Топ-100
Back

ⓘ Аспасија и Перикле имале син со име Перикле Младиот, но сите детали за нивниот брачен статус не се познати. Според Плутарх, нејзината куќа станала интелектуален ..




Аспасија
                                     

ⓘ Аспасија

Аспасија и Перикле имале син со име Перикле Младиот, но сите детали за нивниот брачен статус не се познати. Според Плутарх, нејзината куќа станала интелектуален центар во Атина, привлекувајќи ги најистакнатите писатели и мислители, вклучувајќи го и филозофот Сократ. Исто така, се сугерира дека учењата на Аспасија влијаеле врз Сократ. Така, од неа Сократ ја изучувал поезијата, Платон философијата, а Перикле говорништвото. Аспасија била спомената во пишувањето на филозофите Платон, Аристофан, Ксенофонт и други автори од тоа време. Иако таа го поминала поголемиот дел од својот живот во Грција, само неколку детали од нејзиниот живот се целосно познати. Улогата на Аспасија во историјата обезбедува клучен увид за разбирањето на жените на Стара Грција. Многу малку се знае за жените од нејзиниот временски период. Всушност, еден научник изјавил дека, да се поставуваат прашања за Аспасија, е да се поставуваат прашања за половина од човештвото.