Топ-100
Back

ⓘ Словенечки брег или Словенечка ривиера - крајбрежното подрачје на Словенија, сместен покрај Трстјанскиот Залив на Јадранско Море. Таа е дел од полуостровот Истр ..




Словенечки брег
                                     

ⓘ Словенечки брег

Словенечки брег или Словенечка ривиера - крајбрежното подрачје на Словенија, сместен покрај Трстјанскиот Залив на Јадранско Море. Таа е дел од полуостровот Истра и нејзината должина изнесува 46.6 км. Подрачјето се состои од градовите Копер, Пиран и Изола.

                                     

1. Географија

Крајбрежјето на словенија се протега долж дел од полуостровот Истра и спаѓа во Крајбрежно-крашкиот статистички регион и во историската област на словенечкото крајбрежје. Се граничи со Италија на север, и со Хрватска на југ. Најсеверна точка е местото Дебели Ртич во Коперски Залив; а најјужна точка е селото Сечоле во Пиранскиот Залив.

Подрачјето опфаќа 13 населби, поделени на следниве општини:

  • Општина Пиран со Фиеса, Луција, Парецаг, Порторож, Сеча и Сечовље.
  • Општина Копер со Анкаран и Бертоки.
  • Општина Изола со Добрава и Јагодје.
                                     

2. Сообраќај

Крајбрежјето се состои од пристаништата Копер, Пиран, Луција и Порторож. Железничката станица во Копер е завршеток на релацијата Дивача-Копер, и аеродромот Порторож е сместен близу Сечовле и хрватската граница. Главни патишта овде се патот 111, кој се приклучува на автопатот А-1 до Љубљана и Марибор кај Копер.