Топ-100
Back

ⓘ Казино игри. Игрите кои се достапни во повеќето казина обично се нарекуваат казино игри. Во казино игрите, играчите се обложуваат на одреден исход, со коцкање п ..




Казино игри
                                     

ⓘ Казино игри

Игрите кои се достапни во повеќето казина обично се нарекуваат казино игри. Во казино игрите, играчите се обложуваат на одреден исход, со коцкање пари или казино чипови. Казино игрите се достапни и во онлајн казината, во држави каде е законот дозволува. Казино игрите може да се играат за забавни цели и надвор од казината, како на пример на забави или на училишни натпревари, некои дури и на машини кои симулираат коцкање.

                                     

1. Категории

Постојат три општи категории на казино игри: машини, игри на маса и игри со случајни броеви. Mашините, како што се слот игрите и пачинко, се игри каде што игра по еден играч и не е потребно присуство на некој од вработените во казиното. Игрите на маса, како што се блек џек или бакарат, вклучуваат еден или повеќе играчи кои се натпреваруваат против куќата самото казино наместо едни против други. Во игрите на маса се најчесто вклучени вработените на казиното познати како крупиеа. Во игрите со случајни броеви користат компјутерски генератор на случајни броеви за да се изберат случајни броеви. Овие игри може да се играат на маса или со купување на тикети, како што се кено или бинго.

Некои казино игри може да се комбинација на две или три категории на пример, рулетот е игра која се игра на маса со помош на крупие, а вклучува компјутерски генератор на случајни броеви. Казината исто така може да понудат и друг вид на игри, како турнири во покер, каде играчите се натпреваруваат едни против други.

                                     

2. Предност на казиното

Казино игрите обично обезбедуваат долгорочна предност на казиното или "куќата", додека на играчите им нудат можност за краткорочна добивка, што во некои случаи може да биде голема. За некои казино игри, потребно е одредено ниво на знаење и вештини, тоа се игрите каде што одлуките на играчите имаат влијание врз резултатот. Играчите кои поседуваат доволно вештини да го елиминираат долгорочниот хендикеп предноста на куќата во казино игра се нарекуваат играчи на предност.

Причината за недостатокот на играчите е тоа што казиното не ги исплаќа добитните облози според "вистинските коефициенти" на играта. На пример, ако некоја игра се игра со фрлање на коцка и обложување на еден број, тогаш вистинскиот коефициент би бил 5 пати по вложената сума бидејќи шансите за добивка се 1:6, под претпоставка дека играчот ја добива оригиналната сума обложена назад. Како и да е, казиното може да исплати само 4 пати по вложената сума за добиен облог.

Предноста на казиното или "куќата" се дефинира како профитот на казиното изразен како процент од оригиналниот облог на играчот.

Во американскиот рулет, има две "нули" 0, 00 и 36 други броеви 18 црвени и 18 црни. Поради ова, предноста на казиното е поголема во споредба со европскиот рулет. Шансите за победа на играчот, кој обложува 1 единица на црвено, се 18/38, а неговите шанси да загуби 1 единица се 20/38. Очекуваната вредност на играчот е EV = 18/38 × 1 + 20/38 × −1) = 18/38 - 20/38 = −2/38 =.265.26%. Затоа, предноста на куќата е 5.26%. По 10 вртења, обложување по 1 единица на секое вртење, просечната добивка на куќата ќе биде 10 × 1 × 5.26% = 0.53 единици. Европските тркала за рулет имаат само една "нула" и затоа предноста на куќата е еднаква на 1/37 = 2.7%.

Предноста на казиното варира во голема мера во зависност од играта, при што некои игри имаат предност од дури 0.3%. Keno може да има предност до 25%, а слот машините имаат најмногу 15%.

Пресметувањето на предноста на куќата во рулетот е тривијална вежба што за другите игри и не е така. За да се изврши задачата потребна е комбинаторна анализа и / или компјутерска симулација.

Во игрите за кои е потребна вештина, како што се блек џек или шпански 21, предноста на куќата се дефинира како предност на куќата при оптимална игра без употреба на напредни техники, како што е броење карти, на прво делење. Севкупниот број на оптимални игри за сите можни делења е познат како "основна стратегија" и е зависни од специфичните правила, па дури и од бројот на користени шпилови.

Традиционално, голем број казина одбиваат да ги откријат информациите за предноста на куќата во нивните слот игри, и поради непознатиот број на симболи во повеќето случаи е многу потешко да се пресмета предноста на куќата во слот игрите отколку во другите казино игри.

Во игри каде играчите не се натпреваруваат против куќата, како што е покер, казиното обично заработува преку провизија, позната како "рејк".

                                     

2.1. Предност на казиното Стандардни отстапувања

Факторот на среќа во казино игрите се квантифицира со користење на стандардни отстапувања SD. Стандардното отстапување на едноставна игра како рулет може да се пресмета со користење на биномна распределба. Во распределбата, SD = √ npq, каде n = број на одиграни кругови, p = веројатност за победа и q = веројатност за загуба. Според биномната распределба се добива 1 единица за победа, и 0 единици за загуба, наместо -1 единици за загуба, што го удвојува опсегот на можни резултати. Понатаму, ако се обложуваме на 10 единици по круг, наместо на 1 единица, опсегот на можни исходи се зголемува за 10 пати.

SD рулет, облог кај кој шансите за добивка се 50/50 = 2 b √ npq, каде b = облог по круг, n = број на кругови, p = 18/38 и q = 20/38.

На пример, по 10 круга со облог од 1 единица по круг, стандардното отстапување ќе биде 2 × 1 × √ 10 × 18/38 × 20/38 = 3.16 единици. По 10 круга, очекуваната загуба ќе биде 10 × 1 × 5.26% = 0.53. Како што можете да видите, стандардното отстапување е поголемо од очекуваната загуба.

Стандардното отстапување за pai gow покерот е најниско од сите казино игри. Многу казино игри, особено слот машините, имаат исклучително високи стандардни отстапувања. Колку е поголема вредноста на потенцијалната исплата, толку повеќе може да се зголеми стандардната девијација.

Како што се зголемува бројот на кругови, на крајот, очекуваната загуба ќе ја надмине стандардната девијација и ќе биде повеќе пати поголема. Од формулата, можеме да видиме дека стандардната девијација е пропорционална на квадратот од бројот на одиграни кругови, додека очекуваната загуба е пропорционална на бројот на одиграни кругови. Како што се зголемува бројот на кругови, очекуваната загуба се зголемува со многу побрза стапка. Затоа е невозможно играчот да победи на долгорочен план. Токму високиот однос на краткорочното стандардно отстапување и очекуваната загуба ги залажува коцкарите да мислат дека можат да победат.

Важно е казиното да ги знае и предноста на куќата и варијансата за сите нивни игри. Предноста на куќата им кажува колку профит ќе остварат како процент на обрт, а варијансата им кажува колку им пари им се потребни како кеш резерва. Математичарите и компјутерските програмери кои работат ваква работа се нарекуваат гејмерски математичари и аналитичари.