Топ-100
Back

ⓘ Последното искушение на Христос, филм. Последното искушение на Христос е американски филм од 1988 година, дело на режисерот Мартин Скорсезе. Филмот е снимен спо ..




                                     

ⓘ Последното искушение на Христос (филм)

Последното искушение на Христос е американски филм од 1988 година, дело на режисерот Мартин Скорсезе. Филмот е снимен според истоимениот роман на Никос Казанѕакис. Филмот е снимен во Мароко, а во него настапуваат бројни познати глумци: Вилијам Дефо Харви Кајтел, Барбара Херши, Дејвид Боуви, Хери Дин Стентон итн. За филмот, Скорсезе бил номиниран за "Оскар", додека Херши била наградена со "Златен глобус". На Кајтел пак му била доделена "Златна малина" за најлош глумец на годината.

Во филмот се раскажува животот на Исус Христос и неговата борба со разни искушенија. Иако бил прикажуван со назнака дека отстапува од вообичаениот портрет на Исус и дека не се темели врз евангелието, филмот предизвикал големи критики од страна на христијанската публика.

                                     
  • истоимениот мјузикл во уогата на Исус глуми Тед Нили Последното искушение на Христос - американски филм од 1988 година, дело на режисерот Мартин Скорсезе

Users also searched:

...