Топ-100
Back

ⓘ Договор за воспоставување на Устав за Европа. Предлошка:Историја на ЕУ Договор за воспоставување на Устав за Европа Европски Устав, често се нарекува Европски У ..




Договор за воспоставување на Устав за Европа
                                     

ⓘ Договор за воспоставување на Устав за Европа

Предлошка:Историја на ЕУ

Договор за воспоставување на Устав за Европа Европски Устав, често се нарекува Европски Устав или Уставен Договор е нератификуван меѓународен договор чија цел беше да создаде зацврстен Устав за Европската Унија ЕУ. Тој требаше да ги замени постоечките договори на Европската Унија со едноставен текст, така што на Повелбата за основни права ќе и дадеше правна сила, а гласањето со квалификувано мнозинство ќе го проширеше во оние политички области за кои земјите-членkи претходно ги одредија едногласно. Договорот беше потпишан на 29 Октомври 2004 г. од претставници на тогашните 25 земји-членки на ЕУ. Подоцна 18 земји-членки го ратификуваа, а одржаните референдуми во Шпанија и Луксембург го одбрија. Меѓутоа, кога во мај и јуни 2005 г. Француските и Холандиските гласачи го одбија документот, процесот на ратификација заврши. По одреден период на размислување, Договорот од Лисабон беше склучен за да го замени Уставниот Договор. Овој Договор, содржеше многу од измените што првично беа дел од Уставниот Договор, а беше формулиран како еден вид амандмани на постоечките договори. Договорот од Лисабон беше потпишан на 13 декември 2007 г., а стапи на сила на 1 декември 2009 г.

                                     

1.1. Историја Изготвување

Изготвувањето на Европскиот Устав започна со свикување на нова дебата на Европскиот Совет во Лаекен во декември 2001 г. за иднината на Европа. По кратко време, беше основана Европската Конвенција со која претседаваше поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’естен. Таа беше составена од двајца членови на парламентот воглавно еден од владејачкото мнозинство и еден од опозицијата од секоја земја-членка и земја-апликант за членство, 16 европратеници, 2 членови на Европската Комисија и по еден претставник од секоја влада. Тие се сретнаа јавно. Жискар Д’естен предложи да се изготви устав. Романо Проди, претседателот на Европската Комисија поддржа еден изготвен текст, наречен Проект Пенелопе. кој содржеше продлабочена интеграција на земјите и појасен институционален модел. По долготрајните преговори на Меѓувладината Конференција ИГЦ за време на Италијанското претседателство, се појавија спорови во врска со предложената рамка за гласањето со квалификувано мнозинство: конечниот текст за Европскиот Устав беше договорен во јуни 2004 г. за време на ирското претседателство.

                                     

1.2. Историја Потпишување

Договорот за воспоставување устав на Европа беше потпишан во Рим на 29 октомври 2004 г. од 53 постари важни политичари од 25 земји-членки на Европската Унија. Во повеќето случаи, шефовите на државите назначија овластени претставници за да го потпишат договорот, но некои од шефовите на државите потпишаа и во име на државите кои беа републики. Поголемиот дел од овластените претставници беа премиери и странски министри.

                                     

1.3. Историја Ратификување

На 12 јануари 2005 г. Европскиот Парламент ја изгласа правно необврзувачката резолуција во корист на Уставот со 500 гласа "за" и 137 "против" и 40 "воздржани".

Договорот од ЕУ мора да биде ратификуван од сите земји-членки пред да стапи на сила. Процесот на ратификација е различен во секоја земја. Тој зависи од нивните традиции, уставни аранжмани, и политички процеси. Повеќето земји-членки ги ратификуваат договорите од ЕУ на традиционалниот начин со парламентарни гласови, додека пак некои, особено Ирска и Данска, одржуваат и референдуми. Како реакција она што беше сфатено како новата природа на Уставот, многумина адвокати и противници на Уставот, тврдат дека тој треба да подлежи на референдуми низ Европската Унија. На 20 април 2004 г. тогашниот Премиер Тони Блер неочекувано вети дека ќе има референдум, предлог што претходно го одби. Дополнителни седум земји-членки објавија или веќе имаа објавено дека ќе има референдуми за Уставот. Овие се Данска, Франција, Ирска, Луксембург, Холандија, Шпанија и Португалија.

