Топ-100
Back

ⓘ Кримски Планини - планински венец кој се протега напоредно на југоисточното крајбрежје на Крим, на оддалеченост од 8-13 км од Црното Море. На западната страна н ..




Кримски Планини
                                     

ⓘ Кримски Планини

Кримски Планини - планински венец кој се протега напоредно на југоисточното крајбрежје на Крим, на оддалеченост од 8-13 км од Црното Море. На западната страна нагло се спуштаат во морето, на исток постепено преоѓаат во степски предели.

                                     

1. Составни масиви

Составени се од три гребени. Највисок е Главниот, кој се дели на неклку масиви наречени "јајли":

  • Гурзуфска Јајла
  • Никитска Јајла
  • Бабуганска Јајла
  • Ајпетриска Јајла
  • Бајдарска Јајла
  • Караби Јајла
  • Јалтска Јајла
  • Чатирдашка Јајла
  • Демирџи Јајла
  • Долгоруковска Јајла
                                     

2. Врвови

Највисокиот врв во Крим е Роман Кош Роман-Кош, Roman Qos на Бабуганската Јајла, со висина од 1.545 м. Други поважни врвови се:

  • Лапата 1.406 м на Јалтската Јајла
  • Кемал Егерек 1.529 м на Бабуганската Јајла
  • Зејтин Кош 1.537 м на Бабуганската Јајла
  • Еклизи Бурун 1.527 м на Чатирдашката Јајла
  • Демир Капија 1.540 м на Бабуганската Јајла
  • Северен Демирџи 1.356 м на Демирџи Јајла
  • Ај Петри 1.234 м на Ајпетриската Јајла.
                                     

3. Превои

Најважни планински превои на Крим се следниве:

  • Бајдарска Врата кај Форос, кој ја поврзува Бајдарската Долина со морскиот брег
  • Ласписки Превој кај ’ртот Аја, на патот од Јалта за Севастопол.
  • Ангарски Превој кај Перевалне, на патот од Алушта за Симферопол
                                     

4. Археологија

Во пештерскиот систем Буран Каја на Кримските Планини се пронајдени остатоци од најстариот анатомски современ човек во Европа. Фосилите се стари 32.000 години, а придружните предмети се сметаат за поврзани со Граветската култура. На останките се забележуваат засеци од посмртен обред, во кој е сечено месо од мртовецот.

                                     
  • 200 пештери, јами, и пропасти. Има дури 1000 вртачи, повеќе од сите Кримски Планини По составот на карпата се дели на два структурни слоја. Горниот е
  • Кантабриски Планини Баскиски Планини Пиринеи, Алпи, Судети, Карпати, Стара Планина и Кримски Планини во Европа Атлас во Северна Африка, Бетски Планини Сиера
  • полуостров Кримски федерален округ Министерство за кримски работи Федерални субјекти на Русија Автономна Република Крим Кримска војна Кримски Планини Кримска
  • како и на линијата Кримски тролејбус Подрачјето на Алушта се одликува со карпест терен поради близината до Кримските Планини Има остатоци од византиска
  • Динарски Планини или Динариди - планински венец во јужна Европа кој минува низ Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија со Косово

Users also searched:

...