Топ-100
Back

ⓘ Репродуктивен систем. Јајникот претставува женска полова жлезда или гонада, е парен орган сместен под јајеводор од двете страни на матката со големина колку зел ..




Репродуктивен систем
                                     

ⓘ Репродуктивен систем

Јајникот претставува женска полова жлезда или гонада, е парен орган сместен под јајеводор од двете страни на матката со големина колку зелен бадем и тоа: четири сантиметри долга, два сантиметри широка и еден сантиметар дебела. До пубертетот неговата површина е мазна а во репродуктивниот период е избраздена од претходните овулации. Има беличаста боја. Јајникот има две основни финкции: 1. Репродуктивна - во него се созреваат женските полови клетки - јајце клетки. Вака јајникот се однесува како жлезда со внатрешно лачење. 2. Вегетативна функција - лачи хормон естроген и прогестерон па се однесува како жлезда со внатрешно лачење. Кај јајникот се разликуваат:

  • Кора cortex
  • Срцевина medula

Во кората се наоѓаат јајце клетките во различни фази од развојот. При раѓањето во кората се наоѓаат околу четрстотини примарни фоликули, а до пубертет остануваат околу триесет илијади кои почнуваат да созреваат. Од пубертет секоја година созреваат околу 13 јајце клетки годишно, односно вкупно четрстотини до менопауза.

                                     

1.1. Хормони Хормони на графовиот фоликул

Графовиот фоликул лачи естрогени хормони. Сосема мали количини се лачаат во кората на надбубрежните жлезди, а во текот на бременоста, плодовата постелница - плацента лачи големи количини на естрогени хормони. Од естрогените хормони најмногу се лачи b-естрадиол, потоа следуваат естром и естриол. Најголема физиолошка активност има b-естрадиол. Во периодот на пубертет, под влијание на фоликулостимулирачкиот хормон се лачаат дваесет пати поголеми количини на естрогените хормони, тоа придонесува за растење на половите органи:

  • Клиторисот, малите и големите срамни усни добиваат пропорции на зрела жена.
  • се зголемуваат јајцеводите,утерусот и вагината,

Исто така се јавуваат и половите секундарни разлики, како што се:

  • гласот е потенок, ларингсот е послабо развиен,
  • нежни и типично женско тело се одликува со широка карлица и потесни рамена,
Се јавуваат и други полови карактеристики.
                                     

1.2. Хормони Хормон на жолтото тело

Жолтото тело лачи хормон прогестерон, кој спаѓа во групата на стероидните хормони. Основната материја од која се синтетизира прогестеронот е холестерол. Прогестеронот има специфично дејство за половите ограни кај жената. Прогестеронот дејствува на утерусот така што го подготвува евентуалното примање на оплодената јајце клетка. Заедно со естрогените хормони ја зацврстуваат мускулатурата на утерусот, воеедно ја инхибираат контрактибилноста на матката.

                                     

2. Анатомија и физиологија на машките генитални органи

Машкиот репродуктивен систем исто како и женскиот репродуктивен систем, не е неопходен за преживување на организмот, но е неопходен за преживување на хуманата раса. Машкиот репродуктивен систем претставува една половина од неопходните органски структури за пропагација на животот. ДНК структурата се пренесува од една на друга генерација преку неселективна селекција што претставува прокреација со интордукцијата на машкиот сперматозоид и женската јајце клетка. Со спојување на овие две клетки, се раѓа нов живот.

                                     

2.1. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Машки полов орган пенис

Пенисот е машки полов орган чија функција е спроведување на спермата и урината и нивна ејакулација, односно екскреција надвор од организмот. Тој е сместен над тестисите, а под карличната симфиза. Кај малите деца пенисот не е развиен и со тек на време се зголемува, а потполно се оформува во текот на пубертотот. Просечната големина на машкиот полов орган, кај возрасен маж, во мирување е од 6 до 10 см, но максималната растегливост е различна и поединечна кај секој маж. Така на пример, за белата раса, просечната големина на пенисот во ерекција изнесува од 9 до 19 см, односно просечната растегливост е 14, 5 см, промер 4см, а опсегот на коренот на пенисот 12 см. Пенисот се состои од два дела:

  • глава на пенисот glans penis.
  • тело corpus penis

Телото на пенисот е изградено од три снопа на фиброзно ткиво: две идентични кавернозни тела corpus cavernosus, кои се поставени непосредно еден до друг на задната страна на телото на пенисот, и едно спонгиозно ткиво cospus spongiosum кое е поставено меѓу нив на предната страна. Кавернозното тело се полни со крв при сексуално возбудување и доведува до ерекција на пенисот. Спонгиозното ткиво на својот крај се зголемува, добива топчеста форма и ја формира главата на пенисот. Овие два вида на ткива го градат еректилното тело на пенисот. Главата на пенисот е препокриена со двоен кожен набор препуциум. Препуциумот е подвижен и лесно може да се повлече на назад и да ја ослободи главата на пенисот. Во ерекција, препуциумот се повлекува од главата на пенисот. Низ средината на спонгиозното ткиво минува надворешниот мочен канал уретра кој завршува со отвор на врвот на главата на пенисот meatus. Низ мочниот канал минува мочката при мочањето, како и семената течност при ејакулацијата.