На 20 февруари 2005 г. Шпанија прва го одржа референдумот за Устав. 76% од гласачите на референдумот го одобрија уставот, а учество зазедоа единствено околу 43%.

На 29 мај 2005 г. Француската јавност го одби Уставот со минимална предност во гласовите од 55% до 45% на излезеност од 69%. Само три дена подоцна, Холанѓаните го одбија Уставот со минимална предност во гласовите од 61% до 39% на излезеност од 62%.

Независно што Уставот беше отфрлен во Франција и Холандија, Луксембург одржа референдум на 10 јули 2005 г. со што го одобри Уставот со 57% до 43%. Тоа беше последниот одржан референдум за Уставот бидејќи сите други земји-членки кои предложија да се одржуваат референдуми, ги откажаа.



                                     

1.4. Историја По одбивањето на Уставот

По резултатите на Француските и Холанѓанските референдуми, Европските водачи одлучија да одржат "период на размислување" за што да направат следно. Како дел од овој период на раазмислување, беше составена група од "мудри луѓе" за да ги разгледат можните насоки на дејствување. Оваа група од Европски политичари на високо ниво, поранешни премиери, министри и членови на Европската Комисија, прво се сретнаа на 30 септември 2006 г. во Рим.

На 4 јуни 2007 г., оваа група, позната како Групата Амато, го претстави својот извештај. Тие предложија да се воспостави нова меѓувладина конференција со цел да изготви нов договор кој би го преобработил Дговорот за Европската Унија, би го изменил Дговор за воспоставување на Европска заедница би ѝ дала на Повелбата за основни права на Европската Унија правно задолжителен статус. Новиот договор би бил заснован на првиот и четвртиот дел од Уставот, а останатите уставни промени ќе се постигнат преку измени на Договорот од Рим. На состанокот на Европскиот самит во јуни 2007 г. земјите-членки се согласија да ја напуштат идејата за устав и да ги изменат постоечките договори што би продолжиле да важат. Исто така, тие се согласија на детален мандат за нова меѓувладина конференција со цел да преговараат за нов договор што би ги содржал измените на постоечките договори првично Договорот од Рим и Договорот од Мастрихт. Овие преговори завршија кон крајот на годината, а новиот договор кој претходно се нарекуваше "Договор за реформи" стана Договорот од Лисабон кога беше потпишан во Лисабон на 13 декември 2007 г.

                                     

2.1. Содржина Институционална структура

Според Уставот на ЕУ, the Советот на ЕУ формално ќе беше преименуван во "Советот на министри", што веќе е неговиот неофицијален назив. "Советот за општи работи" ќе беше формално одделен од "Советот за надворешни работи" кој неформално и одвоено одржуваше состаноци од јуни 2002 г.

Уставот на ЕУ вклучуваше знаме, химна и мото, што претходно не беа признати со договор, иако ниту една од овие работи не е нова.

                                     

2.2. Содржина Пренесување, супсидијарност, пропорционалност

Уставот на ЕУ ќе потврдеше неколку клучни принципи за функционирањето на Унијата:

  • принцип на пропорционалност: дека ЕУ може единствено да дејствува точно до оној степен кој е потребен за да ги постигне своите цели;
  • принцип на пренесување: дека сите надлежности на ЕУ и се пренесуваат на волонтерска основа од земјите-членки;
  • принцип на супсидијарност: дека владините одлуки треба да се носат на што е можно пониско ниво, а сепак да останат ефективни;
  • Предноста на законот во ЕУ: во области каде земјите-членки склучиле законско обврзувачки договори на ниво на ЕУ, тогаш тие може да не донесуваат државни закони кои не се во согласност со законите на ЕУ.

Уставот на ЕУ ќе прецизираше дека ЕУ е унија од земји-членки, и дека сите нејзини надлежности одговорни области и се пренесени на волонтерска основа од нејзините земји-членки според принципот на пренесување. ЕУ ќе немаше право на надлежности, и така која било недетално објаснета политичка област во Уставот ќе останеше област на суверените земји-членки без оглед на "клаузата за флексибилност" – види подолу.

