Топ-100
Back

ⓘ Улица - врвулица е илустрирана книга од 1989 година, издадена од Детска радост како дел од библиотеката Росица. Илустрациите во книгата ги направил Душан Петрич ..




                                     

ⓘ Улица - врвулица

Улица - врвулица е илустрирана книга од 1989 година, издадена од "Детска радост" како дел од библиотеката "Росица". Илустрациите во книгата ги направил Душан Петричиќ. Сликовницата обработува теми од сообраќајното воспитување на децата и таа била издадена како програмска активност на Републичката самоуправна интересна заедница за предучилишно и основно воспитание и образование и општествена заштита на децата.

Сликовницата била испечатена во печатницата на НИПРО "Нова Македонија", во Скопје. Идејата за сликовницата, дизајнот и ликовното обликување било дело на Александар Цветкоски. Рецензенти на книгата била: Димитар Кондовски, Зоран Ѓуровски и Лилјана Самарџиска.