Топ-100
Back

ⓘ Тодор Џунов - македонски правник, универзитетски професор, ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и претседател на Уставниот Суд на Македонија. ..




                                     

ⓘ Тодор Џунов

Тодор Џунов - македонски правник, универзитетски професор, ректор на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и претседател на Уставниот Суд на Македонија.

                                     

1. Животопис

Џунов е роден во кавадаречкото село Ваташа во 1931 година. Во 1954 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје, каде што од 1974 бил редовен професор и декан од 1981 до 1983. Во 1994 станал судија, а во 2000 година претседател на Уставниот суд на Македонија. Бил член или шеф на делегации во меѓувладини тела за водостопански прашања, за меѓународна научна и технолошка соработка со Грција, САД, Велика Британија, за сукцесија на поранешна СФРЈ, на балкански и европски ректорски конференции, на конференции на УНЕСКО, ОН и др., бил арбитер на надворешно-трговска арбитража, а сега е арбитер на Судот за мирење и арбитража на ОБСЕ. Автор е на повеќе од стотина научни и стручни трудови, меѓу кои позначајни се: универзитетски учебник по Меѓународно приватно право четири изданија; "Меѓународно регулирање на користењето на водите" 1979 научен труд со наградата "11 Октомври" 1980, Надворешна политика на СФРЈ и неврзувањето 1989; Збирка закони од МПП две изданија, 1984, 1987 и др. Бил ректор на УКИМ во периодот 1985/86 - 1987/88. Носител е на Републичката награда за научен труд "11 Октомври" 1980, Орден за труд и за заслуги за народ, Златна плакета и статуа "Јустинијан" на Правниот факултет; Плакета на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, универзитетите на поранешна СФРЈ, Софијскиот универзитет, Универзитетот "Мартин Лутер" Хале-Виртенберг, Германија. Починал во Скопје на 1 јануари 2014.

                                     
  • Јордан Арсов 1989 - 1994 Јован Проевски 1994 - 1997 Милан Недков 1997 - 2000 Тодор Џунов 2000 - 2003 Лилјана Ингилизова Ристова 2003 - 2006 Махмут Јусуфи 2006 - 2007
  • Точко - македонски фудбалер. Боро Чурлевски - македонски ракометар. Тодор Џунов - македонски правник. Macedonia vs. Slovakia 0 - 2 Soccerway.com.
  • од Тиквешијата Ристо Џунов 1919 - 2005 - економист, учесник во НОБ Блаже Џунов 1921 - 1944 - партизан од Тиквешијата Тодор Џунов 1931 - 2014 - правник
  • Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, посветен на проф.д - р Тодор Џунов Скопје, 2009 Престанок на пратенички мандат споредбено и во Република

Users also searched:

...