Топ-100
Back

ⓘ Бездомници. Книгата е објавена во 1989 година, во издание на издавачката работна организација Култура од Скопје, во библиотеката Современи македонски автори. Кн ..




                                     

ⓘ Бездомници

Книгата е објавена во 1989 година, во издание на издавачката работна организација "Култура" од Скопје, во библиотеката "Современи македонски автори". Книгата е со обем од 20 сантиметри и има 141 страница. Авторот ја посветил книгата на неговите родители, протерани од Егејска Македонија. Ликовното уредување на книгата било на Методија Николовски, а технички уредник била Елена Крстева. Рецензенти на книгата биле Петар Ширилов и Доне Пановски. Книгата била испечатена во Графичката издавачка работна организација "Гоце Делчев" од Скопје.

                                     

1. Содржина

Збирката содржи 12 раскази, поделени во два циклуса. Циклусот "Неумоливи копнежи" ги содржи расказите:

  • Далечниот пријател.
  • Ангелите од Хантош
  • Човекот со туѓо име
  • Во црквата Сен-Пол
  • Балкон

Циклусот "Окаени души" ги содржи расказите:

  • Развод
  • Поздравување
  • Погреб
  • Победа
  • Парно греење
  • Расчекор
  • Унер во експресниот воз.