Топ-100
Back

ⓘ Medical Subject Headings или MeSH - сеопфатен контролиран речник со цел индексирање на стручни статии и книги од областа на природните науки. Може да служи и ка ..




Medical Subject Headings
                                     

ⓘ Medical Subject Headings

Medical Subject Headings или MeSH - сеопфатен контролиран речник со цел индексирање на стручни статии и книги од областа на природните науки. Може да служи и како лексикон кој помага при пребарувањето. Негов создавач и одржувач е Националната медицинска библиотека на САД и се користи во базите на стручна периодика MEDLINE/PubMed и во библиотечната база на NLM.

MeSH е воведен во 1963 г. и се издавал во печатен облик сè до 2007 г. Оттогаш е достапен само семрежно. Може бесплатно да се прелистува и презема преку PubMed. Денес MeSH е преведен на многу јазици и овозможува пербарување на документи напишани на разни јазици.

                                     

1. Структура на MeSH

Верзијата на MeSH од 2009 г. опфаќа вкупно 25.186 предметни определници анг. subject headings или descriptors. Највеќето содржат краток опис или дефиниција, врски до поврзани определници и список на синоними или многу слични поими, наречени "поими на записот" entry terms. MeSH може да се прегледува како лексикон токму поради овие синоними.

                                     

1.1. Структура на MeSH Хиерархија на определниците

Предметните определници се распоредени во хиерархија. Дадена определница може да се јавува на неколку места во дрвото на хиерархијата. Местата на дрвото имаат систематски ознаки наречени "броеви на дрвото" tree numbers, and consequently one descriptor can carry several tree numbers. На пример, определницата Digestive System Neoplasms "Неоплазми на системот за варење" ги има броевите C06.301 и C04.588.274; C означува "Болести" Diseases, C06 значи "Болести на системот за варење" Digestive System Diseases, а C06.301 означува "Неоплазми на системот за варење" Digestive System Neoplasms; C04 означува "Неоплазми" Neoplasms, C04.588 означува "Неоплазми по места" Neoplasms By Site, а C04.588.274 исто така значи "Неоплазми на системот за варење" Digestive System Neoplasms. Броевите на дрвото за дадена определница се предмет на измена со развојот и надополнувањето на MeSH. Секоја определница има своја единствена азбучноброчена назнака која никогаш не се менува.

                                     

1.2. Структура на MeSH Описи

Највеќето предметни определници имаат кратки описи или дефиниции., кој можат да им се додавааат на определниците за понатамошно уточнување на темата. На пример, "Сипаници" Measles is a определницата, а "епидемиологија" epidemiology е доопределница; "Сипаници/епидемиологија" Measles/epidemiology ја опишува доопределницата за епидемолошки статии за сипаници. Доопределницата "епидемологија" може да се додава на било која друга определница за болести. Постојат комбинации определница/доопределница кои не се допуштени бидејќи таквите немаат смисла. Постојат вкупно 83 различни доопределници.

                                     

1.3. Структура на MeSH Прилози

Покрај определниците, MeSH содржи уште 139.000 прилози Supplementary Concept Records. Тие не му припаѓаат на самиот контролиран речник, туку го збогатуваат лексиконот и содржат врски до најблиската определница за пребарувањето на MEDLINE. Многу од овие записи опишуваат хемиски супстанции.

                                     

2. Употреба во Medline/PubMed

Во MEDLINE/PubMed, секоја стручна статија се индексира со по 10–15 предметни определници, доопределници и прилози, при што некои од нив се укажани како "важни" major и означени со ѕвездичка, со тоа давајќи ги главните теми на статијата. При пребарување на MEDLINE преку PubMed, поимите од записите автоматски се преведуваат на односно пресликуваат во соодветните определници со добар степен на сигурност; се препорачува да се погледа во јазичето Details "Подробно" во PubMed и да се провери како е срочен преводот на бараното. По основно, пребараната определница ги опфаќа сите определници во хиерархијата под неа.

                                     
  • поголема хидрофобност. Поврзани се со појава на атеросклероза. Cholesterol Esters at the US National Library of Medicine Medical Subject Headings MeSH
  • тромбоцитен затворач Коагулација на крвта Сраснување на сврзното ткиво. Hemostasis at the US National Library of Medicine Medical Subject Headings MeSH
  • уринарниот тракт Dysuria at the US National Library of Medicine Medical Subject Headings MeSH Mark B. Mengel L. Peter Schwiebert 2005 Family medicine:
  • скорешни одредници во записите за написи пред нивно внесување во Medical Subject Headings MeSH и ставање во MEDLINE збирка книги достпани во целосен текст
  • Dancers Mind ABC Aust podcast on the nature of proprioception. Proprioception at the US National Library of Medicine Medical Subject Headings MeSH
  • Bibcode: 2002Sci...295.2258F. doi: 10.1126 science.1067338. PMID 11910109. Егзонуклеази во Националната медицинска библиотека на САД, Medical Subject Headings MeSH
  • според договорите на многубројни издавачи со нивните автори. PubMed Medical Subject Headings Beck, Jeff 2010 Report from the Field: PubMed Central, an XML - based
  • Project Teichoic acids at the US National Library of Medicine Medical Subject Headings MeSH Knox KW, Wicken AJ June 1973 Immunological properties

Users also searched:

...
...
...