Топ-100
Back

ⓘ Енхедуана, или Ен-хеду-ана, била Акадиска принцеза, како и Првосвештеничка на богот на месечината Нана во сумерскиот град-држава Ур. Таа била првата позната нос ..




Енхедуана
                                     

ⓘ Енхедуана

Енхедуана, или Ен-хеду-ана, била Акадиска принцеза, како и Првосвештеничка на богот на месечината Нана во сумерскиот град-држава Ур. Таа била првата позната носителка на титулата "Ен Свештеничка", улога од голема политичка важност, која беше често давана на кралските ќерки. Енхедуана беше тетка на Акадискиот цар Нарам-Син и е една од првите жени во историјата чие име е познато.

Сметана од страна на книжевни и историски научници за најраниот познат автор и поет, Енхедуана била Првосвештеничка за време на третиот милениум п.н.е. Таа беше назначена за улогата од страна на нејзиниот татко, кралот Саргон Велики. Нејзината мајка била кралицата Ташлултум. Енхедуана оставила зад себе корпус на книжевни дела, дефинитивно припишувани на неа, кои вклучуваат неколку лични молитви до божицата Инана и колекција на химни познати како Сумерските Храмски Химни - кои се сметаат за еден од првите обиди на систематска теологија. Покрај тоа, научниците, како што се Хало анд ван Дијк, укажуваат на тоа дека е можно некои текстови кои не се припишуваат на неа исто така да бидат нејзини дела.

Како поетеса, принцеза, и свештеничка, таа беше личност која, според Вилијам Хало "ги утврди стандардите во сите три од нејзините улоги за многу векови."

По нејзината смрт, Енхедуана била запаметена како важна личност, и можно е дури и да постигнала полу-божествен статус.

                                     

1. Археолошки и текстуални податоци

Енхедуана е добро позната од археолошки и текстуални извори. Две печати го имаат нејзиното име, кои припаѓале на нејзините слуги и кои датираат од Саргонскиот период, биле ископани од Кралските гробишта во Ур. Алабастер диск кој исто така го има нејзиното име и подобие бил ископан во Гипар во Ур, кој беше главната резиденција на Ен Свештеничката. Статуата била пронајдена во Исин-Ларса 2000-1800 п.н.е. нивоа на Гипару заедно со статуа на Ен Свештеничката Енанатума.

Копии на делата на Енхедуана, многу од кои датираат стотици години по нејзината смрт, биле направени и се чуваат во Нипур, Ур и евентуално Лагаш заедно со ројални натписи што укажува дека тие биле од висока вредност, можеби еднаква со таа на натписите на кралевите.

                                     

2. Нејзините книжевни дела

Енхедуана композирала 42 химни посветени на храмовите низ Сумер и Акад вклучувајќи ги Ериду, Сипар и Еснуна. Текстовите се реконструирани од 37 таблети од Ур и Нипур, кои датираат од Ур III и старовавилонските периоди. Оваа колекција е позната главно како Сумерските Храмски Химни. Храмските химни биле првата колекција на својот вид; во нив Енхедуана гласи: "Мој цар, нешто е создадено што никој не го создал претходно." Копирањето на химните укажува дека храмските химни биле во употреба долго по смртта на Енхедуана и биле одржани во висока почит.

Нејзиното друго познато дело Егзалтацијата на Инана е лична посветеност на божицата Инана и исто така го наведува протерувањето на Енхедуана од Ур.

Авторството на Енхедуана го покренува прашањето за женската писменост во древна Месопотамија; во прилог на Енхедуана се знае дека ројалните жени композирале поезија и божицата Ниндаба дејствуваше како писар: "до одреден степен описните епитети на Месопотамските божици ја откриваат културната перцепција за жените и нивната улога во античкото општество".

                                     

3. Список на композициите на Енхедуана

  • Нин-ме-Сара, Егзалтацијата на Инана, 153 линии, едитирано и преведено најпрвин од страна на Хало анд ван Дијк 1968, а подоцна од страна на Анет Згол 1997 на германски. Првите 65 линии се обраќаат на божицата со список на епитети, споредувајќи ја со Ан, врховниот бог на пантеонот. Потоа, Ен-хеду-ана зборува во прво лице и ја изразува нејзината несреќа што била протерана од храмот и градовите Ур и Урук. Ен-хеду-ана моли за посредување на Нана. Линиите 122-135 рецитираат божествени атрибути на Инана.
  • Химна на Нана, едитирана од Вестенхолц
  • Ин-нин са-гур-ра, 274 линии некомплетна, приредена од Сјоберг 1976 со користење на 29 фрагменти.
  • Храмските Химни, едитирани од Сјоберг и Бергман 1969: 42 химни со различна должина, упатени до храмови.
  • Ин-нин ме-хус-са, Инана и Ебих, првин преведена од страна на Лимет 1969.

Поголемиот дел од делата на Енхедуана се достапни во превод. Исто така, се преведени и собрани во една унифицирана наратива од сумерскиот научник Самуел Ноах Крамер и поетесата Диана Волкстајн. Нивната верзија, објавена под наслов Инана, Кралицата на Рајот и Земјата: Нејзините Приказни и химни од Сумер, беше објавена во 1983 година.

Вестенхолц едитирал друга фрагментарна химна посветена на Ен-хеду-ана, најверојатно, од анонимен композитор, што укажува на нејзината апотеоза, станувајќи божество по нејзината смрт.



                                     

4. Надворешни врски

  • The exaltation of Inana: Nin me šar-ra Inana B: translation The Electronic Text Corpus of Sumerian Literature
  • Penn Museum Collections Database
  • Spotlight on the Disk of Enheduanna Penn Museum Blog
  • The En-hedu-Ana Research Pages
  • Biography of Enheduanna
  • Inana and Ebih: translation The Electronic Text Corpus of Sumerian Literature
  • A hymn to Inana: In-nin šag gur-ra Inana C: translation The Electronic Text Corpus of Sumerian Literature
  • The temple hymns: translation The Electronic Text Corpus of Sumerian Literature
  • "En-hedu-Ana: Ornament of the Sky" documentary posted on youtube
  • Enheduanna on Ancient History Encyclopedia
  • The Enheduanna Society The Enheduanna Society
                                     
  • преземале Грците и Римјаните првпат се спомнуваат во преводот на една Енхедуана химна Инана Химна 8 напишана околу 2300. п. н. е. во Сумер. Бројот
  • Тиамат. Најраните познати записи не споменуваат автор. Свештеничката Енхедуана е првиот споменат автор во историјата. Портал: Митологија Предисториски
  • религиски текстови, кои за малку ги надминуваат сумериските химни за Енхедуана Ковчежните текстови претставуваат погребни текстови кои се поврзани со

Users also searched:

...