Топ-100
Back

ⓘ Изборна единица 9. Изборната единица 9 - поранешна изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која можеа да гласаат македонските државј ..




                                     

ⓘ Изборна единица 9

Изборната единица 9 - поранешна изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која можеа да гласаат македонските државјани од Азија и Океанија. Од оваа изборна единица се избираше еден пратеник за Собранието на Република Македонија. Заедно со останатите две изборни единици што ја претставуваа дијаспората, беше воведена со измените на Изборниот законик во октомври 2008 година и во неа се гласаше на два парламентарни избори, во 2011 и 2014 година. Со измените на Изборниот законик во ноември 2015 година, Изборната единица 9, заедно со Изборната единица 8, влезе во составот на преструктуираната Изборна единица 7.

                                     

1. Изборни места

И во 2011 и во 2014 година во оваа изборна единица биле предвидени 3 изборни места. Од нив, две изборни места биле во Австралија, а едно во Кина.

  • Пекинг
  • Канбера
  • Мелбурн
                                     

2. Вкупен број регистрирани гласачи

Регистрирани гласачи за изборите во 2011 година беа 798, за изборите во 2014 година - 1.534. Вкупниот број на Македонци во оваа изборна единица се проценува дека се движи околу 200.000.

                                     
  • Изборната единица 7 е изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која е овозможено да гласа македонската дијаспора. Од оваа изборна единица
  • Изборна единица 3 Изборна единица 4 Изборна единица 5 Изборна единица 6 Изборна единица 7 Изборна единица 8 Изборна единица 9 Избори во Република Македонија
  • Изборната единица 8, заедно со Изборната единица 9 влезе во составот на преструктуираната Изборна единица 7. Во 2011 година во оваа изборна единица биле предвидени
  • избори од оваа изборна единица се избираат дваесет пратеници за Собранието на Македонија. Изборната единица 1 опфаќа територија на 9 општини: Општина
  • дијаспората наместо во три, гласаше во една седма изборна единица Првиот пратеник во седмата изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна
  • преку пропорционалниот Донтов систем, при што целата држава беше една изборна единица За пропорционалните листи беше воведен изборен праг од 5 Одзивот
  • избори во 2016 година како втор носител на список на СДСМ во третата изборна единица каде партијата освоила девет мандати. На партискиот конгрес во јуни
  • Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к - 3, АЕ, 96 1 в. Изборна единица 3 - Општина Делчево PDF Посетено на 10 јули 2018. Локални избори
  • Мандати за градоначалници и совет во РМ Локални избори 2017 Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017. Спорт во Општина
  • тоа 8 од Единицата за специјални намени Волци при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало

Users also searched:

...