Според Уставот на ЕУ, ЕУ може единствено да делува т.е. да создава закони кога нејзините земји-членки едногласно се согласуваат дека активностите од независни земји би биле недоволни. Ова е принципот на супсидијарност, кој се заоснова на законски и политички принцип дека владините одлуки треба да се носат што е можно поблизу до луѓето, а сепак да останат ефективни.Тврдењата дека Европа го ограничува националниот суверинитет е главен аргумент, но критичарите велат дека се работи за принцип кој оддава признание само на збор, и во пракса, создавањето на Европска Унија е поамбициозна работа.



                                     

2.3. Содржина Предноста на законот во Унијата

Меѓу Европските земји, Европскиот суд за правда од 1964 г. постојано пресудуваше дека законот на ЕУ има предност над законите на земјите-членки во области каде земјите-членки одобруваат да биде донесен. Државниот закон што не соодветствува со договор кој веќе е склучен на европско ниво, се смета дека е "неприменлив" кога во судовите се отвараат прашања на оваа тема. Овој контроверзен и основен принцип најпрво беше согледан во случајот од 1963 година "Van Gend en Loos" по кој следеше "Costa v. ENEL" во 1964 година.

                                     

2.4. Содржина Заеднички вредности на земјите-членки од Унијата

Имено, како што стои во Членови I-1 и I-2, Унијата е отворена за сите Европски држави што ги почитуваат заедничките вредности на земјите-членки:

  • права на малцинствата
  • слободен пазар
  • еднаквост
  • владеење на законот
  • почитување на човековите права
  • демократија
  • човечко достоинство
  • слобода

Истоа така, земјите-членки изјавуваат дека следниве принципи, преовладуваат во нивното општество:

  • толеранција
  • против-дискриминација
  • солидарност
  • еднаквост меѓу половите
  • плурализам
  • правда

Некои од овие одредби се за првпат кодифицирани во Уставот на ЕУ.

                                     

2.5. Содржина Цели на Унијата

Според Уставот на ЕУ, нејзините цели се експлицитно дадени Член I-3:

  • промовирање на мирот, неговите вредности и добросостојбата на неговиот народ.
  • почитување на лингвистичката и културната разновидност.
  • одржување на слободата, безбедност и правда без внатрешни граници, и внатрешен пазар каде конкуренцијата е слободна и не е изобличена.
  • економско, општествено и териториско поврзување, и солидарност меѓу земјите-членки.
  • одржлив развој што се основа на економски раст и стабилност на цените, висока конкуренција социјална пазарна економија.
  • социјална правда и заштита, еднаквост помеѓу мажите и жените, солидарност помеѓу генерациите и заштита на правата на децата.

Целите на Унијата во поглед на своите односи со поширокиот свет се:

  • да придонесува за мирот, безбедноста, одржливиот развој на Земјата.
  • слободна и фер трговија.
  • строг надзор и развој на меѓународниот закон, вклучувајќи ја почитта на принципите на Повелбата на Обидинетите Нации.
  • да ги потврдува и промовира своите вредности и интереси.
  • солидарност и заедничка почит меѓу луѓето.
  • искоренување на сиромаштијата и заштита на човековите права, особено правата на децата.
                                     

2.6. Содржина Надлежности

ЕУ има шест "ексклузивни надлежности", политички области во кои земјите-членки се согласија дека треба да делуваат исклучиво преку ЕУ, а не донесуваат закони на државно ниво. Листата на овие останува иста од претходните договори:

  • монетарната политика на еврозоната
  • заедничка трговска политика;
  • зачувување на поморските биолошки извори Заедничка политика за рибарство;
  • царинска унија;
  • склучување на одредени, ограничени, меѓународни договори.
  • правила на конкуренција што го управуваат внатрешниот пазар;

Има одреден број на "заеднички надлежности". Тоа се области во кои земјите-членки се согласуваат да дејствуваат независно, но само ако тие веќе не дејствувале преку ЕУ, или ако ЕУ престанала да дејствува иако ова се области каде земјите-членки можат да дејствуваат и на национално ниво и преку ЕУ доколку сакаат. На надлежностите од претходните договори им беа додадени три нови надлежности види подолу.

