Топ-100
Back

ⓘ Експедиција на Гугунијан претставувала обид од една мала група на ерменски националисти од Русија да започнат вооружен конфликт во Османлиското Царство односно ..




                                     

ⓘ Експедиција на Гугунијан

Експедиција на Гугунијан претставувала обид од една мала група на ерменски националисти од Русија да започнат вооружен конфликт во Османлиското Царство односно во вилаетите каде живееле Отоманските Ерменци.

Водачот на експедицијата Саркис Гугунијан бил загрижен како и многу други Ерменци кои живееле во Русија за нивните браќа кои живееле под деспотската власт на султанот Абдул Хамид II. Во почетокот водачот имал руска поддршка за нападот но многу бргу руските власти му забраниле да прави било какви дејствија без нивна согласност. Но со поддршка од богатите Ерменци во Тбилиси и Баку тој заедно со уште 120 револуционери влегле на османлиска територија во септември 1890 година, но уште при првиот судир се повлекле во Русија.

Кога пристигнале на руска територија тие биле пресретнати од Козаците и упасени. 23 од уапсените биле осуденио на смрт а голем дел од останатите биле пратени на принудна работа на Сибир.