Топ-100
Back

ⓘ Вангел Нечевски - Тунелот - македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година. ..




Вангел Нечевски
                                     

ⓘ Вангел Нечевски

Вангел Нечевски - Тунелот - македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.

                                     

1. Животопис

Вангел Нечевски е роден во Битола во работничко семејство. Уште како млад се вработил во тутунската станица во Битола. По окупацијата на Југославија во Втората светска војна, Нечевски се вклучил во СКОЈ. Веднаш се вклучил во акциите на месната партиска организација за растурање на пропаганден материјал, собирање на оружје и вршење на курирски должности.

                                     

2. Учеството во Народноослободителната војна

Во почетокот на 1942 г. бил уапсен и интерниран во Бугарија. По половина година помината во интернација, се вратил во Битола. Но, поради своите активности, веќе не можел да остане во градот и на 4 јули 1942 г. заминал во партизанскиот одред "Даме Груев". Во одредот извршувал низа курирски задачи што ги добивал како курир на Главниот штаб на Македонија. Во текот на 1942, 1943 и поголемиот дел од 1944 г. одржувал редовна врска со грчките и албанските партизани, пренесувајќи најдоверливи материјали и префрлајќи најдоговорни политички и воени раководители и делегати на Врховниот штаб од Македонија. Пред крајот на војната станал заменик-командант на дивизија.

                                     

3. По војната

По Војната работел во ОЗНА. Потоа вршел други политички и државни должности во Битола и во Македонија. По пензионирањето, бил претседател на Сојузот на борци од НОВ и претседател на Матицата на иселениците во Битола.

За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.