Постои одреден број на области каде ЕУ може единствено да преземе "активности за поддршка, управување или дополнителни активности". Во овие области, земјите-членки не и пренесуваат какви било надлежности на Унијата, туку се согласуваат да дејствуваат преку Унијата со цел да ја поддржат својата работа на национално ниво. Повторно, на надлежностите од претходните договори им беа додадени три нови надлежности види подолу.



                                     

2.7. Содржина Клауза за флексибилност

Клаузата за флексибилност на ТЦЕ и овозможува на ЕУ да дејствува во области што не се детално дадени во ТЦЕ, туку само:

  • доколку сите земји-членки се согласат;
  • кога ова е потребно за да се постигне договорена цел според ТЦЕ
  • со согласност на Европскиот Парламент; и

Оваа клауза е присутна во законот на ЕУ откако уште од оригиналниот Договор од Рим, со кој се воспостави ЕЕЗ во 1958 година.

                                     

2.8. Содржина Заедничка надворешна и безбедносна политика

ЕУ во догледно време е задолжена за дефинирање и спроведување на заедничка надворешна и безбедносна политика. Текстот на овој член е преземен од постоечкиот Договор за Европска Унија.

                                     

3. Нови одредби

Европско јавно обвинителство

Доколку сите земји-членки и Европскиот парламент се согласат, ќе се создаде одредба за формирање на Европско јавно обвинителство.

Помала комисија

Бројот на членовите на Комисијата би бил намален од 27 на 18 до 2014 година. Би имало помалку комесари така што, една по една, земјите-членки два од трипати ќе номинираа комесари.

                                     

3.1. Нови одредби Правно лице

За првпат, ЕУ има правно лице според ТЦЕ. Ова значи дека таа може да се претставува себеси како единствено тело во одредени околности според меѓународниот закон. Што е уште позначајно, таа може да потпишува договори како единствено телп, а сите членки да се согласуваат со тоа.

                                     

3.2. Нови одредби Нови надлежности

ТЦЕ ќе ги пренесеше на ЕУ областите од видот на територијално поврзување, енергија и вселена, како "нови надлежности". Ова се области каде ЕУ може да дејствува заедно со своите независни земји-членки. ЕУ ги пренесува областите на туризам, спорт, или административна соработка области како нови области на "активности за поддршка, управување или дополнителни активности".

                                     

3.3. Нови одредби Клауза за солидарност

Новата клауза за солидарност на ТЦЕ прецизира дека секоја земја-членка што е жртва на терористички напад или друга катастрофа, ќе добие помош од другите земји-членки доколку побара. Не е наведено каков вид на помош ќе добие. Наместо тоа, ако се појави таква состојба, за аранжманите ќе одлучи Советот на министри.

                                     

3.4. Нови одредби Европско јавно обвинителство

Доколку сите земји-членки и Европскиот парламент се согласат, ќе се создаде одредба за формирање на Европско јавно обвинителство.

                                     

3.5. Нови одредби Повелба за основни права на Европската Унија

ТЦЕ во себе вклучува копија од Повелбата што веќе сите земји-членки на ЕУ ја склучија. Ова е вклучено во Уставот така што самите институции на ЕУ се должни да се усогласат со истите стандарди на основните права. Кога Повелбата беше првично склучена, Британската влада изјави дека Повелбата нема обврзувачки ефект. Повелбата ќе имаше несомнена важност доколку се вградеше во ТЦЕ.

                                     

3.6. Нови одредби Поедноставен жаргон и правни инструменти

ТЦЕ прави напори да го поедностави жаргонот и да го намали бројот на правните инструменти на ЕУ т.е. начините на кои земјите од ЕУ можат да дејствуваат. Меѓутоа, тоа е долг документ кој е формулиран со непознати и технички термини, што се покажа непопуларен кога им беше претставен на пример на Француските гласачи при нивниот референдум за ТЦЕ.