                                     

2.2. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Семеник Testis

Семеник епидидимис е дел од надворешните машки полови органи, сместен во скротумот мошник заедно со тестисот. Има облик на цевка, долга од 3 до 5 м, која е совиткана и служи за пренос на машките полови органи до простата, а потоа и надвор од телото. Анатомски има 3 дела:

  • опашка - лежи во долниот дел на задниот раб на тестисот и не е јасно одвоена од телото.
  • тело - кое лежи на задниот раб на тестисот и се продолжува како семена врвца;
  • глава - која лежи над горниот пол на тестисот и е негов најраширен дел, покриена е со туника албугинеа која го обвива и тестисот и на тој начин комуницираат помеѓу себе;
                                     

2.3. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Функција на тестисите

Основната функција на тестисите е производство на хормонот тестостерон. Нормално е еден тестис да биде на пониско ниво обично левиот. Ова се должи на разликите во васкуларната и анатомската структура на левата и десната страна на скротумот и тестисите.

                                     

2.4. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Пасеменик

Пасеменикот претставува парен издолжен орган налегнат на горниот дел од тестисот. Составен е од еден долг извиен каналкој ги одведува сперматозоидите.

                                     

2.5. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Семена кесичкаvesicula seminalis

Семена кесичкаvesicula seminalis, претставува парен орган. Сместен пред дебелото црево, а под мочен меур. Изводниот канал од кесичката се спојува со семеводот. Жлездите од семената кесичка лачаат секрет кој влегува во состав на семената течност - сперма.

                                     

2.6. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Состав на сперматозоидитесперма

Спермата е составена од сперматозоиди, секрет од жлездите на пасеменикот, семеводот, семените кесички од простата и булбоуреталните жлезди. Сперматозоидот се состои од:

  • Глава,
  • врат,
  • опашка.

Во главата на сперматозоидот се наоѓа јадро во кое е сместен материјалот потребен за оплодување. Предниот дел од главата е наречен акрозом. Во акрозомот се наоѓаат протолитични ензими со кои се врши разградба на обвивките од јајце клетката. Телото и опашката на сперматозоидите се одговорни за движење.

                                     

2.7. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Семеводductus deferens

Семеновод е дел од внатрешните машки полови органи. Има форма на тенка цевка пречник околу 0.3 до 0.5 мм ги поврзува тестисот и простата. Анатомски се дели на 4 топографски дела:

  • pars epididimica - е во непосреден контакт со епидидимисот и тестисот и претставува воедно почеток на епидидмисот;
  • pars funicularis ;
  • pars inguinalis - дел којшто лежи во ингвиналниот канал и е дел од funiculus spermaticus;
  • pars libera - дел од епидидимис до влез во ингвиналниот канал;
  • pars prostatica - од linea arcuata до влез во простатата.
  • pars iliaca - дел од излез од ингвиналниот канал до linea arcuata os coxae;
                                     

2.8. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Машка мочна цевкаuthra masculina

Машка мочна цевка претставува уринарен орган. Нејзината должина изнесува од 16 до 18 санитметри. Околу машката мочна цевка се наоѓа напречно пругаст мускулен свингтер. Уретрата завршува со едно проширување на главичката од пенисот.

                                     

2.9. Анатомија и физиологија на машките генитални органи Простата

Простата претставува жлездено мускулен орган налик на костен. Простата се наоѓа под мочниот меур. Преку неа поминува уретрата и нефрлувачките канали.Булбоуреталните жлезди се прилепени за уретрата каде што го излачуваат својот секрет.

                                     

3. Надворешни врски

  • Ovulation and How it happens, Triggers and How to Help it Occur
  • Kimball JW 2007-05-27. "Progesterone". Kimballs Biology Pages. Посетено на 2008-06-18.
  • Болести на репродуктивниот систем
  • General discussion document on Progesterone, its uses and applications
  • Infertility - possible Treatments and Causes
  • ХПВ инфекција кај мажи
  • Гинекологија и акушерство - Болести на женскиот генитален систем
  • "Progesterone Resource Center". PMS, Menopause, and Progesterone Resource Center. Oasis Advanced Wellness, Inc. Посетено на 2008-06-18.
  • Улогата на половите хормони
                                     
  • Женскиот репродуктивен систем за разлика од машкиот е активен само во периодот од првата менструација менарха до климактериумот. Тоа е период кога женските
  • Систем за излачување Систем за движење Кожен систем Регулаторни системи Нервен систем Ендокрин систем Циркулаторен систем крвоток Репродуктивен систем
  • клетки на цицачите можат да живеат до 3 дена внатре во женскиот репродуктивен систем Сперматозоидните клетки во алгите и кај многу растителни гаметофити
  • Репродуктивниот систем е просто граден кај слободните и релативно сложено кај паразитските сплескани црви. Меѓутоа, сите се хермафродити. Машкиот репродуктивен систем
  • трепчест епител на својата телесна површина. Имаат прилично едноставен репродуктивен систем и најчесто поседуваат рабдити. Систематиката на трепчестите црви
  • органи се дел од репродуктивниот систем кој се состои од пенис, тестиси, vas deferens и простата. Машкиот репродуктивен систем има функција да произведува сперма
  • in Animals. Oxford University Press. ISBN 978 - 0 - 19 - 971703 - 3. Посетено на 20 July 2013. Пенис човек Секс Репродуктивен систем Институт за пенис Кинси
  • Репродуктивниот систем е или само машки или само женски кај некои видови, додека кај други е хермафродитен и е најразвиен. Maшкиот репродуктивен систем се состои
  • продукти се изведуваат преку метанефридиите. Значително посложен репродуктивен систем имаат малкучетинестите и пијавиците, кај кои покрај жлезди и одводи