Топ-100
Back

ⓘ Џозеф Свон роден 31 октомври 1828 во Сандерленд, Англија, починал 27 мај 1914 Сари, Англија. Бил физичар и хемичар, познат по создавањето на првата светилка. ..




Џозеф Свон
                                     

ⓘ Џозеф Свон

Џозеф Свон роден 31 октомври 1828 во Сандерленд, Англија, починал 27 мај 1914 Сари, Англија. Бил физичар и хемичар, познат по создавањето на првата светилка.

                                     

1. Животопис

Роден во Сандерленд, северна Англија, во 1828г., Џозеф Свон заработувал за живот од продавница за хемикалии што ја поседувал во Њукасл, а во слободното време вршел сопствени научни истражувања. Тој ја измислил сувата плоча за фотографирање и уште неколку фотографски процеси. Свон исто така ја пронашол првата нишка жичка за светилка во светот. Ова го постигнал кога во раствор од цинкхлорид растворил хартија што впива, а потоа со шприц го прснал овој раствор во алкохол. Преку внимателно јаглеродизирање на оваа нишка без присуство на воздух, тој успеал да ја создаде првата светилка во светот. Многу научници забележале дека кога електрична струја минува низ жица, таа се загрева и свети, па би можела да биде основа за ламбата "без свеќа". Проблемот бил во тоа што кога жичката ќе се усвитела, или ќе се стопела или ќе прегорела. Двајца научници се натпреварувале да ја создадат првата светилка: американецот Томас Алва Едисон и британецот Џозеф Вилсон Свон. Победник во трката бил Свон, во февруари 1879г., со светилка што имала жичка од чист јаглерод, затворена во стаклена топка во вакуум.

                                     
  • Џозеф Вилсон Свон Во февруари 1879 година првата светилка што имала жичка од чист јаглерод, затворена во стаклена топка во вакуум ја пронашол Џозеф Свон
  • социјалниот одговор на филмот Цајтгајст: Додаток Zeitgeist Addendum на Питер Џозеф продолжение на првиот филм Цајтгајст. Токму Цајтгајст: Додаток прв го претстави
  • Исак Њутн, Френсис Крик, Абрахам Дарби, Мајкл Фарадеј, Чарлс Дарвин, Џозеф Свон и Френк Витл. Постојат многу спортови кои биле кодифицирани од англичаните
  • измислени од Џозеф Свон во 1878 година во Велика Британија и Томас Едисон во 1879 година во САД. Светилката на Едисон била поуспешна од онаа на Свон бидејќи
  • џуџиња, самовили и не само други магични видови, туку и многу чуда.Стивен Свон Џонс присуството на магијата го квалификува како карактеристика според која

Users also searched:

...