ТЦЕ ги обединува правните инструменти низ политичките области наведени како столбови на ЕУ во претходните договори. Поточно:

  • Со "Конвенциите" на столбот ПЈЦ е завршено и тие во секој случај се заменети со било европските закони било европските рамковни закони.
  • И "Европска регулатива" на столбот за Заедница и "Одлуките" на столбот за полициската и судската соработка во кривичните работи ПЈЦ) се нарекуваат европски закони.
  • И "Заедничките активности" и "Заедничките функции" што сега го сочинуваат столбот за Заедничка надворешна и безбедносна политика се заменети со определби.
  • И "Европските директиви" на столбот за Заедницата и "Рамковните одлуки" на столбот ПЈЦ се нарекуваат европски рамковни закони.
                                     

3.7. Нови одредби Положбата на Министерот за надворешни работи

Според ТЦЕ, улогата на Високиот претставник за Заедничка надворешна и безбедносна политика би била споена со улогата на Комесарот за надворешни работи. Со ова би се формирал нов Министер за Надворешни работи што ќе биде и Потпретседател на Комисијата. Оваа личност би била одговорна за соработката на надворешатата политика низ Унијата, би ја претставувала ЕУ во странство, во области каде земјите-членки се согласуваат да зборуваат со еден глас.

                                     

3.8. Нови одредби Гласање со квалификувано мнозинство

Повеќето секојдневни одлуки ќе се донесуваат со гласање со квалификувано мнозинство во Советот на министри со што ќе биде потребно 55% од мнозинството членови на Советот да застапуваат 65% од мнозинството граѓани. 55% би се покачиле на 72% кога Советот би дејствувал по своја сопствена иницијатива отколку кога би дејствувал според донесениот предлог од Комисијата или Министерот за надворешни работи. Едногласната согласност на сите земји-членки единствено ќе се бара за одлуки поврзани со почувствителни проблеми, како што се: данок, социјална безбедност, надворешна политика, и одбрана.

                                     

3.9. Нови одредби Претседателот на Европскиот Совет

Шестмесечното ротирачко претседателство на Европскиот Совет би се префрлило на претседавач што би бил избран од страна на шефовите на владите, за мандат од 2½ години што само еднаш би можел да се обнови. Самата таа улога би останала административна и неизвршна, но наместо како што денес претседателството го извршува само една земја-членка, тоа би го извршувала една членка избрана од Советот која нему би му поднесувала сметки.

                                     

3.10. Нови одредби Претседател на Советот за министри

Шестмесечното ротирачко претседателство на Советот на министри, кое во моментов се поклопува со претседателството на Европскиот Совет, би се сменил на 18 месечно ротирачко претседателство кое три земји-членки ќе го делеа во обид да обезбедат повеќе континуитет. Исклучокот би бил конфигурацијата на Советот за надворешни работи, со кое би претседавал новоформираниот Министер за надворешни работи.

                                     

3.11. Нови одредби Помала комисија

Бројот на членовите на Комисијата би бил намален од 27 на 18 до 2014 година. Би имало помалку комесари така што, една по една, земјите-членки два од трипати ќе номинираа комесари.

                                     

3.12. Нови одредби Моќта и транспарентноста на парламентот

  • Улогата на државните парламенти: На Државните парламенти на земјите-членки би им се доделила нова улога во анализирање на предложените закони од ЕУ, и тие би биле задолжени да се противат доколу чувствуваат дека еден предлог ја пречекорува границата на усогласените области за одговорност на Унијата. Ако Комисијата сака да го игнорира ваквото противење, таа би била присилена да поднесе објаснување до назначаниот парламент и до Советот на министри.
  • состанување со јавноста: Би било потребно Советот на Министри да се состанува во јавност кога ќе се разговара за сите нови закони. Денес, Советот на министри се состанува во јавност единствно за текстовите кои се опфатени според постапката за заедничко донесување одлуки.
  • Претседател на Комисијата: Кандидат за Претседател на Европската комисија би бил предложен од Европскиот совет, по консултирање со Пратениците на Европскиот парламанет. Европскиот парламент би го избрал и тој би го имал последниот збор.
  • Буџет: Европскиот парламент би го имал последниот збор за годишниот буџет на ЕУ. Замјоделското трошење повеќе не би било оградено би било ставено под контрола на Парламентот.
  • Парламентот како законодавно тело за соработка:Европскиот парламент заедно со Советот во речиси сите политички области, би се здобиле со еднаква законодавна моќ според постапката за заедничко донесување одлуки. Порано, тие ја имале оваа власт во повеќето случаи, но не во сите.
  • Народен мандат т.е. иницијатива: Комисијата е добредојдана да разгледа секаков предлог "за работи за кои граѓаните сметаат дека е потребен правен акт на Унијата со цел да се примени Уставот". Овој предлог ја има поддршката од еден милион граѓани. Се уште не е усогласен механизмот со кој ова би се реализирало. Погледнете го Член I-464 за повеќе детали)
                                     

