Топ-100
Back

ⓘ Договор од Хотин. Договорот од Хотин бил склучен по крајот на Битката кај Хотин помеѓу Полско-литванската унија и Отоманското Царство во 1621 година. Со договор ..




Договор од Хотин
                                     

ⓘ Договор од Хотин

Договорот од Хотин бил склучен по крајот на Битката кај Хотин помеѓу Полско-литванската унија и Отоманското Царство во 1621 година. Со договорот бил ставен и крајот на Отоманско-полската војна.

Полско-литванскиот комонвелт бил обврзан да не се меша во внатрешните работи на Молдавија а границите останале исти. Од друга страна било решено Козаците и Татарите да не влегуваат во двете земји и да вршат напади врз населението. По крајот на битката Осман II ги обвинил јаничарите за поразот и сакал да ги трансформира, но бил убиен.