Топ-100
Back

ⓘ Таур - планински систем во јужна Турција кој го дели Средоземниот регион од Анадолската Висорамнина. Системот се протега во лак, од езерото Егирдир на запад до ..




Таур
                                     

ⓘ Таур

Таур - планински систем во јужна Турција кој го дели Средоземниот регион од Анадолската Висорамнина. Системот се протега во лак, од езерото Егирдир на запад до горното течение на реките Тигар и Еуфрат на исток.

Поделен е на три венци од запад кон исток:

  • Ак, Беј, Катранџик, Гејик
  • Западен Таур Batı Toroslar
  • Акчали, Булгар, Ала, Тахтали
  • Среден Таур Orta Toroslar
  • Нурхак, Малатиски Пл., Маден, Генч, Битлис
  • Југоисточен Таур Güneydoğu Toroslar
                                     

1. Историја

Името Таур доаѓа од старогрчкиот поим Ταύρου, чие потекло има две верзии. Според едната, поимот доаѓа од семитското tûr, што значи "планина". Според другата пак, планините се така наречени поради на Хуритите и другите стари Сиријци кон богот на бурата, кој има лик на бик грч. Ταύρος. Се верувало дека тој предизвикувал полноводност во реките Тигар и Еуфрат, кои потоа се поплавувале и давале плодно земјиште. Поради ова, по планините некогаш имало поголем број на храмови посветени на овој бог,

Кај Кестел има археолошко наоѓалиште од бронзено време, каде се ископувал калај за добивање бронза. Превојот наречен во антиката "Киликиска Врата" е премин преку венецот северно од Тарс.

За време на Првата светска војна, германско-турските железнички коловоци низ Таур претставувале важна цел за силите на Антантата. Откако го зазеле ова подрачје, конечно дошло до примирје и крај на борбите против Отоманското Царство.

                                     

2. Географија

Планините Ала и Булгар Болкар се одликуваат со одронети варовнички карпи, од кои настанале карстни предели со водопади, понорници и некои од поголемите пештери во Азија. Од јужните падини на венецот Беј извира реката Манавгат.

                                     

3. Знаменитости

Покрај планинарството и алпинизмот, венецот нуди два скијачки центра - еден во Даврас 25 км од Егирдир и Испарта и друг во Саклакент 40 км од градот Анталија.

Железничката линија Конија-Адана минува преку забележителниот вијадукт Варда, висок 98 м, кој е изграден од Германците во 1910-тите години.

                                     

4. Западен Таур

Западен Таур и остатокот од Таур образуваат лак околу Анталискиот Залив. Овој дел е одвоен од Среден Таур со висорамнината Ташели и реката Ѓоксу. Има поголем број на врвови високи преку 3.000–3.700 м. Групата се дели на четири венци:

  • Мунзур североисточен - највисок врв: Акбаба 3.462 м
  • Мерџан во склоп на Мунзур
  • Ала средишен - највисок врв: Демирказак 3.756 м
  • Булгар југоисточен - највисок врв: Медетсиз 3.524 м
  • Беј западен - највисок врв: Кизларсивриси 3.086 м

Највисока планина во Среден Таур е Демирказак 3.756 м.

                                     
  • на УНЕСКО. Во географска смисла, Кападокија на југ се граничи со венецот Таур на исток со реката Еуфрат, а на север со Црно Море. Во I век п.н.е. Кападокија
  • во јужна и источна Турција што се протега во лак североисточно од венецот Таур Највисока планина е Демирказик 3.756 м Во околината на венецот но не
  • планински релјеф. Анатолското плато е сместено помегу планината Понт и венецот Таур во Турција. Највисокиот врв, Арарат е висок 5.165 метри. Планината Загрос
  • западно од реката Еуфрат, северно од Арапската Пустина и јужно од планините Таур Османлиската Сирија била организирана од Османлиите по освојувањето од Мамлуките
  • Анталискиот Залив, 53 километри на морското крајбрежје во подножјата на западните Таур планини. Брегот има типична медитеранска топла и сува клима и топло море
  • мистик 18 јануари - Кралицата Тамара Грузиска р. 1160 13 април - Ги де Таур регент на Бретања 21 април - Марија Монпелје, кралица на Арагон р. 1182
  • Сиријците, Арапите и Киликијаните. Таа, исто така ја освои Голема Фригија, од Таур до реката Каикос и неколку егејски острови, вклучувајќи го и Лезбос исто
  • Сириската Пустина, а на север е ограничен масивите на планинските венци на Таур и Арарат при што зафаќа облик на полумесечина и површина помеѓу 400.000 и
  • истовремено го зголемил бројот на војниците во гарнизонот со војници од Таур Тој исто така ја преорганизирал и Кибирјанската тема и ги поправил пморските
  • Индокина Анамски Планини и Малајскиот Полуостров и Азија Кипар Троодос Таур Загрос, висорамнината Мекран, Сулејманови Планини, Каракорум, Хималаи, Паткај
  • предводени од Харун ал - Рашид, син на абасидскиот калиф Ал - Махди, минуваат преку Таур и ја освојуваат византиската гранична тврдина Магида. Харун го остава неговиот
  • Егејска Македонија, Грција и планините на Пелопонез и Крит, Родос, па сè до Таур во јужна Турција. Венецот е наречен по планината Динара 1.913 м на границата

Users also searched:

...