Топ-100
Back

ⓘ Часовен рекорд - велосипедски рекорд за најдолго извозено растојание во еден час на велосипед. Постојат неколку рекорди. Најпознат е оној за велосипеди кои ги и ..




Часовен рекорд
                                     

ⓘ Часовен рекорд

Часовен рекорд - велосипедски рекорд за најдолго извозено растојание во еден час на велосипед. Постојат неколку рекорди. Најпознат е оној за велосипеди кои ги исполнуваат условите на Меѓународниот велосипедистички сојуз. Рекордот е еден од најпрестиќните во велосипедизмот. Обидите за часовниот рекорд се вршат на велодром.

Прв забележан рекорд бил во 1876 година, кога Американецот Франк Додс извозел 26.508 километри со старовремски велосипед со големо предно и мало задно тркало. Во 1972 година, Еди Меркс поставил рекорд од 49.431 километар кој стоел 12 години.

Моменталниот рекорд на UCI бил поставен на 7 јуни 2015 година од страна на британскиот велосипедист Бредли Вигинс со извозени 54.526 километри. Часовниот рекорд кај жените изнесува 46.274 километри и бил поставен на 12 септември 2015 година од Американката Моли Шафер ван Хувелинг.

                                     

1. Историја

Поради аеродинамиката, за часовниот рекорд се употребувала иновативна опрема, но ова довело до дебата во велосипедизмот за тоа дали треба да се прифаќаат само рекорди кои се резултат само на вештината, силата и издржливоста на велосипедистот на вообичаен велосипедист или треба да се прифатат промените во дизајнот на велосипедот.

На 7 јули 1933 година, Франсис Форе поставил рекорд од 45.055 км возејќи на лежечки велосипед, но во 1934 година, UCI ја вратила својата положба ги одбила овие велосипеди. Ова довело до две нивоа на рекорди. Во едниот се дозволени само вообичаени велосипеди; овој е надгледуван од UCI. Во другото ниво е дозволен секој дизајн и е надгледуван од Меѓународната асоцијација за човечки придвижувани возила.

                                     

1.1. Историја Часовен рекорд на UCI

Часовниот рекорд е вообичаено постигнуван од друмски велосипедисти кон крајот на нивната кариера. На пример, таков бил случајот со Мигел Индураин Шпанија, Франческо Мозер Италија, Крис Бордман Велика Британија, најнеодамнешниот Јенс Фогт Германија.

Еди Меркс изјавил дека обидот за часовен рекорд бил "најтешката трка која некогаш сум ја имал". Го поставил во 1972 година во Мексико на височина од 2.300 метри.

Во јануари 1984 година, Мозер поставил два рекорди, вториот изнесувал 51.151 км. Ова било прво забележано користење на велосипед со дискови, кои обезбедиле поголема аеродинамика.

Во 1993 и 1994 година, Греам Обри, Шкот кој направил свој велосипед, забележал два рекорди додека неговите раце биле под неговите гради. Во 1996 година, Бордман поставил рекорд користејќи друга положба воведена од Обри, неговите раце напред во положба како "Супермен". Обата биле сметани за контроверзни од страна на UCI, и иако рекордите биле признаени, положбите биле забранети. Обри и Бордман направиле неколку обиди да го претекнат претходниот рекорд.

Со зголемувањето на разликата помеѓу современите велосипеди и она што било достапно во време на рекордот на Меркс, UCI вовела два рекорди:

  • Часовен рекорд на UCI и
  • Најдобар човечки напор - понекогаш означуван како "апсолутен" рекорд на UCI.

Сите рекорди од 1972 година, вклучувајќи го оној на Бордман од 56.375 км во 1996 година биле сметани како најдобар човечки напор. Во 2000 година, Бордман се обидел за рекордот на UCI со традиционален велосипед и извозел 49.441 км, надминувајќи го Меркс за 10 метри - подобрување за 0.02%.

Во 2005 година, Онджеј Сосенка го подобрил резултатот на Бордман на 49.700 км користејќи запчаник 54х13. Со 2 метри височина, Сосенка користел необична положба на седлото и мала височина на рамката за да биде во рамките на одредбите на UCI. Сосенка паднал на допинг-контролата во 2001 година и повторно во 2008 година, што резултирало до суспензија до крајот на кариерата, што го става под сомнение неговиот рекорд.

                                     

1.2. Историја Промена на обединетото правило

Во 2014 година, UCI ги обединила двата пласмани во еден пласман во рамки на одредбите за моменталните велодромски велосипеди. Претходните избришани рекорди на Крис Бордман и Греам Обри ќе бидат вратени, меѓутоа, моменталниот рекорд останал на 49.700 км поставен во 2005 година од Онджеј Сосенка, иако тоа не е најдобриот резултат. Според новите одредби, возачите можат да го користат било кој велосипед одобрен од UCI при обидот за соборување на резултатот. Возачите се обврзани да бидат дел од програмата за биолошки пасош.

По промената на правилото, Германецот Јенс Фогт станал првиот возач кој се обидел да го сруши рекордот, на 18 септември на велодромот Свис во Гренхен, Швајцарија. Поставил нов рекорд од 51.115 км, рушејќи го претходниот рекорд на Сосенка за 1.4 километри. На 30 октомври 2014 година, Матијас Брендле поставил нов рекорд од 51.852 километри во Светскиот велосипедски центар во Егл, Швајцарија.

                                     

2. Развој на часовниот рекорд

Најдобар напор на мажи

Во 2000 година, UCI ги укинал часовните рекорди поставени во периодот 1984-1996, бидејќи се користеле аеродинамични специјални тркала и различни положби на седење, кои не биле во согласност со новите одредби.

                                     
  • и бил дисквалификуван. Во 1994 година, Ромингер го срушил светскиот часовен рекорд на двапати во неколку дена. Го користел велодромот во Бордо за да извози
  • Тони Ромингер. Брендле ги следел неговите чекори во поставување на нов часовен рекорд во Егл, Швајцарија на 30 октомври 2014 година, соборувајќи го рекордот
  • специјалист за хронометар. Во 2015 година го срушил светскиот велосипедски часовен рекорд за 446 метри со растојание од 52, 937 километри. Син на поранешниот возач
  • хронометар со новата екипа. На 8 февруари 2015 година поставил нов часовен рекорд од 52, 491 километар, надминувајќи го рекордот на Матијас Брендле за
  • универзални возачи до денес. Во септември 2014 година поставил нов часовен рекорд пред да се повлече од велосипедизмот. Рекордот бил срушен од Матијас
  • часовен рекорд во Мелбурн. Извозел 51, 3 километри, што било пократко од рекордот 51, 852 километри. Меѓутоа, го сруши австралискиот национален часовен
  • Денис од 52, 491 км, но неговото растојание од 50, 016 км бил нов шведски часовен рекорд Живее во Бесано, Италија, со неговата сопруга Вероника Андреасон, која
  • од најпознатите скокачи во светот. Кајса Бергвист го поставила светскиот рекорд во спортската арена во Арнштат во 2006. Во XIV век, Арнштат бил владеен
  • паѓа на западниот брег. Реинион го држи светскиот рекорд на најмногу врнежи за 12 - 24 - 72 - и 96 - часовен период. Реинион има многу тропски и уникатни плажи
  • сила - час hph мерка за енергија, што се користи во железничката индустрија часовен агол, мерка за аголот помеѓу меридијанската рамнина и часовниот круг што
  • температурата во Бухолц се искачила над 38 степени, што било севременски рекорд во областа. На 1 јули 1972 година, општините Диберзен, Холм, Холм - Зепензен

Users also searched:

...
...
...