Топ-100
Back

ⓘ Никта - старогрчка божица на ноќта. Таа припаѓа на првата генерација божества. Ретко се појавува во митовите, но е сметана за исклучително убава и моќна. Имала ..




Никта
                                     

ⓘ Никта

Никта - старогрчка божица на ноќта. Таа припаѓа на првата генерација божества. Ретко се појавува во митовите, но е сметана за исклучително убава и моќна. Имала свое пророчиште во акрополата на Мегара, а нејзината статуа се наоѓа во Храмот на Артемида во Ефес.

                                     

1.1. Митологија Хесиод

Според Хесиодовата Теогонија, Никта се создала од Хаос и имала бројно потомство. Со Ереб, богот на вечната темнина ги имала Етер, вечната светлина, рајот, и Хемера, денот.

Кога титанот Крон го осакатил својот татко Уран, и му ја презел власта, Никта многу се разлутила и од бес ги родила, по пат на партеногенеза: Мом вината, критиката, Морос судбината, проклетството, Танат смртта, Хипнос сонот, Харон, Онеирите сништата, Хесперидите вечерите, Керите насилнaта смрт, Мојрите судбината, Немезида одмаздата, Апата измамата, Филота дружењето, нежноста, Герас староста и Ерида караницата, раздорот.

Хесиод во својот опис на Тартарот вели дека кога Никта влегува таму, Хемера излегува, и обратно.

                                     

1.2. Митологија Хомер

Во четиринаесеттата книга на Хомеровата Илијада, Хипнос, богот на спиењето, синот на Никта, ја потсeтува Хера на старата услуга, кога побарала да го заспие Зевс. Тој веќе еднаш го заспал Зевс по барање на Хера за да му наштети на син му Херакле. Зевс бил толку лут што сакал да го фрли Хипнос во морето, но тој избегал кај мајка си Никта да го заштити. После тоа, Хипнос ретко се осмелувал да го вознемирува Зевс бидејќи се плашел од него и секогаш трчал кај мајка си.

                                     

1.3. Митологија Орфеј

Никта имала уште поголема улога во песните што му се припишуваат на Орфеј. Во нив Никта, а не Хаос, е првото божество. Таа живее во пештера од каде ги извршува своите пророштва. Пред пештерата Адрастеја силно удира во тапани и чинели тресејќи го целиот космос во естатичен танц, во ритам на баењата на Никта. Необичниот хермафродит Фан е дете или татко на Никта.

                                     

2. Потомство

  • Етер, вечната светлина, рајот, воздух на Боговите;
  • Морос, проклетството, судбината Хесиод смета дека Никта го родила Морос партеногено, а Цицерон и Хигин дека татко му е Ереб <
  • Харон, возачот на чамецот во подземниот свет Ад;
  • Епифрон, разборитост, внимание <
  • Хемера, денот;
  • Стикс, омразата Само Хигин за нејзини родители ги смета Никта и Ереб, а сите останати извори Океан и Тетија.
  • Немезида, одмаздата <
  • Со Ереб богот на темнината ги имала децата
  • Онеирите, сништата Хесиод и Сафо; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб; Овидиј ги смета за деца на Хипнос;
  • Танат, смртта ;
  • Езис, сиромаштија, беда Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб;
  • Хесперидите, самрак, вечер, Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб; Диодор го спомнува Атлас;
  • Деца родени партеногено
  • Фан ;
  • Мојрите, судбината ;
  • Ахлис, магла на смртта <
  • Апата, измамата Хесиод смета дека Апата е зачната партеногено, а Цицерон за татко го смета Ереб;
  • Керите, насилнaта смрт Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб;
  • Мом, вината, критиката, исмејувањето Хесиод; а Хигин за татко го смета Ереб;
  • Ерида, караницата, раздорот, ;
  • Хипнос, сонот.
  • Ериниите; Есхил, Виргилиј и Овидиј сметаат дека Никта партеногено ги родила Ериниите; Хесиод и Бакхилид сметаат дека ги родила Геја која била оплодена од Урановата крв; во Орфичките химни нивни родители се Ад и Персефона;
  • Герас, староста Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереба;
  • Филота, дружењето, нежноста Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб;
  • Со Уран, небото
  • Лиса, бесот Еврипид смета дека Лиса ја родила Никта која била оплодена од крвта на Уран, додека Хигин како нејзини родители ги наведува Етер и Геја.


                                     

3. Култ

Во антиката Никта не била почитувана и во нејзина чест не се граделе храмови, освен храмот во акрополата на Мегара според Павзаниј Почесто, таа била во позадината, како на пример, во Храмот на Артемида во Ефес има и нејзина скулптура. Кога го сликале нејзиниот лик ја претставувале како замислена жена прекриена со темна облека. Ваквиот лик на Никта го има на релјефите на вазните, како и на надгробните споменици. Нејзин најпознат приказ е на Зевсовиот олтар од Пергам 180 - 160 година пред нашата ера кој денес се чува во берлинскиот музеј.

Како алегориски лик Никта оживеала на платната на сликарите од ренесансата и барокот.