3.13. Нови одредби Подобрена соработка

Би постоело зацврстување на постоечките правила за "подобрена соработка" онаму каде некои земји-членки би избрале поблиску да дејствуваат заедно, а некои не. Најмалку една третина од земјите-членки сега би биле присилени да учествуваат во каква била подобрена соработка, а би имало и потреба од договор за Европски парламент. Можноста за подобрена соработка би била и проширена кон сите усогласени политички области на ЕУ.

                                     

3.14. Нови одредби Ревизии на договорот

Порано, за измената на договорите било одлучувано на приватен состанок со едногласен договор на Европскиот Совет. Поддржувачите на ТЦЕ тврдат дека какви било измени на Договорот за устав во себе ќе вклучуваат пренесување нова Конвенција, слична на онаа со која претседаваше Валери Жискар Д’естен при изготвувањето на ТЦЕ. Оваа пстапка може да се заобиколи доколку Европскиот парламент се согласи, а во тој случај, последниот збор за усвојување на предлози ќе го има Европскиот совет, кој мора едногласно да се согласи. Меѓутоа, Европскиот совет може да направи мали ревизии префрлање од едногласно гласање на гласање со квалификувано мнозинство во одредени политички области преку така наречената "Пасарелова клауза" Член IV-444 доколку секоја земја-членка се согласи.

                                     

3.15. Нови одредби Клауза за повлекување

Нова клауза во ТЦЕ овозможува секоја земја-членка да се повлече без одново да преговара или без да ги прекрши обврските што ги наложува договорот клауза I-60. Според оваа клауза, кога земјата ќе го извести Советот за нејзината намера да се повлече, во Советот се склучува спогодба со согласност на парламентот. Ако преговорите не се склучат за време од две години, земјата сепак ќе си замине. Опишаната постапка е формализирање на постапката кога Гренланд ја напушти ЕЗ во 1985 година.

                                     
  • Договорот за воспоставување Устав на Европа не е во Франција и Холандија, популарните избори во Ирска од 12 јуни 2008 година, резултатирала со одбирање на Договорот
  • Преспански договор - контроверзен меѓународен договор потпишан од министрите за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, и Македонија, Никола Димитров
  • договор беше потпишан во Брисел на 2 јануари 1972 година додека вториот во Крф на 24 јуни 1994 година. Договор за воспоставување на Устав за Европа Европкси
  • била најбогатата и најмоќната земја во Европа На 3 мај 1791, Полска - Литванија го ратифицира првиот устав во Европа Набрзо потоа, Полска престанува да постои
  • моментов на функцијата Висок претставник се наоѓа Кетрин Ештон. Новитетите од Лисабонскиот договор веднаш беа вклучени во Европскиот Устав кој никогаш
  • галиматијас на докази, да се дојде до една вистина за Македонија и Македонците: самиот термин Македонија станува, во Западна Европа синоним на кулинарски
  • практика Ако биде ратификуван, Договор за основање на Устав на Европа Договорот за основање на Устав на Европа ќе ја укине три - столбната структура
  • дотогашната Молдавска Советска Социјалистичка Република. На 29 јули 1994 година стапил на сила новиот Устав на Република Молдавија. Новата држава веќе била меѓународно
  • говори низ Европа и Северна Америка. Терминот наднационален за првпат се спомнува во интернационален договор поточно во Договорот од Париз, на 18 април
  • Царство а како главна територија за нивно војување била Ерменија. Во 1555 година во Амасија бил потпишан договор за поделба на Ерменија меѓу двете империи

Users also searched:

...