзиниот лик и дело.

                                     

3. Избрани дела

  • Аурора, фонтаната инспирирана од оригами, Сан Франциско 1986
  • Споменик на јапонско-американската интернација во Сан Хозе 1994.
  • Фонтаните во Бјукенен ТЦ Нихомахи 1976
  • Андреа, фонтаната со сирени на плоштадот Џирардели 1966
  • Модел за фонтаната на Јунион плоштадот во Сан Франциско 1973
                                     

4. Награди

  • 1974: Златен медал од Американскиот институт на архитекти
  • 1993: Почесна награда од Заседанието на жени-уметници
  • 1968: Прва Димаксион награда за Уметник/Научник
  • 1995: Златен прстен за животно дело од азиско-американските уметнички фондации
  • 1990: Награда Кирил Магнин
                                     

5. Библиографија

  • Villa, Carlos et al. 1994 Worlds in Collision: Dialogues on Multicultural Art Issues. San Francisco Art Institute.
  • Jepson, Andrea and Sharon Litsky 1976 The Alvarado Experience. Alvarado Art Workshop.
  • San Francisco Museum of Art. 1973 Ruth Asawa: A Retrospective View. San Francisco Museum of Art.
  • Cunningham, Imogen 1970 Photographs, Imogen Cunningham. University of Washington Press.
  • Cook, Mariana 2000 Couples. Chronicle Books.
  • Bancroft Library 1990 "Ruth Asawa, Art, Competence and Citywide Cooperation for San Francisco,", in The Arts and the Community Oral History Project. University of California, Berkeley.
  • Rubinstein, Charlotte Streifer 1992 American Women Sculptors. G.K. Hall.
  • Harris, Mary Emma 1987 The Arts at Black Mountain College. MIT Press.
  • Rountree, Cathleen 1999 On Women Turning 70: Honoring the Voices of Wisdom. Jossey-Bass.
  • Cornell, Daniell et al. 2006 The Sculpture of Ruth Asawa: Contours in the Air. University of California Press.
  • Faul, Patricia et al. 1995 The New Older Woman. Celestial Arts.
  • Abrahamson, Joan and Sally Woodridge 1973 The Alvarado School Art Community Program. San Francisco: Alvarado School Workshop.
  • Hopkins, Henry and Mimi Jacobs 1982 50 West Coast Artists. Chronicle Books.
  • Dobbs, Stephen 1981 Community and Commitment: An Interview with Ruth Asawa," in Art Education vol 34 no 5.
  • Schatz, Howard 1992 Gifted Woman. Pacific Photographic Press.
  • Woodridge, Sally 1973 Ruth Asawa’s San Francisco Fountain. San Francisco Museum of Art.


                                     

6. Надворешни врски

  • Мартин, Даглас 17 август 2013, "Рут Асава, уметникот што виткаше жици, почина на 87 години", Њујорк Тајмс
  • Рут Асава на страницата на Калифорнискиот Музеј
  • Интервју со Рут Асава и Алберт Ланје, 21 јуни - 5 јули 2002 од Смитсонијан музејот, Архиви на Американската уметност
                                     
  • филипинско потекло. Повлијаен од американската вајарка со јапонско потекло Рут Асава Куе има развиено сопствени процеси и техники на вајање со жица, едновремено

Users also searched:

...