Топ-100
Back

ⓘ Еберсвалде - град и административно седиште на округот Барним, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, околу 50 километри североисточно од Берлин. Често е ..




Еберсвалде
                                     

ⓘ Еберсвалде

Еберсвалде - град и административно седиште на округот Барним, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, околу 50 километри североисточно од Берлин. Често е нарекуван Валдштат, поради големите шуми околу него, вклучувајќи го Биосферниот резерват Шорфхајде-Хорин. И покрај овој факт, Еберсвалде бил важен индустриски центар до повторното обединување на Германија.

                                     

1. Историја

Областа околу Еберсвалде веќе била населена во палеолитот. Пред основањето на Маркгрофството Бранденбург постоела словенска населба. Богатството на Еберсвалде, најголемото претхристијанско златно богатство на територијата на денешна Германија, било пронајдено во областа. Денес, богатството се наоѓа во Пушкинскиот музеј во Москва.

Градот Еферсволде "шума на вепри" бил основан во 1254 од асканискиот маркгроф Јохан Први. Бил првпат споменат во документ на 23 април 1276, кога маркгрофот Албрехт Трети престојувал тука. Во 1300 добил права на организирање пазар. Од 1317 главниот трговски пат помеѓу Штетин и Франкфурт на Одра поминувал низ градот. Голем пожат го зафатил градот во 1499.

По повторното градење на градот, Еберсвалде станал првиот индустриски град во Маркгрофството Бранденбург, со огромен металуршки капацитет. Некои делови на градот сè уште се именувани по нивните минати функции, како Купферхамер "бакарен чекан". Од 1605 до 1620 бил изграден важниот воден пат, Каналот Финов.

Во текот на Триесетгодишната војна, Еберсвалде бил опколен и освоен неколкупати. Генералот на католичката лига, Албрехт фон Валенштајн, престојувал во градот, додека Густав II Адолф, кој не ја преживеал Битката кај Лицен бил балсамиран во денешната црква Св. Богородица. По крајот на војната само дваесет жители на Еберсвалде биле сè уште живи, на Еберсвалде му бил потребен цел век повторно да заживее.

Помеѓу 1743 и 1755, семејства на металски работници се преселиле од Тирингија и Рајнската област во Еберсвалде. Котлите на првите германски парни мотори биле направени тука. Во текот на 19 век биле изградени големи фабрики во областа на Еберсвалде, особено долж Каналот Финов. На 23 ноември 1877, првата германска телефонска линија била воспоставена тука.

Првиот радиски концерт во светот бил пренесуван од Еберсвалде во 1923. Вернер Форсман ја добил нобеловата награда за медицина во 1956 за неговите експерименти од 1929 за катетеризација на срцето изведени на неговото срце, додека престојувал во Еберсвалде.

Во текот на Кристалната ноќ била уништена синагогата во Еберсвалде. Во текот на Втората светска војна, неколку фабрики користеле принудни работници и затвореници од концентрацискиот камп Рафенсбрик. На крајот на војната, центарот на градот бил уништен од германските воздушни сили со цел да го запрат советското напредување.

Во 1970, Еберсвалде бил споен со општината Финов и го создале градот Еберсвалде-Финов. Во 1993 било вратено името Еберсвалде.

                                     

2. Сообраќај

Еберсвалде има пристап на сојузните автопати Б2 и Б167 и автопатот А11. Главната железничка станица Еберсвалде се наоѓа на линијата Берлин-Шчеќин, која го поврзала Еберсвалде со Берлин во 1842. Градот е почетна точка на железничките линии до Темплин и Франкфурт на Одра и бил терминал на Железницата Еберсвалде-Финовфурт до Финовфурт додека не била распуштена.

Градот и неговите индустриски области се поврзани со каналите Одра-Хафел и Финов. Аеродромот Финов е поранешна советска база, која била предадена на државата за цивилни летови на 11 мај 1993.

Градот имал трамвај до 1940, кога трамваите биле заменети со тролејбуси. Еберсвалде е еден од трите града во Германија, кои сè уште користат тролејбуси, заедно со Золинген и Еслинген.

                                     

3. Стопанство

Додека Еберсвалде бил познат по неговата тешка индустрија во минатото, по повторното обединување на Германија стигнале тешки времиња. Како што паднала владата во Источна Германија, исчезнала државната поддршка и фабриките нагло се соочиле со поефикасните фирми од Западот. Поради тоа, многу фабрики во Еберсвалде биле затворени, а посетителите можат да ги видат остатоците на овие напуштени фабрики низ целиот град. Како многу источногермански градови, Еберсвалде силно се борел со невработеноста и многу го напуштиле регионот во потрага по работа. Поради тоа многу од советските станбени блокови во Еберсвалде останале празни и бавно биле рушени.

                                     

4. Познати луѓе

  • Паул Вундерлих 1927–2010, сликар и вајар
  • Урсула Вернер р. 1943, глумица
  • Кандида Хефер р. 1944, фотограф
  • Ева Целер р. 1923, писателка
  • Ралф Хауптман р. 1968, фудбалер
  • Кристијан Норд р. 1943, преведувач
                                     
  • Грајфсвалд го поврзува градот со Штралзунд, Цисов, Узедом, Ангерминде, Еберсвалде и Берлин. Станицата е исто така опслужувана од возовите ИЦЕ и EuroCity
  • првпат се споменува градот Грефенхајнихен. За првпат се споменува градот Еберсвалде Алкмар добива градски права. Ополе добива градски права. Кралот Луј IX
  • Берлин 1822 1875 Бранденбург на Хафел од 1881 Шарлотенбург 1877 1920 Еберсвалде од 1911 Лихтенберг 1908 1920 Шенеберг 1899 1920 Дојч - Вилмерсдорф
  • Баден Виртемберг Еберсбах - Нојгерсдорф Саксонија Еберсберг Баварија Еберсвалде Бранденбург Ебисфелде - Веферлинген Саксонија - Анхалт Егезин Мекленбург - Западна
  • Каналот Одра - Хафел близу Еберсвалде
  • Изведба на Набуко во Еберсвалде од Шлесиската национална опера август, 2004
  • Бамберг Баварија Бамберг 147.163 1167, 37 126 12060 Барним Бранденбург Еберсвалде 185.244 1494, 33 124 14625 Бауцен Саксонија Бауцен 299.758 2390, 65 125

Users also searched:

...